50 евра за плукање на улица!

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Леандра...не си во право за плукањето ( зборувам за луѓе кои го прават тоа од потреба а не заради гнасна навика )...а тоа за плукањето во шамивче не ти држи затоа што ќе треба цело време да го носам таквото гнасно шамивче со мене ( бидејќи како шо и сама знаеш корпите за отпадоци кај нас треба со свеќа да ги бараш ) :)...сигурен сум дека и ти и сите други луѓе од време на време плукаат на улица ( на пример ти влегува прашина во уста заради ветар и слично )....иначе како шо реков и во предходниот пост , и јас сум за казнување ако се фрлаат отпадоци по улица ( често ми се случува да го носам до дома тоа шо е отпадок бидејќи нема корпа кај да го фрлам )
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
И за ова ли прашање треба да се споредуваме со друга земја Наташа:)
И те како треба да се споредуваме,ако сме веќе тргнале на пат кон „чисто„ :) Не дека не ми смета,и те како ми смета поради тоа плукање никогаш не ни влегувам со чевли во стан,но реално да гледаме на законот е само уште еден смешен обид народот од заол да го претвараме во паол.Еве и ја ќе предложам еден закон:За секое плукање во марамче,и марамчето сместа фрлено на под 18,50 евра.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра...не си во право за плукањето ( зборувам за луѓе кои го прават тоа од потреба а не заради гнасна навика )...а тоа за плукањето во шамивче не ти држи затоа што ќе треба цело време да го носам таквото гнасно шамивче со мене ( бидејќи како шо и сама знаеш корпите за отпадоци кај нас треба со свеќа да ги бараш ) :)
Ти плукаш,ти ќе си го носиш:smir:Што сум јас крива па да газам во твоите плуканици.
За корпите ја претерувате:)кажав и претходно,ќе си го поносиш некој чекор и ќе го фрлиш,гарантирам со глава дека има поставено или контејнер или корпа.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И те како треба да се споредуваме,ако сме веќе тргнале на пат кон „чисто„ :) Не дека не ми смета,и те како ми смета поради тоа плукање никогаш не ни влегувам со чевли во стан,но реално да гледаме на законот е само уште еден смешен обид народот од заол да го претвараме во паол.Еве и ја ќе предложам еден закон:За секое плукање во марамче,и марамчето сместа фрлено на под 18,50 евра.
Треба прво во својот двор да си погледнеме,овде живееме сакаме да ни е чист,барем за ова прашање е смешна споредбата,бидејќи не не интересира дали другите плукаат или не.Јас дома не плукам на тепих,ти плукаш?(вака испадна твоево прашање,што ми мења мене дали плукаш или не:))
Токму тој закон е и воведен,да плукнеш во марамче,а тоа да го фрлиш во корпа за отпадоци,не измислија топла вода:)
И од цел закон се фативте само за плукањето,кое не е во ред,што е со останатите точки.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Леандра...изгледа не се разбираме во муабетов...не се работи само за плукањето како плукање...во случајов со новиов закон , ми се прекршува правото на слободно живеење и делување...просто да се изразам шо значи слободно живеење и делување...да можеш да живееш и делуваш на начин како шо тебе ти одговара без при тоа да го загрозуваш на било каков начин слободното живеење и делување на другите...значи во случајов со плукањето...ако некој плука од потреба со тоа не ги крши правата на другите и плус не ја ни загадува околината како шо тоа се прави со фрлањето на отпадоци од било кој вид...оти ако тргниме од лични интереси дали нешто шо другите го прават ни смета или не нигде нема да стасаме...да резимирам...ако тебе ти смета тоа шо некој плука е твој проблем и не смее поради тоа да се забрани слободното живеење и однесување на единката се додека тоа не го загрозува живеењето и однесувањето на другите единки...малку забегав офтопик ама незнам како на друг начин да ти објаснам
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Конечно нема да ми биде страв кога ќе поминувам на улица некој да не го фрли мрсулот на мојата патика!
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Треба прво во својот двор да си погледнеме,овде живееме сакаме да ни е чист,барем за ова прашање е смешна споредбата,бидејќи не не интересира дали другите плукаат или не.Јас дома не плукам на тепих,ти плукаш?(вака испадна твоево прашање,што ми мења мене дали плукаш или не:))
Токму тој закон е и воведен,да плукнеш во марамче,а тоа да го фрлиш во корпа за отпадоци,не измислија топла вода:)
И од цел закон се фативте само за плукањето,кое не е во ред,што е со останатите точки.
Со вакви смешни закони (дај Боже да профункционират,што нема шанси)само замарат.
На отворените простори на јавните објекти освен на местата определени за фрлање и оставање на смет се забранува фрлање и оставање на предмети од домаќинството, лисја, гранки, палење, закопување и уништување на смет, како и сечење и складирање на дрва, јаглен и слично. За прекршување на овие одредби предвидено е глоба во износ од илјада до две илјади евра, за одговорните лица во правните лице и глоба во износ од 50 евра за физички лица.
Никаде не прочитав 50 евра фрлање на марамче,ете дупка во законот фино лепо ке си плукнете во марамче и спушти го неприметно на замја.Ем волкот сит,ем овците на број.Зошто едноставно не се рече дека законот е г`зозамарачки,и така народот има еден куп поголеми проблеми кои државата треба да ги реши.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Хмммм..чудна работа со луѓево колку се со двојни стандарди против плукањето на улица...сигурен сум дека сите кои зборуваат против тоа барем неколку пати плукнале на улица
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Птоломеј те разбирам дека од потреба плукаш,но ти укажувам и решение како нема да влијаеш на другите.Јас не сум онаа што влијае на другите туку ти,затоа никој не ти забрани да плукаш,туку ти укажува како да го направиш тоа без да им го загадуваш просторот на другите.Ако сите плукаат поради свој причини,кнки треба да си купиме:)
Земчо бе:pos2::pos2:
едит:Наташа марамчето влегува во смет,а смет на јавен простор се казнува.Знам дека имаме многу проблеми,но и еколошките проблеми ни се на врвот од листата,јас сум за подигнување на јавната свест,но ако тоа не бива на ниту еден начин,тогаш да се удри по џеб,тоа сигурно ќе профункционира.

