@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Русија се навраќа на случувањата во Првата светска војна
Во Солун,се наоѓа огромен воен меморијален центар од Првата светска војна - сојузничка могила Зејтинлик, со руски војници, паднати на Балканскиот фронт. Малку кој во Русија е запознат со таа руска некропола. Не се споменува тој солунски меморијал ниту во домашната литература . А меѓу другото тој се јавува како важен споменик во воената историја на нашата земја - како сведок на маклу познатата страница од Првата светска војна-со учество на руска војска во задграничниот фронт.
Во разгорот на војната, летото 1916 г., Русија под притисок од сојузниците -- во прв план од Франција -- испрати во Франција и на Балканот експедициони сили. Иако командирите на руската армија решително одбиваа праќање војска надвор од границите, руските дипломати и Николај II сметаа како нужно да се одговори на постојаните молби на сојузниците -- кои сметаа дека појавувањето на руски војници на Балканот ќе предизвика силен впечаток кај завојуваните страни, и Бугарија нема да ги напаѓа руските војски -- што не се покажа како точно.
На Балканот беа испратени две посебни пешадиски бригади: Втората, под команда на генерал - мајор Дитерихс, броеше околу 8 илјади војници, и Четвертата, под команда на генерал-мајор Леонтев, броеше околу 10 илјади. Во согласност со франко-рускиот договор бригадите се преформираа од двата полка во трибатаљонски состав и еден маршев батаљон. Они се упатија од Архангелск преку Франција, каде добија оружје и служби за припомош (за врски, медицински...)
Првите руски војници пристигнале на солунското пристаниште 30 јуни 1916 г.контингентот бил вклучен во состав на Источната армија на Антанта, во вкупен број од 360 илјади војници. Главен командант на армијата беше французинот Морис Сарајл. Веќе во септември 1917 г. руските бригади зеле учество во нападите во Лерин, каде покажаа масовен хероизам, и ги дадоа првите жртви. Зимата 1916-1917 г. имаа препозиционирање, без крвопролевање, но многу војници погинаа како резулат на различни епидемии. Пролетта 1917 г. бригадите учествуваа во неколку наредни операции.
Во јануари 1918 г. руската дивизија била расформирана - на војниците им е соопштено дека французите биле поразени и они по (разни патишта се враќаа во татковината - последните партии ги утепаа во 1923 г., а многу од нив засекогаш останаа во Франција). "Коските на руските војници се расфрлани низ цел Балкан , но за нивните подвизи многу малку се знае во земјава" - пишува современиот историчар.
Могилата Зејтинлик -како најголем воен споменик , каде се наоѓаат 25 илјади војници на Антантата, кои паднаа на Македонскиот фронт: 8 илјади французи, 7400 срби, околу 3000 италијанци, 1600 британци, 400 руси. Местоположбата на таа могила била избрана не случајно: во тој одделен реон на Солун (топоним Зејтинлик произлегува од турскиот збор zeitin - "блато") во време на Првата светска војна тука се наоѓаше голема болница, а во неа - главниот штаб на србите.
Местото каде започна погребувањето на првите српски војници после завршување на војната бил подарен на грците под управа на земјите од Антантата. Специјално создадената комисија собирала останки од војниците, расеани во северна Македонија и ги пренесувала на Зејтинлик. В 1926 г. тука почна неговата изградба , а заврши во 1936 г. Прв (и многогодишен) чувар на могилата станал црногорецот Саво Михајлович, ветеран од Македонскиот фронт.
Главен украс на ова место станал православниот храм во византијски стил, изграден во 1926-1936 г. по проект на рускиот архитект-емигрант Николај Краснов. Надзорник на изградбата бил архитектот Будимир Христодуло, пратеник од органите на управување на Кралство СрбијаХрватскаСловенија.
11 ноември 1936 г., во екот на потпишувањето на примирјето, храмот бил свечено осветен (и сега такви церемонии има секоја година на 11 ноември). Зданието претставува двоспратна куќа со плити, специјално донесени од Србија. На територијата на српскиот дел посадени се чемпреси, подарени од Атонскиот Светогорскиот српски манастир Хилендар.
Веднаш зад српските учесници следуваат руските. Тоа се стандардни мермерни табли со крстови со имињата на паднатите војници и нивните броеви. Надписите на крстовите испишани со стил на црковно-славјански јазик и во стара ортографија.
Во 1930-г. формиран е Сојуз на руските емигранти во Македонија и Тракија кои на своето Општо Собрание 3/I-1937 г решиле да се зафатат со градба на могилата на руските војници со помош на рускиот црвент крст С. И. Демидов на кнегињата Сан-Донато и испратиле барање до Атина и до оние руси кои живеат во грција да го возобноват споменикот на руските војници. Но,сиромашните руски емигранти неможеле да соберат доволно средства за да го изградат истото, а веќе започнала и Втората светска војна.
Во време на војната во Солун се бореле против нацистите и некои руски партизани и полјаци. Меѓу нив е познатиот - Георги Иванов роден во Полска- Варшава 1911 г.кој заедно со мајка му пребегале во грција во 1920 г. , убиен од германците на 4 марта 1943 г. Во Солун, на улица Лангада, се наоѓа негов споменик иако неговото тело не се знае каде е. Другите паднати партизани погребани се на могилата на Зејтинлик, на исто место со српските партизани. Обележани се со мермерни табли но без христијански симбол.
Кога во 1996 г. во Солун беше воспоставено руското конзулство, тоа ја зеде грижата над воениот руски споменик. Секоја година поставува венци на Зејтинлик на 9 мај - Денот на победата.
Текстот го преведов БУКВАЛНО - ве молам да не замерувате доколку наидете на некои грешки.