Кој рече дека сакам сопруг? Боже сачувај, гризни јазик, каков сопруг, рано ми е да се врзам.
Ама еден ден ќе сакам, коа ќе почне да чука тој саатот од внатре. Биолошкиот. Кога ќе ме фати страв да не ми „избледне“ плодноста и кога ќе ми треба некој да ми ги пази и чува поколенијата, заедно со мене. Ем да придонесува кон материјалните удобности со својата плата, да делиме сметки, да имаме соживот. Кога ќе решам да се смирам и да се посветам на поле: семејство. Ќе сакам зошто ќе ми треба некој да ми хрчи до мене и да ми го тегне ќебето, да ми мрчи зошто нема ручек откако ќе се вратам утепана од `рмбање, да заборава да ми ги собере децата од школо, да ми го моча вецето што јас ќе го чистам, да сака секс кога мене ќе ме боли глава, да гледа фудбал у ударен термин кога ми е шпанската серија, да...
ДОСТА! Не се мажам. Не дур се очекува од мене сама да чистам, да готвам, да чувам деца, да трпам фрустрации, не додека се популарни шпански серии. Дур дојде време јас да се мажам може и ќе се сменат времињата. Ако не се сменат, ќе си најдам покорен маж. Или барем некој со разбирање. Нејќам балканци бре, не го сакам менталитетов. Се ќе бидам, ама домаќинка не. Онаква типична, македонска, напатена. Никако. Ако ни се косат сфаќањата, нека прави деца, па парталите и надвор! Важна е хармонијата во домот.
Јас тотално застранив, ама само си ги искажував стравовите.
На крајот на краиштата, не мора да се гледа толку негативно на бракот, ако го сфатам како врска+документ од матично. Плус деца. Плус заеднички живот. Плус ПМС. По некое време, плус менопауза.
Ај доста, пак ќе се депримирам за иднината ми брачна. Тоwку од мене, кисс4е.