Златна средина

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Многу пати го употребуваме овој израз, е сега мене прашањево ми е:

Дали вие се раководите по правилото за златна средина или знаете да одите во екстреми и да претерувате?

Дали верувате дека ништо не треба да е претерано и дека златна средина е најубава?

На пример: Рамнодушност за се во животот и нервирање за секоја ситница. Златната средина е наоѓање некој компромис меѓу две екстреми.

Вие?
Дали припаѓате во оние кои често знаат да претеруваат во своето однесување или пак наоѓате компромис и се наоѓате некаде во средината?
 
Многу пати го употребуваме овој израз,е сега мене прашањево ми е:

Дали вие се раководите по тоа златна средина или знаете да одите во екстреми и да претерувате?

Дали верувате дека ништо не треба да е претерано и дека златна средина е најубаво?

На пример: Рамнодушност за се во животот и нервирање за секоја ситница.Златната средина е наоѓање некој компромис меѓу две екстреми.

Вие?
Дали припаѓате во оние кои често знаат да претеруваат во своето однесување или пак наоѓате компромис и се наоѓате некаде во средината?

Да, најдобра би била златната средина во секоја ситуација.
Ама јас сум многу избувлива личност, која не знае ни З од златна средина, така што, за мене овој поим е непознат, а уште помалце не знам ни да го користам во пракса.
И да, стално претерувам во моето однесување. За било што, во било која ситуација, ненормално избувнувам.
 
Овој поим за мене е непознат. Одам од крајност во крајност за било која работа во животот.

Рамнодушна не се ни сеќавам кога воопшто сум била, најчесто се нервирам за се`, макар да е тоа и најмала ситница која воопшто не треба да ме засега.
Спротивно па, секогаш се докажува дека кога не се замарам полесно поминувам во животот, но карактерот си е карактер, се обидов, не успеав поинаку да ги доживувам работите.
 
toa zlatnata sredina e dosadna rabota bajagi...za mene
 
:helou:Златната средина за мене значи ,ни многу горе ни многу долу ,целиот живот се трудам да ја одржувам ,мислам дека успевам во тоа ,задоволна сум смирена,сега особено го чувствувам тоа . за мене најважна е хармонијата со себе и со лугето околу тебе, а златната средина ти го овозможува тоа .:smir:
 
Златна средина? Зависи во која ситуација, некогаш златната средина не ме задоволува, па мора да се оди кон екстремноста. Но сепак тоа се реткости и ситници, кои ја даваат финесата. За нервирање не се нервирам, бидејки кога сакам нешто знам да се потрудам да го добијам. А и доколку не оди се по планираното.... вака или онака знам да бидам задоволен и среќен со она што го имам :smir:
 
Најдобриот избор, во најголемиот број ситуации. Проблемот е во тоа што јас се плашам да ја одберам. Имам некоја глупа идеја во главата, дека златна средина одбираат неодлучни луѓе кои не знаат што сакаат. Освен тоа, делува досадно. Она, да го правиш истото што и сите останати. Затоа понекогаш во дефицит на време, одбирам или едното или другото, без да преспијам. И дури и да излезе дека сум се решила на полошата варијанта, не признавам бе. Арно ми е мене. Само да не е средината, а тоа што сум го избрала секако ми е добро. :icon_lol:

Ај, ќе пројде.
 
Златна средина...варијанта која од понудените најмногу ја мразам,а за жал ја употребувам,зависи од ситуацијата.Некогаш најлогична ми е,ама воглавно ја мразам и ја одбегнувам,гледам да се држам строго определено, или сум на добрата страна или на лошата,да нема средина,зошто искрено и мразам едноставни и лесни решенија,а златнава средина многу ми личи на таква,како да не можеш да се определиш на едно,како да е претешко да се заземе страна,па мораш да удоволиш да има по малку од двете.

Ми доаѓа златнава средина слично како утешна награда,а утешни награди мразам,или се или ништо,ако не може да го имам тоа што го сакам,подобро да немам ништо,одколку нешто што е слично на тоа што го сакам,ама сепак различно.
 
Темава ме потсети на часовите по философија во средно кај професорката Гордана (кој учел во ЈБТ, знае за кого зборувам). Учевме токму за идејата на „златна средина“ која ја застапува Аристотел, и јас одговарав за тоа. Гоца ме праша што мислам за тој став и јас распалив дека оние кои се застапници на оваа теорија, никогаш не можат да почувствуваат вистинска среќа. Бидејќи само оние кои одат во крајност, ги доживуваат вистинските емоции. Кога тажат- тажат, ама и кога се радуваат, на нивната радост и` нема крај. И добив 5-ка :helou:.
 
Во ретки случаеви ја сакам златната средина, во глобала ја мразам...
Јас како типечен екстремен а можеби и најекстремен случај секогаш одам во крајности. Значи или барам се...или ништо и повеќе ќе сум среќна со ништото отколку со златна средина.
Нешто златнава средина ми е како неодредена позиција, како да не знам кај припѓам и затоа сум рекла- Или се или ништо, а трошки благодарам не...

*Ова зборувам за мене инаку златната средина е супер, да не бидам погрешно сфатена :smir:
 
Зависи, обично знам да одам во крајности со емоциите. Односно моите емоции да одат до крајности. Рамнодушна никогаш не сум била, но затоа, за нервирање за ситници можам докторат да направам.

Што се однесува до одредени аспекти или однесување, ја применувам, зашто сметам дека се што е претерано не е добро.
Претерана љубомора, претерано пиење, претерана срамежливост....
Во тие ситуации од животот, гледам да си држам златна средина.

Но, тоа е затоа што ситуациите во животот можам да ги контролирам, моите емоции не можам.:toe:
 
Гледам да се движам околу средината, но сепак се обидувам и некогаш за повеќе. Никогаш не се знае што може да се случи и да не успее тоа што го сакам барем ќе си останам на средината. Но сепак мислам дека вреди да се цели и повисоко како што викаат други ако не пробаш нема да знаеш.
 
Гледам да се движам околу средината, но сепак се обидувам и некогаш за повеќе. Никогаш не се знае што може да се случи и да не успее тоа што го сакам барем ќе си останам на средината. Но сепак мислам дека вреди да се цели и повисоко како што викаат други ако не пробаш нема да знаеш.
Секако...златната средина си е...златна средина :) али сепак луѓето колку и да се добродушни, секогаш сакаат повеќе...пробувам да бидам slightly над средината, нејкам засекогаш да бидам average (просечен)...
 
чат-пат претерувам.
чат пат терам во златната средина.
чат-пат не терам никаде
 
Ретко претерувам во нешто. Ако забележам дека одам натака, престанувам и сум си во хармонија. Така да, златна средина, bitte.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom