Црвенковски и Груевски во војна

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Црвенковски: Ќе му ја исполнам желбата на Груевски да се соочиме на избори

Претседателот Бранко Црвенковски денеска излезе со одговор на обвинувањата од страна на Владата на неговите одлуки за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и непотпишувањето на шесте закони, истакнувајќи дека се неосновани оти тој единствено го почитувал Уставот, од кој произлегува неговото право да помилува обвинети. Црвенковски истакна дека неговиот единствен и примарен мотив, и покрај, како што рече крупните морални дилеми, за овие одлуки било нормализирање на парламентарната демократија во земјава и враќaње на опозицијата во Собранието.
“Секој оној кој не гледа на ова како на проблем кој треба да се реши, не знае што е демократија и не сака да ја види Македонија во ЕУ и НАТО. Зошто премиерот Никола Груевски не покрена никаква иницијатива и не покажа елементарна загриженост за ваквата состојба“, рече претседателот Црвенковски на денешната прес конференција.
Во однос на обввинувањата за преседани од страна на Црвенковски, претседателот на државата јавно му упати прашање на премиерот Груевски, зошто не го споменува “најгоемиот преседан во историјата на македонското судство кога Судскиот кривичен совет во два наврати преиначи одлука на надлежниот истражен судија?“.
“Господине Груевски, еден поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 1998 изјави: ’Сега кога конечно ја грабнавме власта, никој никогаш нема да ни ја земе и ќе владееме во следните 100 години’. Топло ви препорачувам да не влегувате и вие во таков филм, бидејќи бидете уверени дека и вашиот ќе заврши исто како и претходниот“, рече Црвенковски.
Во контекст на јавниот повик од Груевски до Црвенковски да се кандидира на претседателските избори за да се соочат, претседателот истакна дека ќе му ја исполни желбата, но не на претседателски, туку на парламентарни избори.
“Ќе се соочиме на парламентарни избори кога и да се одржат. Ви ветувам дека вистинската политичка битка за вас, допрва почнува “, му порача претсеадтелот Црвенковски на премиерот Груевски.
Тој воедно потврди дека по истекување на неговиот претседателски мандат се враќа и активно ќе учествува СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја афирмира политиката на партијата, без неговото враќаќање во редовите на СДСМ да го условува со раководна функција во партијата. Во однос на можноста за надминување на блокадата во Собранието, Црвенковски рече дека спикерот Вељановски на првата наредна седница да ги стави петте спорни закони (Указот за законот за јазици вчера веќе претседателот го потпишал) и парламентарното мнозинство да ги изгласа повторно.
“Истиот ден јас ќе ги потпишам указите“, рече Црвенковски.
Тој и спикерот на Собранието денеска ќе одржат средба на оваа тема, но претсеадтелот на државата не сакаше однапред да дава коментар. Во врска со, како што рече, медиумската кампања против него и хистеријата во изминатите две недели од страна на досега непознати т.н. невладини организации, претседателот порача:
“Ако имате намера да ме уплашите, ако имате намера со ваков притисок да ме замолчите се обраќате на погрешна адреса. Баталете ја таа работа, не губете време, не трошете пари и енергија залудно. Оваа политика која ја спроведувам е политика во која верувам и од која јас нема да отстапам“.
 
Член од
7 февруари 2005
Мислења
688
Поени од реакции
76
Ќе го направи мало дете хехехехехехехехехе.Гуевски против Црвенковски најголемиот Оратор во Државата...Нешто што ќее за гледање дефинитивно!!!!
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Si isplasil kako kurvice.:)
Ne na pretsedatelski, ami na pralamentarni.
Dzapal pak nesto pred da zboruva.:pos2:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ајде...уште Бранкова ренесанса state-of-mind луѓе да видам... Мада, ич нема да ме чуди. И ден денес има грешни души што во ЉуБчо се крстат. Зошто другите да останат покусо?!

А третите, предлагам да научиме гоблен да веземе.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
значи забавата почнува.... ај да го видиме и тоа чудо// само што ке нема :tv: дуели ,грујо бега како гавол од тв дуели.......
е сега ми е појасно зошто ЗЗ доби аболиција( елиминација од БЦ) опасен е нема што.... само што ке везиме Коњи на поило , и двајцава вода нема да ни дадат
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Si isplasil kako kurvice.:)
Ne na pretsedatelski, ami na pralamentarni.
Dzapal pak nesto pred da zboruva.:pos2:
Не бе точно си кажал човекот..зар не гледаш дека си го чисти патот кон лидерското место во сдсм.:vozbud:
Тој веќе и настапува како лидер на партија.:toe:
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ovoj sto zel pred da dade vakvi izjavi?

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:


Siroto Zajce, go proglasi za vinoven za da mu go zeme predsedatelskoto mesto na partijata sto izumira :nenene:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Бране да не гледал некои цртaни од сабајле и пиел џони вокер? не му верува веке него народот сите знаат каков е и ондак то он на следните избори опет ке го папа:pusk: а и до тогаш би требало да се распадне сдс ама лепи одма нова партија ке напраи не е проблем за него
 

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
Па да ви кажам право според некои потези како ги влече Груевски ништо чудно да го закопа БЦ следните избори. Ме мрзи сега да елаборирам, ама ептен дрва недоделкани довлечкаа ВРМРО-вцине. Разбирам јас дека мора да вработат партиски војничиња, ама вработи го бе падар таму у селото му родно, не го носи за заменик министер?! А Груевски, то ест ВМРО ако ги изгуби следните парламентарни избори и тоа од БЦ, нека не се надеваат на победа во следните тричетириесет години. Слушајте ме шо ви велам!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
Ovoj sto zel pred da dade vakvi izjavi?

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:


Siroto Zajce, go proglasi za vinoven za da mu go zeme predsedatelskoto mesto na partijata sto izumira :nenene:
за сирото ке видиме , ама само Заев му е лек на Гуевски , и тоа со пичина ,до крајот на 2008 се ке се знае.
пс. јас сум барем искрен не го сакам БЦ иако сум сдсм ,туку кога вие ке се откажете од војводата Љубчо (БЦ ЉГ= елементарна непогода за Македонија)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Бранко пак се наљокал и си рекол "е сеа, ке им кажам кој е главен шизик у партија"... :pos2:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
за сирото ке видиме , ама само Заев му е лек на Гуевски , и тоа со пичина ,до крајот на 2008 се ке се знае.
пс. јас сум барем искрен не го сакам БЦ иако сум сдсм ,туку кога вие ке се откажете од војводата Љубчо (БЦ ЉГ= елементарна непогода за Македонија)
Никола Поповски или З.З можеби ќе беше лекот, но во СДС не смее никој да мисли различно од шефот, затоа што ќе биде политички умртвен.

П.С Се надевам дека некој ден и Љубчо и БЦ ќе си ги тријат грбовите под туш во Идризово.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Не бе точно си кажал човекот..зар не гледаш дека си го чисти патот кон лидерското место во сдсм.:vozbud:
Тој веќе и настапува како лидер на партија.:toe:
Muppet Show!:)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
Никола Поповски или З.З можеби ќе беше лекот, но во СДС не смее никој да мисли различно од шефот, затоа што ќе биде политички умртвен.

П.С Се надевам дека некој ден и Љубчо и БЦ ќе си ги тријат грбовите под туш во Идризово.
е кога и двајцата ке се таму Македонија ке оди напред а ко сакаат може и :pusk: да си прават
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
за сирото ке видиме , ама само Заев му е лек на Гуевски , и тоа со пичина ,до крајот на 2008 се ке се знае.
пс. јас сум барем искрен не го сакам БЦ иако сум сдсм ,туку кога вие ке се откажете од војводата Љубчо (БЦ ЉГ= елементарна непогода за Македонија)

Branko ke mu dojde do ak na G'uevski na parlamentarni...samo togash ke bide vistinskata bitka.A site znaeme kako pomina Glubcho taka i ovoj...samo mi izglea po se ovoj najkatastrofalno ke izgubi duri i pogolem poraz od SDSM vo 2006ta.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom