Калиопи

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Како и да е утре ќе биде интересно да се чита Вест.Инаку да ја поштував жената и како пејачка и како се,ама после изборов на Евросонг кога успеа за само 3 минути да си ја упропасти цела кариера малку си го спуштив мислењето на земја кон неа.А ако е ова сигурно што го изјавила тогаш утре сите со вест во рака и нема да гледаме Зграпчи го денот туку ќе читаме како калиопи се резили-оти како што кажа некој претходно:
АКО МАКЕДОНИЈА НЕМА ВЕЌЕ ДА ЈА ВИДИ НЕА-СУПЕР НИТУ МАКЕДОНИЈА САКА ДА ЈА ВИДИ НЕА ПОВЕЌЕ.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
А знаете што ќе биде најстрашно па од утре?
Познавајќи ја КАЛИОПИ, ќе бара да се спрема проштална забава, па тоа ќе бидат спектакли во Македонија, ќе се слави испраќањето во сите градови, села, нејзината омилена Универзална, и на крај на аеродром - верувајте дека тоа ќе го направи за крај
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
А знаете што ќе биде најстрашно па од утре?
Познавајќи ја КАЛИОПИ, ќе бара да се спрема проштална забава, па тоа ќе бидат спектакли во Македонија, ќе се слави испраќањето во сите градови, села, нејзината омилена Универзална, и на крај на аеродром - верувајте дека тоа ќе го направи за крај
Нека прави што сака.Ако е вистина ако стварно ова го изјавила,ама и4 не ме боли што ќе прави она.Е сеа дали народов ќе ни биде толку смотан и ќе и прави некои проштални забави тоа тек ќе видиме:tapp:
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Ја почитував како голем музичар се до изборот на Евросонг во саботата.За една никаква Евровизија да си ја упропастиш кариерата ? :nesvest:
А ако е точно тоа што го изјавила,па нека си оди,на кој му е гајле за неа :tapp:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
ако не друго, утре барем Вест ќе се купува ненормално
а ако дозволи Калиопи кариерата да и се уништи заради една Евровија, алал да и е
јас кај неа поштовам само глас, а песните не баш 2-3 ако и се добри и не ќе ми фали многу и да си отиде, но вака покажува колку е нестабилна личност, да излезеше и да им честиташе на победниците, сигурно нема да беше повторно исвиркана, па публиката можеби повеќе го пцуеше жирито кое гласаше за неа, а не за нивните фаворити:toe:

Инаку вчера го слушав на радио оној Петар од Метрополис или Сити радио, незнам кое беше, кажуваше дека ја подржува Калиопи и дека потполно ќе ја сфати доколку не сака да се појави повторно на сцената или да стапне во земјата и тој ќе биде првиот што ќе и подаде рака и незнам како уште ги нарече тие 15-16 годишни деца кои ја исвиркувале во универзална.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
јас гласав за Калиопи на првото полуфинале:kesa: и сега ми е криво. Ама стварно мислев дека е една од подобрите на тоа полуфинале.
КАЛИОПИ СИ ГИ БАРАМ ПАРИТЕ НАЗАД, НЕ ИЗЛЕЗЕ НИ ФАЛА ДА МИ КАЖЕШ И НА МЕНЕ И НА СИТЕ ШТО ГЛАСАА ЗА ТЕБЕ.
Како треба да се чуствуваат тие што добија помалку од неа од публика, а оние што не добија ич гласови?
Или тие се под наша голема Калиопи.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Еве на кратко што вели Вест:

Во наредниот период Калиопи се повлекува од сите јавни настапи во Македонија, а за неа отсега ќе дознаваме само од балканските медиуми. Таа го откажа вечерашниот настап на „Златна Бубамара“, а во наредниот период нема да дава изјави за весници и да гостува во ТВ емисии.

Откако завршил Скопскиот фестивал, Калиопи иако обично расположена, од тогаш како да пропаднала во земја не дигала слушалка. Таа предизвикала контроверзии и со настапот во рекламата 24/7 остваруваме на Владата.

Поради револт кон некултурата во Универзалната сала, Калиопи се налути, велат нејзините пријатели. Во моментот подготвува голема балканска турнеја, смешка каква што беше Скопскиот фестивал не и ни треба, велат нејзините блиски соработници и колеги.

Од блиски пријатели на Калиопи Вест дознава дека по целата еуфорија таа е мирна и спокојна. Таа им се доверила дека во догледно време нема да застане на сцена со ниеден македонски изведувач, а исклучок ќе биле нејзините солистички концерти.

... ова е главно, а за другото ќе си прочитате во Вест.
... инаку, срамота е ова, нема да се појавува никаде затоа што Универзална сала (шупа од 100 седишта) и свиркала. И после таа била поп-дива. Ма ајде молим ти се. :tapp:
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Еве на кратко што вели Вест:

Во наредниот период Калиопи се повлекува од сите јавни настапи во Македонија, а за неа отсега ќе дознаваме само од балканските медиуми. Таа го откажа вечерашниот настап на „Златна Бубамара“, а во наредниот период нема да дава изјави за весници и да гостува во ТВ емисии.

Откако завршил Скопскиот фестивал, Калиопи иако обично расположена, од тогаш како да пропаднала во земја не дигала слушалка. Таа предизвикала контроверзии и со настапот во рекламата 24/7 остваруваме на Владата.

Поради револт кон некултурата во Универзалната сала, Калиопи се налути, велат нејзините пријатели. Во моментот подготвува голема балканска турнеја, смешка каква што беше Скопскиот фестивал не и ни треба, велат нејзините блиски соработници и колеги.

Од блиски пријатели на Калиопи Вест дознава дека по целата еуфорија таа е мирна и спокојна. Таа им се доверила дека во догледно време нема да застане на сцена со ниеден македонски изведувач, а исклучок ќе биле нејзините солистички концерти.

... ова е главно, а за другото ќе си прочитате во Вест.
... инаку, срамота е ова, нема да се појавува никаде затоа што Универзална сала (шупа од 100 седишта) и свиркала. И после таа била поп-дива. Ма ајде молим ти се. :tapp:
Значи Вест=рекла казала:pos2:Па јас очекував да видам дека Калиопи лично и персонално изјавила такво нешто, па тогаш да си кажам став.Вака од нејзини пријатели(прашање колкави пријатели) и не е баш многу веродостојно да се коментира.
Сепак неможам да и го разберам револтот.Ако таа дозовли поради еден Скопски фестивал да си уништи 25 годишна кариера тоа е лудост.Плус мислам дека е свесна да сфати дека универзална беше полна со навивачки групи и дека секој навиваше за својот миленик.И крај на крај па Универзална собира 1500 луге.Тоа не е вистински репрезент на македонската публика.Не знам зошто трауматизира без причина.:toe::toe:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Значи Вест=рекла казала:pos2:Па јас очекував да видам дека Калиопи лично и персонално изјавила такво нешто, па тогаш да си кажам став.Вака од нејзини пријатели(прашање колкави пријатели) и не е баш многу веродостојно да се коментира.
Сепак неможам да и го разберам револтот.Ако таа дозовли поради еден Скопски фестивал да си уништи 25 годишна кариера тоа е лудост.Плус мислам дека е свесна да сфати дека универзална беше полна со навивачки групи и дека секој навиваше за својот миленик.И крај на крај па Универзална собира 1500 луге.Тоа не е вистински репрезент на македонската публика.Не знам зошто трауматизира без причина.:toe::toe:
Тој делот дека нема да настапува никаде го има изјавено Васил Зафирчев.

Абе не ми е јасно во 2006та славеше 25 години на македонската музичка сцена, а денес изјавува дека Македонија не сака да ја види повеќе. Како може да се резили до толку. Да паѓа на едно ниско ниво заради еден смотан Евросон.

Таа добиваше почит заради нејзината долга кариера и добриот глас (кариера која повеќе е од времето на златно славејче). За 28 години кариера има (само) 4 албуми и еден во живо (Калиопи, Љубљана 1986; Рођени 1988; па пауза 11 години Обоиме,1999; Aко денот ми е ноќ, 2001 и Најмила 2002 кој е албум во живо од стари песни). Јас 3-4 песни нејзини знам и таа ми е лик за патетика, ништо повеќе.
Само 4 албуми? :uvo:

Инаку, многу ме изнервира во едно интервју, за последниот албум, кога ја прашаа: Зошто албумов нема да излезе и на македонски?, а оваа одговора: Од истата причина бидејќи икс песни не биле преведени и на српски. :uvo::uvo: Алоооо, она македонка е или што е? Упс, таа не сака во наредниот период да настапува тука.

Калиопи ја почитувам само зошто има добар глас, но не ми е нешто посебно и ич не ми се допаѓа. Од неа ми се допаѓаат се вкупно 3 песни, останатите не и ги ни памтам.

П.С. Абе 5 да не се на Калиопи албумите, во 2003 го има издадено Не ми го земај времето. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ве молам не ја компарирајте со Тошка. Не заслужува ни трошка вредност. Се е веќе кажано. Со сила и закани неможеш да направиш некого да сакаш. Публиката го кажа своето. Ако не ти се допаѓа, тогаш Србија е на север и пријатно.



Среќен пат!
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192

Се прашувам како може толку лесно да се откаже од Македонија?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Вака не дека сум некој фан на Калиопи далеку од тоа но донекаде ја разбирам после она што се случи ни крива ни должна оти во сета оваа спанска серија најголеми виновници се МРТ оти за настан кој буди толку голем интерес е несфатливо да картата чини само 200денари оти во 2002г истата беше 1200ден. што значи дека денес таа требаше да биде во мала рака 1500ден. е во тој случај секакви сељачишта ќе немаше во публика оти тешко дека истите тие урлачи ќе издвоеја толку пари а и ова требаше да биде културен настан а не локален селски натпревар во мал фудбал па сите да пцујат судијата,овој сељачки настан го виде не само МКД туку цел свет па одлично се претставивме во право светло.Мислам дека таму секој урлаше на секој што не е негов фаворит што е трагично само по себе.Некој вели дека зошто не се појавиле после се на сцената па кој е тој нормален човек после се да се појавува на место на кое некои исфрустрирани луѓе отворено му рекле да си оди од тука?
И да морам да признам дека и на мене воопшто не ми се допадна песната али сепак треба да се испочитува секој оти секој вложил труд,време и енергија па излегол на сцена не дошол таму случајно како што очигледно некој таму залутаа.
Искрено се надевам дека ова ќе биде поука за во иднина и тоа пред се за организатор добро да подразмисли што и како ќе го ова организира кој се ќе прима во публика напросто не може секој да биде таму.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Aма тоа што се случуваше во универзална се случуваше и пред ТВ приемниците, сите урлавме за неправедните поени кои и беа дадени на Каљопа
на сите ни е јасно дека таа е толку вообразена и дека гази се пред себе за да ја оствари целта, не сака да признае пораз, не сака да честита на некои што ја победија, а камоли она да победеше и така да не и честитаа?
НЕ И Е СРАМ, срам ми е што е Македонка исто како и јас
Не сакала веќе да настапува никаде, зашто, од страв? Не не сака нас Македонците или зашто?
А ќе давала интервјуа за балкански медиуми, не и е срам, не потценува како народ, а што е со публиката што гласала за неа
Невиден срам и пропаст на една и не така интересна кариера
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Иди во Загреб, таму ќе те пречекаат боље, биди "сигурна"

