Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Размислував пред некој ден и ме интересира што мислите вие.
Дали злобата е релативна?
Дали злобен човек е оној кој вас ќе ви наштети или нанесе зло, а ако некој ваш близок (пријател, роднина) наштети некому тоа не го сметате за злобен потег и не го ставате вашиот човек во категорија злобни луѓе?
Дали тој што ви нанесе вам зло го осудувате за постапката, а го оправдувате ли вашиот близок во злобната постапка?
Дали некогаш би/сте учествувале во некој план НАМЕРНО да наштетите и повредите некоја особа и притоа самите на себеси да си го оправдате тоа?
Дали би рекле дека злобата е универзална или релативна? И дали зависи од човекот и неговата постапка?
Дали сте објективни кога оценувате нечии подли постапки или зависи од тоа како стоите со таа особа?
Имам забележано дека има луѓе кои доколку ним некој им наштети, ја замразуваат таа особа, а ако они направат нешто со намера да повредат некој - тогаш тоа е оправдано.
Значи овде не збориме за случајно наштетување, туку за постојано повредување и наштетување на другите со цел да се повреди некој.