Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
Што имаат Бризбејн, Бангкок и Берлин заедничко? Сите градови имаат фан клуб за Хофенхајм, што е навистина одлично за новодојденец во Бундеслигата кој имаше само еден официјален фан клуб до 2006.
„Денес имаме 48 фан клубови со преку 1200 фанови. И бројката секојдневно се зголемува“, изјави
Михаел Дил, кој е задолжен за врски со фановите од 2005. Дил работел навистина напорно за да собере фанови за тимот, одел по села и ги убедувал да навиваат за неговиот тим.
„На почетокот, одев од село в село со мојот лап-топ, проектор и микрофон. Им објаснував на фановите на фудбалот по пабови и кафулиња што има постигнато Хофенхајм и што сака да постигне.
Делев и бесплатни билети за луѓето да доаѓаат и да погледнат самите што нуди Хофенхајм. Со тек на време, работите станаа многу подобри“, истакна Дил.
Во 2001, фан клубот Zwinger беше првиот официјален фан клуб на Хофенхајм. Кога Хофенхајм влезе во втората лига, бројката се зголеми на околу 20, но повеќето беа од нивниот регион.
Оттогаш, бројката на фанови значително расте на национално и интернационално ниво.
„Забележавме дека на гостувањата добиваме многу фанови во нашиот блок, луѓето почнуваат да навиваат и за Хофенхајм. Почнаа и домашните фанови да патуваат на гостинските натпревари, на гостувањето во Бремен на пример имавме 500 домашни фанови кои од Хофенхајм дојдоа таму“, потенцираше Дил.
Фановите на Хофенхајм се главно млади, дури и малолетни, па затоа и не прават многу проблеми на гостувањата.
За чудо Хофенхајм освен во Германија има фан клубови и во Бризбејн и Бангкок. Тоа значи дека веќе светот дознава за Хофенхајм и дека освен во Германија Хофенхајм бери фанови и во светот.
Превземено од Таратур.ком(
http://www.taratur.com/node/5619)
Закон се Хофенхајм :bravo::bravo::bravo: