Диско

  • Креатор на темата Креатор на темата Тикви4ка
  • Време на започнување Време на започнување

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Што за вас претставува диското како институција? Што било, а што е сега?

Се си има одредена хиреархија... Да речеме биртијата има пеВачка со шишки, во кафана има фолк/турбо фолк, а диското БИ ТРЕБАЛО да е институција со малку пософистицарн поглед кон изборот на музика

е арно ама овие вредности се малку измешани во последно време... или пак мене така ми се чини...
најчесто шемата се одвива на следниов начин: нешто електро за почеток, македонски поп-рок и на крај те негде околу 2 часот почнува најтурбото од турбото...
мојата дефиниција за диско изгледа е малку застарена или незнам што е работата.
ваша дефиниција?
 
Епа шо тражат тоа ќе пуштат.... а иначе у диско барем мислам дека треба да се пушта техно....и се шо иде со него у паќет ...сигурно нема да се `дискаш` на Аца Лукас например....

пс. кај нас ( у кочани ) ќе доага Аца Лукас у диското....и ке биде Луууудницаааа :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: :helou:
 
Порано луѓето иделе во диско да се изденсаат и да си поминат добро. Денес истото го прават ама се повеќе ме тера да кажам дека само идат да бидат видени од другите и сликани за кадевечер или зазабава.
 
Диско? Кога ќе помислам на него, мислам на муабетите на моиве кога виселе у Мусандра, и за нив било тоа култна институција, слушаш музика, играш, и што е најважно, можеш да упецаш некој или некоја:)
И денес е иста процедурата,само што сега во диско фрчат и други музики, има нови клинци,многу повеќе недозволен алкохол...Се надевам дека љубовта
останала иста...:)
 
Порано се одеше во диско оти немаше каде друго место да се оди, кај нас во БТ во 70 десетите (крајот) и почетокот на 80 десетите имаше две диска. Орфеј и во Домот на културата, имаше вечер на рок музика на диско музика на њу вејв, романтизам... или пак во текот на вечерта се сменуваа стиловите па пол сат сат диско па пол сат - сат “танга и сентиши“ па пол сат - сат рок... дури и ја знаевме лентата (во домот музиките ги пуштаа од котураш) по лепенката па се “остревме“ за рипања наоколу, воглавном сите одевме таму пошто работеа до малку покасно (кафичите затвараа кај 10 а веќе во 11 улиците беа штама (бев еднаш застанат од милиција испрашуван и запишан во тефтер ко си бегав дома кај 12 ипло дома), таму идеа женско машко постаро помладо дури и од училиште не имаат однесено (гимназија кога бев) еднаш организирано во сабота или недела (двајца помлади професори беа со нас)
Воглавном едно пријатно сеќавање на младоста моја кога во бифето во дневната чував малку тревка (скриена во албумот со слики) и шише Шток и МБ коњак наместо како денес, апарат за притисок и апчиња
 
Диско??????Не постои повеќе таква институција!!!
 
Диското умре. Кврц.

Штета што поновите генерации не можат да ја почувствуваат вистинската диско атмосфера.
 
Диско? Кога ќе помислам на него, мислам на муабетите на моиве кога виселе у Мусандра, и за нив било тоа култна институција, слушаш музика, играш, и што е најважно, можеш да упецаш некој или некоја:)
И денес е иста процедурата,само што сега во диско фрчат и други музики, има нови клинци,многу повеќе недозволен алкохол...Се надевам дека љубовта
останала иста...:)
Не е иста процедурата. Љубовта? Ќе пецнеш некоја со дерење на уво, заради неможноста да се разберите нормално од гласната музика? Не.
Се поретко одам во дискотеки поради горенаведената шема: техно, македонско, турбо). Ексик.

Би сакал едно диско во градов во права смисла на зборот. Ретро, рок итн.
 
Сум приметил се прават ретро журки доста во зимскиот период. И јас имам правено неколку пати и имаше луѓе заинтересирани, доаѓаа.
 
ejjj za razlika od toa sto mi kazuva majka mi sto bilo disko u nivno vreme ovie nasive nemaat ni "D" od disko ...ali sea toa e vreminja se menjaat muzika se menja luge isto taka...generacii..ali ajde ke se zadovolime i so nasive sea
 
Disco Disco, Good Good!!! UuUuUuUuuu...!!!

Штета, што не сте се родиле 20тина години порано, да видевте што значи диско и треска во сабота навечер и траперки и лоши фризури, и ганз и диско робот и д хасл, д поинт тинг...

детз д веј, аха аха...
:icon_cool

знам, ама филм ми е.
 
Малку офф, ама оние што го гледале Треинспотинг ќе им текне на сцената у која седи дружинава во клуб и зборуваат како времињата се смениле, музиката се сменила, дури и дрогите се смениле.

На времето у диско се одело за да се покаже кој е бољи денсер на све могуќе што ди-џејот ќе пуштел. Се идело да за се најде љубов, а тоа и не било проблем кога ди-џејот ќе опичи некој сентиш за стискавац кој трае 8-9 минути. После толку време дишење у врат и допирање ерогени зони женската била твоја, немало кај да бега.

Денес ди-џејот микса на минута време и добра и лоша музика. Ако си во Скопје имаш истата музика што ја пичат на радио преку ден ја имаш и преку ноќ. Ако си во некој помал град имаш саат време хаус/техно сет по мерак на локалниот ди-џеј, имаш нешто поп и на крај Аца Лукас и компанија.
Тиквичке, не знам кој дел од вечерта ти пречи, претпоставувам овој првиот :baeh:
Плус сеа овие моментите како сликање за њњњ.задосада.ком и њњњ.кадесабајле.ком.мк дремење на подиум и слични работи.

Сепак главната работа сеуште постои. Да се дотераш најдобро што можеш, да најдеш нешто да изебеш и да си отидеш дома уморен.
 
Диско....
се имаат променето времињата точно,но место да кукаме зашто не сме се родиле тогаш може и мораме да се соочиме со сегашноста :toe: во Скопје на пример нема такви лоши миксови (зборам за дискотеките во центарот) од жанрови и стилови,сепак различно е да...и мене ми пречат фејкери и фаци кои нареден ден се бараат на нет со флашата до нив демек ја седам на сепаре и пијам :tapp: ја одам во дискотеки заради музиката и заради денсањето а за другите...баш ме боли уво,гледам мене да ми е убаво :je:
 
Тиквичке, не знам кој дел од вечерта ти пречи, претпоставувам овој првиот :baeh:
Плус сеа овие моментите како сликање за њњњ.задосада.ком и њњњ.кадесабајле.ком.мк дремење на подиум и слични работи.
цел тој процес...
зашто едноставно не се напраи техно најт, рок најт, ретро најт или што ти ја знам... и најнормално дека со оглед на тоа што нејќум техно автоматски не ни одам, сакам рок јееесссс одам ваму.. барем си знаеш за што да се спремиш а не каша попара

и тонка за досада. ком збор да не чујам.. еднаш таму ме залепија...:pos2:
 
Епа шо тражат тоа ќе пуштат.... а иначе у диско барем мислам дека треба да се пушта техно....и се шо иде со него у паќет ...сигурно нема да се `дискаш` на Аца Лукас например....

пс. кај нас ( у кочани ) ќе доага Аца Лукас у диското....и ке биде Луууудницаааа :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: :helou:

Techno sucks.

Trance is the way!!!

Бај д веј, многу е глупо овде во Струмица. Пуштат Acid/Deep House до кај 11 саатот, после 2-3 траки од Prodigy, па балканска музика. Мислам, тоа нема смисла.

Нека си пуштат што сакат до кај 12 часот, ама дојдеа ли доцните часови нека завртат или Trance или Hardstyle (sensation black anyone, види ми аватар? :) ).

Еве нешто вакво после 12...

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom