Со кого од семејството сте најблиски?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување
Со сите сум отворена,ама со брат ми најповеќе ни иде муабетот.
 
Со татко ми. Повеќе од кога и да е. Генерално повеќе се сложувам со машки, не за џабе си плукам по родот, и тоа доста често. Едноставно, не ми треба личност која е хиперсензибилна и не ги контролира емоциите (читај: жена) во моментов, ниту за поддршка, ниту за муабет, ниту за било што друго. Ми треба некој што нема да ми рече "аха, ти си у право", туку ќе ми залепи шамар (фигуративно) и ќе ми го каже и тоа што не сакам да го чујам. Ми треба татко ми. Ако нешто сакам, тоа е некој ден моите деца да имаат таква личност покрај себе.

Ја сакам мајка ми до небо и назад, ја ценам и почитувам многу, ја обожавам, сосе сите мани и доблести... Ама поинаку е. Татко ми ми е поинаков другар. Се` можам да му кажам, се`, се`, се`, апсолутно се`! И не се мислам два пати пред тоа. Зашто знам дека можеби ќе ме спушти у два потега, ама после тоа е секогаш подобро. И се каам што порано не го слушав. Многу го сакам. Многу!
 
Јас со никој не сум близок од смејството, нз зш така, ама тоа не значи дека ги мразам. Само дека не праам муабет со нив за моите проблеми. :toe:
 
So sebe si.
Najdobro se konslultiram so sebe si, nikad ne se raspravam :salut:
 
Со никој, тие имаат други сфаќања (застарени), за нив секогаш ќе бидам дете иако имам охохоо години.
 
Со никој, тие имаат други сфаќања (застарени), за нив секогаш ќе бидам дете иако имам охохоо години.

Не мислиш дека дури и во таквите застарени сваќања нема да најдеш нешто мудро, нешто што би ти било корисно? Без разлика на годините и застареноста, сепак нивното животно искуство е поголемо од твоето. :smir:
 
Со мајка ми најмногу макар што сум карактер кој секогаш остава по нешто за себе, никогаш не можам да доверам апсолутно се`, не сум до тој степен слободна за да и` кажам некои работи ама знам дека советите од неа се најкорисни и полесно можам да ја разберам затоа што знае на кој начин да пристапи и да ме натера да и` кажам нешто што не сум имала намера да го кажувам.
И секогаш после нејзиниот совет се чувствувам поубаво.
 
Бев првин со мајка ми наааајблизок... се си разбиравме и си кажувавме... после со тато... па пак со мама... и сеа со никој... ете ме веќе 2 години, се што имам во мене кријам... ретко некој да ме натера да му ги кажам тажните работи кои ме мачат... а среќните ги кажувам без проблем... немораат да ме тераат, хахаха...
Се се испреврте поради една случка... т.е. повеќе беа, али пред две години беше главната и од тогаш почнував се повеќе и повеќе да се повлекувам кон мене... имаше другари и другарки кои ми се лутеа поради тоа што станав премногу ќутлив и што не поделувам како порано работи од мојот живот... дури и дома бев скаран ради истите работи... ама ете тоа е тоа... Едноставно се повлеков премногу... кој ме сака ме сака и ваков... :nesum:
Енивеј, моите се смирија со тоа, и ете до ден денес веќе 2 години добро сме си усогласени... хаха... не ме чепкаат ништо зашто знаат оти нема ништо да им кажам, како и останатите кои дел ме разбираат, а дел сеуште се лутат на тоа...:toe:
Енивеј, си ги сакам моите премногу и моите пријатели што се, без разлика дали ми се лутат или не, што постапив така - што се повлеков во мене премногу, ама мораат да ме сфатат... и така... ај доста ломотев јас... хаха
Сега и двајцата родители ми се на иста маса, иако даваат напори од тогаш некој бар да се зближи повеќе со мене, ама не им успева... хахаха
 
И кај мене беше исто,само шо јас се затворив пред 1 година. Од тогаш веќе се си чувам во себе-било да е среќно или тажно.
 
Najblizok sum so majka mi. Koga zboram so nea mislam kako da zboram so drugar. Pozdrav
 
Со мајка ми и сестра ми сум поблиска,пошто мајка ми ми е ко сестра а сестра ми ко мајка,таке наизменично со двете.
Со татко ми комуникација на нула,само за паре ако се работа,и сеа у последно време што ме носи до на зубар,паѓаа некој муабети за тоа што има и што нема у фрижидер.
 
Обично со брат ми највеќе се карам и се спротиставуваме ама некако најблиски сме.
 
Со сестра ми дефинитивно. Најдобро ме разбира и секогаш за што и да е ми помага.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom