Реакција!
Калиопи до крај и останува верна на својата публика
Земајќи ги в предвид написите и шпекулациите без кои очигледно не може да помине ниту еден евровизиски избор во Македонија, Калиопи Мјузик Продукција како официјален правен застапник на Калиопи во јавноста и Калиопи се оградуваат од било какви изјави и коментари по однос на изборот, пред се заради опасноста од нивно вадење од контекст на кажаното, со што само се доведува во прашање одржаниот избор и се создаваат неосновани ставови и впечатоци кај пошироката македонска јавност.
Исто така би сакале да потенцираме дека временото повлекување на Калиопи од сите јавни настапи и манифестации во Македонија се должи пред се на нејзината престојна балканска турнеа, а никако не заради своевиден протест или револт кон однесувањето на малубројните навивачки табори во Универзалната Сала, зошто тие не се олицетворение на македонскиот народ кој секогаш досега умеел да ги препознае и почитува вистинските вредности и квалитет.
Калиопи токму преку своите следни концерти во Македонија секогаш до крај ќе и остане верна на својата публика и на своите обожаватели.
Со почит,
25.02.2009,
Скопје Калиопи Мјузик Продукција
А, зошто тогаш се откажала од Бубамара?
И вечер баш да не има балканска турнеја па не можела да отиде?