bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Димитар Миладинов, по потекло етнички влав (родителите му потекнуваат од бегалци од Москополе), до своите пријатели Наум и Николаки Роби, исто така власи, пишува дека Македонците се пелазги. Инаку Роби и Миладинови биле терани од руските дипломати да се декларираат kako бугари и да создаваат бугари во Македонија, со цел создавање голема Бугарија, која би била руска колонија, со што Русија ќе си овозможи излез на солунското пристаниште зимно време (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441). Руските пристаништа зиmе биле замрзнати и неупотребливи, па и требало некое друго пристаниште употребливо зиме. Бугарските црноморски пристаништа во 19 век не биле атрактивни, оти Турција го контролирала Босфор и не дозволувала премин на руски бродови. Османлиците го осудиле Димирар Миладинов по обвинение дека работел како руски агент за создавање Бугари во Македонија (Никола Трајков. Братја Миладинови..., с. 217.).
Еве го преводот на пимото, инаку напишани на грчки јазик, зошто Миладинов со своите пријатели и сонародници власи секогаш комуницирал грчки. Д. Миладинов ги кара браќата Роби (Робевци) да не покажуваат јавно нетрпение кон Македонците, зошто и тие биле вклучени во руската шема за создавање Бугари. Од друга страна јасно е дека и руските пропагандисти за ширење на бугарска народност во Македонија биле свесни за пелазгиското потекло на Македонците, како најстар народ на Балканот. Пелазгите се најстариот народ коj го населувал овoj простор.
Прилеп, 20 август 1857 г.
Димитар Миладинов
До:
Господа Наум и Николаки А. Роби,
Преку словeно-грчкиот помошник-учител, кој одеше за Кукуш, Ви пишав и нарочно му порачав да Ве поздрави на бугарски (словенски). А вие само сте кимналe со глава, одговарајки му на поздравот. Но ние ќе се скараме ли сo пелазго-словенскиот народ?
("Братја Миладинови – преписка", стр. 35 ред. Никола Трајков, Б'лгарска академија на науките, Институт за историја. Издателство на БАН, Софија 1964).