Може кеса?

  • Креатор на темата Креатор на темата Daftie
  • Време на започнување Време на започнување
D

Daftie

Гостин
Често се случува, одам во продавница, купувам кафе и цигари, плаќам, и...прашувам: може кеса?
А, уште почесто во КАМ маркетите, како штедат на кеси, тоа е чудо!
Денес баш бев, кесите ги чуваат долу позади каса, и на секој муштерија му даваат толку колку што ТИЕ(касиерите) мислат дека е потребно. На човекот пред мене "му требаа" две, но продавачот по грешка извади три кеси од кои две беа тие со логото од маркетот, односно поцврстите. На човекот му даде една таква и една обична, ме виде мене(и што имам купено) и ја врати таа па извади друга(од обичните).
Бреее!
Откога знам за кам маркет ми се случува ова, или па, ќе купам два сока од литар ипол и ми дава една обична кеса:uvo:
-Може уште една кеса, не живеам баш блиску, може да ми се скине?
-Не бе, терај, не се кине!
-Абе дај ми кеса, на кеси ли штедите?!
-Ајде, еве ти, ама немаше шанса и оваа да ти се скине...

Имате ли вакви искуства и колку ова ве иритира?
Мене МНОГУ!
 
Не.. од страхопочит мора кеса да ми даваат :)
 
Хехехехеехех милијардна порано и во тинекс и тедико и во кам и во помали продавници кај што купувам пијалок било каков ми дава обична кеса за две дволитарски горски нема смисла будала работа незнам што им е проблемот со тоа колку помалку ги услужуваат купувачите толку помалку купувачи ќе имаат
 
Ептен добра работа е што не даваат кеси оти ако си кренал на пазар си можел од дома да си земиш и торбичка за пазар ем посигурно ти е ем нема да ја загадуваш околината абе луѓе се затрупавме од најлонски кеси по улиците:uvo:
 
Абе секој ден ми се случува тоа и порано многу ме иритираше,ама јас и за ситница барав кесе,а имам ташна /ранец и можам внатре да го ставам . Е тоа што и кисело млеко и влошки ке ти ги бутнат едно до друго тоа е сосема друго. Фаца две три ајт пат пред тебе :)
Додека можам без кеса носам. За се друго имам специјално торбиште :) Ем јас ем скржавото газде ем природата задоволна. Се додека не станат кул хартиените кеси.
 
И јас сум за хартиени кеси.

Ех, мрдната беше Пандура, ама убаво си праеше.
Иде у Веро и си зима од дома кеса, Верото и е на 1-2km и кесата не да ја стутка, си ја пафта. Интересен е и фактот што и кесата што ја зимаше од дома и беше од Веро.
 
Затоа ќе си одите со точак(со кошница) на пазарење или со количка. Ко мене. Олдскул. :icon_cool
 
Сеи бе, да мислам да не ми го дигне точакот некој албанец(обично го заклучувам за тркало, нема за што), јас со ролерки идам, ама ако купувам нешто поише обавезно ранец си носам.
 
Досега среќа не сум имал проблем со кесите:)
Кога и да барам ми даваат, а и продавницата блиску ми е па ништо чудно и торба да си земам од дома.
 
Јас во една продавница немам влезено 5 години затоа што кеса не ми дадоа. Секогаш одам до продавница со точак и купив се сеќавам шеќер во прав, цигари и кафе. И велам на типкава Може кеса? и ми вика: Ееее, за тоа ли кеса? Кај ќе заработам јас ако давам кеси на сите?:nesvest:
Па да му се сневиди, пола денар им е кеса. Ако за пола денар осиромашува, што да каже татко ми што за секој пациент просечно троши по 100 денари за материјали?
Добро што секогаш кога купувам им давам до знаење дека сум со точак и ми даваат кеса.
 
Јас пак им ги враќам кесите, чисто од еколошки причини. Нема потреба најлони да мафтам накај дома. Затоа си имам една многу фенси торба со ликот на Ајнштајн:)
 
Обично кога пазарам кесите се секогаш лесно достапни за сам да ги земам па така по потреба зависно од тоа колку имам испазарено толку кеси земам дури и често сите работи ги напикувам во една кеса.


Инаку противник на најлонот сум и одвај чекам да се воведат и да станат задолжителни хартиените кеси.
 
Јас во една продавница немам влезено 5 години затоа што кеса не ми дадоа. Секогаш одам до продавница со точак и купив се сеќавам шеќер во прав, цигари и кафе. И велам на типкава Може кеса? и ми вика: Ееее, за тоа ли кеса? Кај ќе заработам јас ако давам кеси на сите?:nesvest:
Па да му се сневиди, пола денар им е кеса. Ако за пола денар осиромашува, што да каже татко ми што за секој пациент просечно троши по 100 денари за материјали?
Добро што секогаш кога купувам им давам до знаење дека сум со точак и ми даваат кеса.
Meне ми се случи истово пред некои 10 години. Најредовни муштерии во продавницата... одтогаш немам влезено, ни моите. Е па нека размисли сега...

т.е. полошо беше во мојот случај. Имав 50 денари во мене, купив леб и какао кои фаќаа 49 денари. И му викам дај кеса. Продавачот ми вика: Уште 2 денари за кесата и викам немам уште денар. После ми вика: Е па одбери или купи го какаото или врати се дома по 1 денар за да ги земеш работите

Не купив ништо. Си заминав и оттогаш немам влезено
 
бреј будали луѓе:uvo: значи бројот на “згрешени„ луѓе во светот се повеќе и повеќе се зголемува наместо да се намалува.Море значи еден ден ќе видиш некој будала ќе се моча на сред улица,:pos2: дејди,дејди македонијоо..:uvo:
 
бреј будали луѓе:uvo: значи бројот на “згрешени„ луѓе во светот се повеќе и повеќе се зголемува наместо да се намалува.Море значи еден ден ќе видиш некој будала ќе се моча на сред улица,:pos2: дејди,дејди македонијоо..:uvo:
Кесите ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom