2001 година, кога конфликтот беше во најопасната фаза, ми дојде позив за воена вежба на Криволак.
И нормално како Македонец кој си ја сака земјата своја, одговорив позитивно.
Не се чувствував како патриот.
Имав многу пријатели "патриоти", кои на кафе муабет маме им ебеа на албанците.
Од нив...само троица одговоривме на поканата.
Патриотите...отидоа на село кај баба, на планина во викендичка,во Грција на шопинг или во Бугарија да си купат гардероба.
За мене и моите двајца пријатели, тоа не беше патриотизам....
Туку должност спрема државата.
И би Криволак.....
14 дена под шатори.
И таму патриоти....пун ти курац.
Секој ден се колеа албанци, се рушеа џамии, се палеа градови...
И се тоа помешано со пет шест ракивчиња на маса, и по некое пиво....
И растојание од стотина километри од главните фронтови.
Пак не бев патриот.
Јас само сакав, војната што побргу да заврши.
Десетиот ден, се рашири муабет дека одиме Тетово.
Патриотите почнаа да шушкаат, вртат мобилни...
Едни почнаа да прашуваат колку ќе биде платата...
Други почнаа да го проучуваат законот, за да видат што следува во случај да ја одбијат наредбата.
Третите почнаа да се бунтуваат.
Сите они беа "патриоти".
Тринаесеттиот ден...сабајле во седум часот, ја построија цела резервна војска....
Околу 800 патриоти.
Јас пак не бев патриот.
Дојде еден....чинам дека беше мајор.
Почна да ја објаснува ситуацијата.
Штама....
Сите молчат.
Откако заврши мајорот со говорот, праша:
"Дали има доброволци кои утре би заминале на војните жаришта?"
Знаете колку се пријавија?
Поарно да не кажувам....срам ми е....
А и на вас ќе ви биде срам.
Оние што се пријавија, никогаш не кажаа дека се патриоти.
Најголемите патриоти...на муабет....останаа со наведнати глави.
И зато пиздим коа некое пишлиме од 15 години тука на форумов, ќе каже "ти не си ја сакаш државата".
И зато пиздим коа некој тука на форумов, мисли дека е најголем патриот, ако албанците ги нарече Албанци, или грците гејци.
Или некој кој Македонија во 15 години еднаш ќе ја види...ми каже дека Јас не сум Македонец.
Патриотизмот не се коментира.
Патриотизмот се осеќа.
патриотизмот се докажува на дело.
А не со чукање во гради...и драпање м*да по форуми.