Русија и Македонскиот (“Солунски’’) фронт во Првата св. војна

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Русија се навраќа на случувањата во Првата светска војна

Во Солун,се наоѓа огромен воен меморијален центар од Првата светска војна - сојузничка могила Зејтинлик, со руски војници, паднати на Балканскиот фронт. Малку кој во Русија е запознат со таа руска некропола. Не се споменува тој солунски меморијал ниту во домашната литература . А меѓу другото тој се јавува како важен споменик во воената историја на нашата земја - како сведок на маклу познатата страница од Првата светска војна-со учество на руска војска во задграничниот фронт.

Во разгорот на војната, летото 1916 г., Русија под притисок од сојузниците -- во прв план од Франција -- испрати во Франција и на Балканот експедициони сили. Иако командирите на руската армија решително одбиваа праќање војска надвор од границите, руските дипломати и Николај II сметаа како нужно да се одговори на постојаните молби на сојузниците -- кои сметаа дека појавувањето на руски војници на Балканот ќе предизвика силен впечаток кај завојуваните страни, и Бугарија нема да ги напаѓа руските војски -- што не се покажа како точно.

На Балканот беа испратени две посебни пешадиски бригади: Втората, под команда на генерал - мајор Дитерихс, броеше околу 8 илјади војници, и Четвертата, под команда на генерал-мајор Леонтев, броеше околу 10 илјади. Во согласност со франко-рускиот договор бригадите се преформираа од двата полка во трибатаљонски состав и еден маршев батаљон. Они се упатија од Архангелск преку Франција, каде добија оружје и служби за припомош (за врски, медицински...)

Првите руски војници пристигнале на солунското пристаниште 30 јуни 1916 г.контингентот бил вклучен во состав на Источната армија на Антанта, во вкупен број од 360 илјади војници. Главен командант на армијата беше французинот Морис Сарајл. Веќе во септември 1917 г. руските бригади зеле учество во нападите во Лерин, каде покажаа масовен хероизам, и ги дадоа првите жртви. Зимата 1916-1917 г. имаа препозиционирање, без крвопролевање, но многу војници погинаа како резулат на различни епидемии. Пролетта 1917 г. бригадите учествуваа во неколку наредни операции.

Во јануари 1918 г. руската дивизија била расформирана - на војниците им е соопштено дека французите биле поразени и они по (разни патишта се враќаа во татковината - последните партии ги утепаа во 1923 г., а многу од нив засекогаш останаа во Франција). "Коските на руските војници се расфрлани низ цел Балкан , но за нивните подвизи многу малку се знае во земјава" - пишува современиот историчар.

Могилата Зејтинлик -како најголем воен споменик , каде се наоѓаат 25 илјади војници на Антантата, кои паднаа на Македонскиот фронт: 8 илјади французи, 7400 срби, околу 3000 италијанци, 1600 британци, 400 руси. Местоположбата на таа могила била избрана не случајно: во тој одделен реон на Солун (топоним Зејтинлик произлегува од турскиот збор zeitin - "блато") во време на Првата светска војна тука се наоѓаше голема болница, а во неа - главниот штаб на србите.

Местото каде започна погребувањето на првите српски војници после завршување на војната бил подарен на грците под управа на земјите од Антантата. Специјално создадената комисија собирала останки од војниците, расеани во северна Македонија и ги пренесувала на Зејтинлик. В 1926 г. тука почна неговата изградба , а заврши во 1936 г. Прв (и многогодишен) чувар на могилата станал црногорецот Саво Михајлович, ветеран од Македонскиот фронт.

Главен украс на ова место станал православниот храм во византијски стил, изграден во 1926-1936 г. по проект на рускиот архитект-емигрант Николај Краснов. Надзорник на изградбата бил архитектот Будимир Христодуло, пратеник од органите на управување на Кралство СрбијаХрватскаСловенија.

11 ноември 1936 г., во екот на потпишувањето на примирјето, храмот бил свечено осветен (и сега такви церемонии има секоја година на 11 ноември). Зданието претставува двоспратна куќа со плити, специјално донесени од Србија. На територијата на српскиот дел посадени се чемпреси, подарени од Атонскиот Светогорскиот српски манастир Хилендар.

Веднаш зад српските учесници следуваат руските. Тоа се стандардни мермерни табли со крстови со имињата на паднатите војници и нивните броеви. Надписите на крстовите испишани со стил на црковно-славјански јазик и во стара ортографија.
Во 1930-г. формиран е Сојуз на руските емигранти во Македонија и Тракија кои на своето Општо Собрание 3/I-1937 г решиле да се зафатат со градба на могилата на руските војници со помош на рускиот црвент крст С. И. Демидов на кнегињата Сан-Донато и испратиле барање до Атина и до оние руси кои живеат во грција да го возобноват споменикот на руските војници. Но,сиромашните руски емигранти неможеле да соберат доволно средства за да го изградат истото, а веќе започнала и Втората светска војна.

Во време на војната во Солун се бореле против нацистите и некои руски партизани и полјаци. Меѓу нив е познатиот - Георги Иванов роден во Полска- Варшава 1911 г.кој заедно со мајка му пребегале во грција во 1920 г. , убиен од германците на 4 марта 1943 г. Во Солун, на улица Лангада, се наоѓа негов споменик иако неговото тело не се знае каде е. Другите паднати партизани погребани се на могилата на Зејтинлик, на исто место со српските партизани. Обележани се со мермерни табли но без христијански симбол.

Кога во 1996 г. во Солун беше воспоставено руското конзулство, тоа ја зеде грижата над воениот руски споменик. Секоја година поставува венци на Зејтинлик на 9 мај - Денот на победата.

Текстот го преведов БУКВАЛНО - ве молам да не замерувате доколку наидете на некои грешки.
 
Браво пријателе, за почит трудот.

Супер ми се надоврзуваш кон она што сакам да го потенцирам во наредниов период.
 
Браво пријателе, за почит трудот.

Супер ми се надоврзуваш кон она што сакам да го потенцирам во наредниов период.
Благодарам.
Но, дали забележа некои многу чудни работи (барем според мене )
Прво зошто ние го нарекуваме Солунски фронт, а не како русите Македонски фронт.???
2 . Сојузот на емигранти во Македонија и Тракија од 1930 г, се обраќа до русите кои живеат во грција во 1937 г ?????

Значи ли тоа дека се 2 различни држави?????

3.Знае ли некој дали местото сеуште се вика Зејтинлик - или гејциве го промениле.????
 
Мислам дека името е променето.Немам слушнато за такво место во гејлада.А за Македонскиот фронт не знам зошто викаш дека него викаме така туку Солунски.Баш оваа година учевме за тоа по историја и во учебникот пишуваше Македонски (Солунски) фронт.
 
Фронтот со полно право треба да се нарекува Македонски, зашто минувал низ Битола, па по јужниот дел на Македонија. Солун не бил ни близу до фронтот.
 
Но, дали забележа некои многу чудни работи (барем според мене )
Прво зошто ние го нарекуваме Солунски фронт, а не како русите Македонски фронт.???
Солунски фронт го нарекуваат само Србите, така тоа име се одомакинило кај нас, инаку сегде на друго место е заведено како Македонски фронт.
 
Благодарам.
Но, дали забележа некои многу чудни работи (барем според мене )
Прво зошто ние го нарекуваме Солунски фронт, а не како русите Македонски фронт.???
2 . Сојузот на емигранти во Македонија и Тракија од 1930 г, се обраќа до русите кои живеат во грција во 1937 г ?????

Значи ли тоа дека се 2 различни држави?????

3.Знае ли некој дали местото сеуште се вика Зејтинлик - или гејциве го промениле.????

Признаени официјално не, меѓутоа дека се сметале како два посебни народи може да се каже.

09-15. X. 1931 год., во Берлин е оддржан VIII Конгрес на Меѓународната работничка помош (IOP)
- Нешто пред конгресот ИК на ИОП организира две важни акции – акции за помош на жртвите од поплава во Кина (повеќе од 80 000 000 гладуваа) и з апомош на безработната младина на Германија.
- На Конгресот се делегации од 40 (четериесет ) земји – Австралија, Северна, Централна и Јужна Америка, Кина, Јапонија, Кореа, Индија, Индонезија, Индокина, Источна и Западна Африка, Египет, СССР и сите Европски земји.

- На овој грандиозен Меѓународен Конгрес се присутни повеќе од 1000 делегати од кои 250 со советодавен глас, 250 делегати на Организациите на ИОП, а 200 делегати од работниците, 300 останати делегати се по половина од останати организации и интелектуалци – Професори, политички личности, уметници, писатели и новинари.

- Балканот е претставен со – Романија – 5 делегати, Југославија – 1 делегат, Грција – 2 , Бугарија – 1 и Револуционерните организации од Балканот со – 3 делегати.

Од името на Балканските делегати се обраќа Димитар Влахов и поднесува Резолуција, која ја усвои Конгресот.

Во РEЗОЛУЦИЈАТА меѓу другото стои:
“...Конгресот се спротивставува на диктатурата на Венизелос, кој се повеќе и повеќе употребува нечесни методи на натиск и по ѕверски начин ги потчинува Македонците, Тракијците, Албанците, Евреите и останатите поробени народи.
Ја жигосува Бугарската влада, која отворено ги поддржува бандите на убијците на Михајлова, пљачкашите на македонскиот народ и убијците на неговите водачи....“

Значи овде во оваа Резолуција на VIII Конгрес на ИОП од 1931 год., ТРАКИЈЦИТЕ СЕ НАБРОЈАНИ КАКО ЗАСЕБЕН НАРОД покрај другите поробени народи под Грција.

.

3.Знае ли некој дали местото сеуште се вика Зејтинлик - или гејциве го промениле.????

Зејтинлик е комплекс од воени гробишта составен од Српски, Француски, Руски,Италијански и Британски војници од првата светска војна.

Името сеуште е Zeitinlik.

Порано на тоа место бил Турскиот пазар со зејтин, од каде го добил името.
 
Русија се навраќа на случувањата во Првата светска војна. Во Солун,се наоѓа огромен воен меморијален центар од Првата светска војна - сојузничка могила Зејтинлик, со руски војници, паднати на Балканскиот фронт.

Браво за ова другар убао напраено.
 
Гробиштата уште се нарекуваат Зејтинлик.

И да, треба да го викаме Македонски фронт. Тоа впрочем му е името.

Имало голем застој во 1916-17 на Македонскиот фронт од ред причини. Војниот историчар Петер Кирх оценува дека од споредно борбено место на почетокот на војната, овој фронт добил одлучувачки карактер за крајниот исход на војната. Тоа го потврдува и Лојд Џорџ, дека од сите споредни фронтови, најважен се покажало дека е Македонскиот.

Во разгорот на војната, летото 1916 г., Русија под притисок од сојузниците -- во прв план од Франција -- испрати во Франција и на Балканот експедициони сили. Иако командирите на руската армија решително одбиваа праќање војска надвор од границите, руските дипломати и Николај II сметаа како нужно да се одговори на постојаните молби на сојузниците -- кои сметаа дека појавувањето на руски војници на Балканот ќе предизвика силен впечаток кај завојуваните страни, и Бугарија нема да ги напаѓа руските војски -- што не се покажа како точно.

Веројатно не сте знаеле еден куриозитет дека на 29 септември, денот кога капитулира Бугарија, бугарските војници со радост се прадаваат (меѓу нив многу мобилизирани Македонци), а германскиот Кајзер Вилхелм е огорчен на нив бидејќи морал да прогласи општо повлекување.
 
Веројатно не сте знаеле еден куриозитет дека на 29 септември, денот кога капитулира Бугарија, бугарските војници со радост се предаваат (меѓу нив многу мобилизирани Македонци), а германскиот Кајзер Вилхелм е огорчен на нив бидејќи морал да прогласи општо повлекување.

Зашто да е куриоз? После 3 години на фронта наj сетне идва мирот. А предаването на отделни части од бугарската армиjа е по клауза од подписаното Солунското примирие:

Солунското примирие е подписано на 29 септември 1918 година между Б'лгарија и Антантата, представлјавани от Андреј Лјапчев и генерал Франше д'Епре, за спиране на военните дејствија помежду им. Б'лгарија трјабва да демобилизира армијата си, да се изтегли от заетите територии, да понесе частична военна окупација. Војските на запад от Скопие, около 100 000 души, остават в плен на Антантата.
----
Мегьу другото сигурно знаете коj е Андреj Льапчев
 
Македонскиот фронт до ден денешен има оставено траги во Гевгелиско. Имено помеѓу с.Стојаково и с.Селемлија(ова е доселено после втората светска војна со срби) има ровови, и тоа уште се длабоки и прилично зачувани. Има и бункери и ред други работи. Може секој да оди и да ги виде, не е ништо тајна МК фронт. ја има целосната линија на карти на интернет...
 
Признаени официјално не, меѓутоа дека се сметале како два посебни народи може да се каже.

09-15. X. 1931 год., во Берлин е оддржан VIII Конгрес на Меѓународната работничка помош (IOP)
- Нешто пред конгресот ИК на ИОП организира две важни акции – акции за помош на жртвите од поплава во Кина (повеќе од 80 000 000 гладуваа) и з апомош на безработната младина на Германија.
- На Конгресот се делегации од 40 (четериесет ) земји – Австралија, Северна, Централна и Јужна Америка, Кина, Јапонија, Кореа, Индија, Индонезија, Индокина, Источна и Западна Африка, Египет, СССР и сите Европски земји.

- На овој грандиозен Меѓународен Конгрес се присутни повеќе од 1000 делегати од кои 250 со советодавен глас, 250 делегати на Организациите на ИОП, а 200 делегати од работниците, 300 останати делегати се по половина од останати организации и интелектуалци – Професори, политички личности, уметници, писатели и новинари.

- Балканот е претставен со – Романија – 5 делегати, Југославија – 1 делегат, Грција – 2 , Бугарија – 1 и Револуционерните организации од Балканот со – 3 делегати.

Од името на Балканските делегати се обраќа Димитар Влахов и поднесува Резолуција, која ја усвои Конгресот.

Во РEЗОЛУЦИЈАТА меѓу другото стои:
“...Конгресот се спротивставува на диктатурата на Венизелос, кој се повеќе и повеќе употребува нечесни методи на натиск и по ѕверски начин ги потчинува Македонците, Тракијците, Албанците, Евреите и останатите поробени народи.
Ја жигосува Бугарската влада, која отворено ги поддржува бандите на убијците на Михајлова, пљачкашите на македонскиот народ и убијците на неговите водачи....“

Значи овде во оваа Резолуција на VIII Конгрес на ИОП од 1931 год., ТРАКИЈЦИТЕ СЕ НАБРОЈАНИ КАКО ЗАСЕБЕН НАРОД покрај другите поробени народи под Грција.

Брато, можеш да ми речеш тоа засебен тракиjски народ на вакав език зборувал и зборува и сега?
 
Брато, можеш да ми речеш тоа засебен тракиjски народ на вакав език зборувал и зборува и сега?

Прашај го Димитар Влахов. Исто така можеш да ги прашаш и потписниците на оваа резолуција:
Претседателот на Конгресот Аболин, од борецот за женските права –Клара Цеткин, од германскиот пратеник Вили Минценберг, од Клеменс Дит- Индија , Том Ман - Англија, Кујате – Африка, Герл Јохансон – Данска, Салцберг – САД, Проф. Неједли – Чехословачка, Мисиано – Италија, Кетлер – Аустрија, Анри Барбис – Франција, Марија Фернандес – Уругвај , Техер – Египет, Девони – Франција, Георг Ледебур, Проф. Алдонс Голдшмит, Тодор Павлов – Бугарија, Абдул Меџит – Индонезија, Луис Веласкез – Шпанија, Чанг – Кина, Де Тисер – Золандија, Георг Диниг Хаус - Германија.

Нема многу опции на кој јазик говореле Тракијците, дел на Македонски* дел на Турски и некој помал дел Грчки.

Со Нејскиот мир од 1919 год.најголемиот дел од Западна Тракија и припаднал на Грција а само помал дел задржала Бугарија.
Сходно на тоа, денеска се говори Бугарски и Грчки. Присутен е и Турскиот преостанат елемент.

* тука спаѓа и “славјанобугарскиот’’ како дијалект.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom