за во америка мораш прво да полагаш ЅАТ, тоа е испит математика и англиски, математика делот не е тежок, ама за делот англиски треба посериозно да се спремиш. со резулатите од тој испит се аплицира на факултетите, мислам дека кај повеќето факултети роковите за пријавување се до јануари. зависи дали сакаш да студираш со стипендија, или со самофинансирање, има различни рокови и за пријавување за финансиска помош. ретко даваат целосна стипендија самите факултети, што би значело дека или треба да бараш друга стипендија или да учиш и да работиш. за странци се цените секогаш повисоки и многу варираат од факултет до факултет. најчесто се околу 20000 долари годишно, вклучувајќи трошоци за часови (tuition) и за сместување. кога ќе бараш факултет, во зависност од тоа што сакаш понатаму да постигнеш, би ти препорачала да бараш академски подобар факултет, зашто таму е сосема различно отколку тука и секој факултет си има свои академски достигнувања и ранг, а со тоа, нели и се зголемува или намалува шансата за потоа да најдеш добро платена работа. со завршен академски полош факултет, имаш помали шанси за постдипломски студии на добар факултет и за добро платена работа. принципот на учење е до некаде сличен со сегашниот тука (ектс), има колоквиуми и крајни тестови. можеш да избереш еден главен предмет (major), можеш и повеќе доколку имаш желба за учење (тоа е и поскапо, се плаќаат дополнително часовите што ги земаш), а бираш и спореден предмет (minor), кој исто така стои во диплома, но немаш звање по тој предмет. за тестот кој се полага можеш најдобро да се информираш во американски образовен центар, мислам дека и преку нив се организира полагањето неколку пати во годината.