Престолонаследникот на бугарскиот престол, принцот Кардам, се наоѓа во кома предизвикана од повреди на главата, со кои принцот се здоби по тешка автомобилска несреќа во Мадрид. "Пациентот има тешка повреда на мозокот", изјави доктор во мадридската болница во која е сместен принцот.
Принцот Кардам, кој е најстар син на кралот Симеон Саксобурготски, со автомобилот удрил во стебло на мадридскиот автопат, по што од силниот удар возилото се превртело на покрив.
Со принцот се возела и неговата сопруга, аристократката Мириам Унгриа, која се здобила со полесни повреди.