Никогаш не научив да плукам,иако сакав поради здраствени проблеми.Само викам пу без плунка,треба подетално да објаснам:)
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Хмммм..чудна работа со луѓево колку се со двојни стандарди против плукањето на улица...сигурен сум дека сите кои зборуваат против тоа барем неколку пати плукнале на улица
Никогаш немам плукнато,не пушам по улица,не фрлам отпадоци..од моја чиста култура.Работата е тоа потрошено време за донесување на законот,можеле да го искористат за нешто покорисно и пореално.Кога се почнува да се гради куќа се почнува од темел,а не од кров.Кога насекаде по улиците има ѓубре да се сопнеш од него,зошто би ни сметала една плувачка :toe:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Птоломеј те разбирам дека од потреба плукаш,но ти укажувам и решение како нема да влијаеш на другите.Јас не сум онаа што влијае на другите туку ти,затоа никој не ти забрани да плукаш,туку ти укажува како да го направиш тоа без да им го загадуваш просторот на другите.Ако сите плукаат поради свој причини,кнки треба да си купиме:)
Земчо бе:pos2::pos2:
Ама така е...неколку пати ми се има слученои тоа онака од петици...ама ај си викам да не се расправам со постар чоек ама :toe:и јас понекогаш плукам на улица кога ми е затнат носот но браво за законов само се надевам дека ќе се казнува нема само така фиктивно да стои
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога се почнува да се гради куќа се почнува од темел,а не од кров.Кога насекаде по улиците има ѓубре да се сопнеш од него,зошто би ни сметала една плувачка :toe:
Ама вие стварно го вадите законов како против плукање.Точно е започнат од темел,па се до кров.Потребен е и закон за селекција на отпад,кој ќе се применува целосно.
Кога се ќе профункционира,здравје боже ќе имаме чиста животна средина.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Леандра...веќе реков и погоре дека апсолутно се сложувам со тоа шо се донесе ваков закон...требаше и порано ова да се направи бидејќи факт е дека за ваква стока од народ кој шо го имаме само удирање по џеб му е мајката за да се научи на ред...а тоа шо се фатив за плукањето е бидејќи нема никаква логика и тоа да биде вметнато во законот бидејќи фрлање ѓубре и плукање на улица се 2 различни работи..па кој како сака нека мисли
П.С. Ко шо реков и предходно...баш да го видам тој маж кој ќе проба да ме казни ако плукнам на улица ( нормално дискретно а не како шо вели Земчо да му `ркнам еден зелен на патика ) ..хе хе хе
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Ама вие стварно го вадите законов како против плукање.Точно е започнат од темел,па се до кров.Потребен е и закон за селекција на отпад,кој ќе се применува целосно.
Кога се ќе профункционира,здравје боже ќе имаме чиста животна средина.
:)

А да се извадеше прво законот за селекција на отпадот,па после за плукање?Барем мене така ми се чини да ќе е редоследот...
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Леандра...веќе реков и погоре дека апсолутно се сложувам со тоа шо се донесе ваков закон...требаше и порано ова да се направи бидејќи факт е дека за ваква стока од народ кој шо го имаме само удирање по џеб му е мајката за да се научи на ред...а тоа шо се фатив за плукањето е бидејќи нема никаква логика и тоа да биде вметнато во законот бидејќи фрлање ѓубре и плукање на улица се 2 различни работи..па кој како сака нека мисли
П.С. Ко шо реков и предходно...баш да го видам тој маж кој ќе проба да ме казни ако плукнам на улица ( нормално дискретно а не како шо вели Земчо да му `ркнам еден зелен на патика ) ..хе хе хе
Верувај ќе се најде таков маж...има право и Наташа за селекцијата на отпад но еве кај мене одамна веќе го има тоа...посебно место имаме и за хартија и за пластика,прочитав сега ќе ги миеле и поправале контењерите но време беше и околу екологијава малку...имено нема пушач или се многу ретки оние кои отпушокот го фрлаат во корпа...па добро посебно во летниве месеци кога државава врие од странци какви импресии ќе понесат од овде...без сомнение ова е европски закон :smir:...браво за Владата!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom