Не. ( си слушнал за..фотошоп на пример? )
Ако тоа што го кажуваш е вистина, тогаш постојат многу докази со кои можеш да го докажеш тоа. Ако не е вистина, тогаш не постојат докази дека не е вистина. Исто така доколку нема докази дека е вистина, тогаш тоа не е доказ дека тоа е е вистина..но поради тоа, и тоа што е речиси невозможно да се докаже непостоењето на нешто со премногу општи податици, следи дека тоа што нема докази за постоењето и вистинитоста на нешто, се зема како тоа нешто да не е вистинито и да не постои. Т.е. не е вистинито се додека не се докаже дека е вистинито.
Тоа што го напишав е само поглед на тоа „каде сме“, и барање, и поттикнување за барање, на докази кои ќе ми докажат дека навистина си од 2036 година. Доколку не ми го докажеш тоа, тогаш јас ќе мислам дека тоа што го пишуваш не е вистина, не поради тоа што шансите некој да дојде од не толку блиска иднина се многу мали, туку поради тоа што нема докази дека тоа што го пишуваш е вистинито. Без докази нема да „поверувам“ ниту дека името од џени грл е Фросина, а ниту дека ти доаѓаш од 2036. ( од ова се гледа дека веројатноста нема влијание на моите мислења, кога постојат доказите )...а со докази, би „поверувал“ дека таткоми е вонземјанин, и би поверувал дека сега јас сум пред компјутер...
И, имаш докази?