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПО СВИРЕЖИТЕ НА ЕВРОСОНГ КАЛИОПИ ГИ ОТКАЖА СИТЕ НАСТАПИ ВО ЗЕМЈАТА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Македонија нема да ме види[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За сите планови и случувања на Балканско ниво и пошироко јавноста ќе дознава од тамошните медиуми. Калиопи нема да се појави на ниту една јавна манифестација во Македонија, ниту во наредниот период ќе запее на иста сцена со други македонски изведувач[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Калиопи се повлекува од сите јавни настапи во Македонија, а јавноста за неа од сега ќе дознава само од Балканските медиуми. Поп-sвездата нема да настапи на вечерашната "Златна Бубамара на популарноста", ниту во наредниот период ќе запее на иста сцена со други македонски изведувачи. Нема да дава изјави за весници и нема да гостува во Тв емисии.
Ова е официјалниот став на "Калиопи мјузик продукција" и "Аворд продукција", која стоеше зад настапот на Калиопи на домашниот "Евросонг" во дуетската песна со Наум Петрески "Рум дум дум", која беше избрана за второпласирана минатата сабота во Универзалната сала. Уште пред настапот на Домашниот "Евросонг", Калиопи на прес конференција изјави дека ако овој пат не победи, за неа ќе биде последен пат да се натпреварува за "Евровизија".
- За се што се случи во саботата навечер, нашиот коментар е молк. Калиопи утре патува за Загреб, и за сите планови и случувања на Балканско ниво и пошироко јавноста ќе дознава од тамошните медиуми. Се додека не ги изреализираме сите планови од агендата за наредниот период: концерти, промоции и гостувања низ поранешна Југославија, Калиопи нема да се појави на ниту една јавна манифестација во Македонија. Таа нема да настапи ниту на вечерашната златна Бубамара на популарноста", ни изјави вчера во телефонскиот разговор сопругот на Калиопи Васил Зафирчев кој е уметнички директор на "Калиопи мјузик продукција". Зафирчев нагласи дека повлекувањето подразбира и дека Калиопи нема да настапува за ниту една политичка кампања.
Откако за само еден поен, фаворитите на поголемиот дел од стручното жири, Калиопи и Наум не успејаа да станат наши евровизиски претставници во Москва, поп-дивата како во земја да пропадна. Веќе неколку дена, музичката sвезда која до скоро важеше секогаш достапна за медиумите и расположена за муабет, не крева слушалка.
"Поради револт и протест кон некултурните табори на младите изведувачи кои ја исвиркаа во Универзалната сала, Калиопи се повлече и лута е", велат скопските чаршиски муабети. "Евровизија е мала работа за име какво што е Калиопи. Во моментов кога подготвува голема балканска турнеја, смешка каква што беше Скопскиот фестивал не и ни треба", велат нејзините блиски соработници и колеги.
Сепак, од блиски пријатели на Калиопи дознаваме дека по целата еуфорија, таа е сосема мирна и спокојна. Поп-дивата им се поверила дека во догледно време нема да застане на иста сцена со ниту еден македонски изведувач, а има многу такви кои таа по 32 годишна кариера не може да ги нарече ниту колеги. Исклучок ќе бидат солистичките концерти на Калиопи кои ќе ги организира за нејзината публика и обожаватели. "Калиопи во саботата од македонскиот народ беше каменувана, исто како што се каменувани многу светски познати историски личности. Таа постојано од соработниците и пријателите од целиот Балкан добива и-мејлови со поддршка. За вкусовите не се расправа. Дуетската песна со Наум можеби не беше најдобра, но беше најоригинална", ни раскажаа блиски на Калиопи.
- Не можам да ви дадам никаква изјава. За се што ве интересира обратете се во "Аворд" продукција. Победничката песна не можам да ја коментирам, затоа што песните ни ги слушав со внимание", ни рече Наум Петрески, кој за разлика од Калиопи е достапен на мобилниот телефон, но ниту тој не дава коментари.
Утре во Загреб Калиопи ја чека состанок со светски познатиот лаутист Един Карамазов, за да ги финализираат деталите околу заедничкиот албум со стара музика од целиот свет кој го подготвуваат. На 29 март е првиот голем солистички концерт на Калиопи во Загреб, а неколку дена пред тоа, на 25 март таа ќе одржи концерт во Будва. До крајот на годината, на агендата се и концерти во Белград, Сараево и Љубљана и едно гостување во Русија. Наскоро, та ќе снима дует со босанската фолк легенда Халид Бешлиќ.
Во септември, во издание на "Аквариус рекордс", таа го издаде албумот на Хрватски јазик "Желим ти речи". "Овој албум го посветувам на мојата земја, која ме одгледа во космополитски дух. Името и е Македонија", напиша Калиопи на обвивката на албумот како посвета.
Изминативе месеци, таа имаше успешни промоции на албумот во Белград и Загреб. "Поп- кралицата која ја испеја антологиската "Бато", по 20 години ни се врати во Србија", напишаа српските весници по промоцијата во декември.
Калиопи музичката кариера ја започна на 9 години, со победата на детскиот фестивал "Златно славејче". Со групата "Калиопи", 1985 година учествува на фестивалот "Опатија" и од страна на акредитираните новинари на Југославија добива награда за најдобра интерпретација за песната "Лео". Со групата и нејзиниот тогашен продуцент и сопруг Ромео Грил издава уште еден албум. Во најголемата популарност на ниво на попранешна Југославија таа се пресели во Швајцарија.
Соло камбекот во Македонија и се случи во 1999 година, со албумот "Обои ме". Следуваат уште 4 студиски албуми, една компилацина од најдобри хитови, музика за балет, филм и театар, документарни филмови и повеќе видео изданија. Калиопи е добитник на признанието Мајка Тереза за 2004 година. Беше претседател на Здружението за авторски музички дела "Шпато", и Претседател на Советот на ЗАМП на Македонија, како и почесен уметнички амбасадор на македонската економија во светот за 2005 година.

[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom