Фан Клуб: Хофенхајм

  • Креатор на темата Креатор на темата Феномен
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
ОВИОТ ГЕРМАНСКИ БУНДЕСЛИГАШ ХОФЕНХАЈМ ПОЧНА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИТЕ НАСТАПИ И ВО ЕЛИТАТА Од Осмата до Првата лига со германскиот Абрамович
Најголемото изненадување во минатата сезона од германската 2. Бундес-лига, Хофенхајм, не запира со изненадувањата. Сензационалниот "селски" тим, како што го нарекоа германските новинари, во премиерата на новата бундес сезона на гостувањето во Котбус се прошета обезбедувајќи победа од убедливи 3:0. Интересно, пред 16 години да им зборуваше некој на жителите на ова мало германско гратче дека ќе играат во Бундес-лигата, сигурно ќе го направеа луд, но денеска Хофенхајм се гордее со својот фудбалски тим. Од Осмата германска лига, Хофенхајм е бундеслигаш, но не само учесник, туку и активен освојувач на бодови.

Дитмар Хоп

Ова е името на главниот "виновник" за подемот на овој куб. Дојде во Хофенхајм да се обиде да направи нешто големо и за негова среќа и радост на локалните жители, успеа. Со неговото доаѓање во екипата, Хофенхајм во сезоната 2000/01 беше во петтата германска лига. Во 2006 година беше третолигаш. За две години мина уште две дивизии и денеска е горд Бундеслигаш.

Дитмар Хоп е милјардер кој е косопственик на софтверскиот конзорциум САП. Го сака фудбалот и најави дека би сакал еден ден да го има најдобриот тим во Германија. Со Хофенхајм почна срамежливо, но како што тоа и се случува кога работи упорноста заедно со парите, Хофенхајм, веќе не е само "играчка".

Селски клуб

Најинтересниот факт во целата приказна за градот Зинсхајм, од кој доаѓа екипата на Хофенхајм, е тоа што ова гратче (го нарекуваат село во Германија) има само 3000 жители. Со тоа веќе одамна стана град-рекордер, затоа што од сите клубови во елитните европски лиги, Хофенхајм доаѓа од најмалиот град. Новинарите не го штедеа многу во нарекувањето "селски клуб", но луѓето од Зинсхајм и оние кои работат во клубот се цврсто убедени дека ќе покажат со резултати како се гради репутација на сериозен клуб.

Хофенхајм во првиот дел од сезоната во Бундес-лигата своите средби ќе ги игра во соседниот град Манхајм, но веќе во пролетниот дел од шампионатот ќе го добие својот нов, модерен стадион, чиј капацитет ќе биде од цели 30.000 места. Изградбата на стадионот го чини "газда" Хоп цели 40 милиони евра. Пред да влезе во елитата Хофенхајм своите средби ги играше на еден мал стадион "Дитмар Хоп" (името го доби по сопственикот на клубот), кој има капацитет од само 6350 места.

Играчи од 11 нации

Хофенхајм не се разликуваше многу од Е. Котбус на премиерата во Бундес-лигата. Ако Е. Котбус минатата, па и оваа сезона, важи за тим во кој има вистински спој на нации, ништо поразличен сега не е ниту Хофенхајм. Сопственикот Дитмар Хоп со своите вложувања се обиде и успеа да направи добар спој на релативно ефтини, но квалитетни играчи кои ќе се обидат со Хофенхајм сезонава да останат во елитата.

Најголема фудбалска ѕвезда во Хофехнајм е Ведад Ибишевиќ (24), босански интернационалец, кој во премиерниот дуел во саботата двапати ја тресеше мрежата во Котбус. Покрај Босанецот, во Хофенхајм има фудбалери и од Чешка,. Турција, Србија, Унгарија, Бразил, Сенегал, Нигерија, Шпанија, Австрија и Германија. Најскапиот фудбалер во тимот е Бразилецот Карлос Едуардо (5 милиони евра), додека вредноста на Сенегалецот Ба е 3 милиони евра. Вкупната вредност на играчкиот погон на Хофенхајм сезонава е само 32 милиони евра.

Во трансфер периодот кој с$ уште е активен, сопственикот Хоп потроши сума од 10 милиони евра за нови засилувања. Најмногу плати за фудбалерот на бразилски Интернационал, Велингтон, 4,5 милиони евра. За Андреас Бек од екипата на Штутгарт Хофенхајм издвои 3 милиони евра. Интересен е и фактот што екипата на Хофенхајм е во просек најмладиот тим во Бундес-лигата, во просек со 23,9 години.

Еве тема и за Хофенхајм.....вака ако продолжат ќе му нема рамен у Германија а еве сеа на полувреме го тепаат Менхенгладбаг 1-0:toe:
 
Добро што отвори тема за клубов. Мислам дека годинава ќе бидат фаци у лигата. Ги имам типувано денес 1 и еве ги водат. Само така.
 
Натпреварот е завршен со резултат Хофенхајм 1-0 Минхенгладбаг овие големо изненадување се од 2 утакмици 2 победи и стрелец Ибишевич тој 3 гола има даено на двава натпревари јас мислам дека ке се борат за излез во Европа.
 
Брат дај пиши нешто шо не знајме, ова сето е од Македонски Спорт ! :tapp:
 
Епа и јас не знам а верувај тоа шо ќе го преведам од википедија ќе биде исто со ова а инаку денес го тепаа Менхенглабдах и може се први на табелата:toe:
 
браво за темава
абе јас ке ја отворев денес ако ти не ја отвореше вчера:wink:

класичен пример за тимов ви е челзи
нема што повеке да се дискутира околу тоа

позз
 
Види ти мајката, од 8 дивизија до бундеслига. Секоја чест, па да ги видиме и во Европа.
 
Друже точно така, али неможеш да го споредиш со Челзи. Челзи си беше тазе во премиер лига, а типот вложувал цели 8 години за да го донесе тимот таму каде што е сега. Да внесеш тим од 8 лига во Бундес за 8 години не е мала работа.

Е сеа типот си има пари милијардер, и ќе си го прави меракот и самиот рекол бил залубен во фудбалот. И јас да сум милијардер и јас ќе го правам истото.

А незнам зошто сите сте толку против Челзи, значи тим ако пред тоа е немал титула и никаков успех во европа не треба да се вложува во нив ? Секако дека треба.

Ако Манчестер и Ливерпул имаат историја, можеби Челзи сега почнува да ја гради. :helou:
 
не брат не ме свати
вака да ти кажам
јас го поштувам составот на челзи и на хофенхајм / ама составот
а единствено според мене што не е чесно фудбалски кај тие тимови е претераното вложување на пари од стана на сопствениците
а затоа како игра тимот сега секоја чест
 
браво за темава
абе јас ке ја отворев денес ако ти не ја отвореше вчера:wink:

класичен пример за тимов ви е челзи
нема што повеке да се дискутира околу тоа

позз

Што го мешаш Челси во тема за Хофенхајм не ми е јасно!!!!!!Каков таков Челси е милион пати подобар од Арсенал а тоа ќе се докаже и сезонава!!!
 
Највише ми се свиѓа во клубов тоа што играат претежно млади играчи!Најверојатно тоа е формулата за добра мотивација и вакви резултати!!!:helou:
 
Луѓе у право е Виктораниус и плус газдата на Хофенхајм не вложува толку како Абрамович :toe:
Само едно ме копка за тимов сеа на сите му е симпатичен а за 1-2 години кога ќе стане шампион у Германија сите ќе го мразат:)
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Хофенхајм 2 победи под ред у Бундеслигата браво браво, :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom