Ајсшутер, другпат кога отвораш тема, обиди се да преведеш и да им разјасниш на другите членови зошто се избрани тие маскоти, занимлнивости, што значат, зошто се 5 и слично. И јас можев само да лупнам слики од стадионите

. Сепак тука сме за да се информираме, нели? Ајде јас ќе напишам овојпат за маскотите и медалите, ама другиот пат ти да ја разработиш темата што ќе ја отвориш, ок?
Маскотите:
Дизајнот на официјалната маскота за Летните Олимписки Игри 2008,
Fuwa, е превземен од 5 олимписки прстени од 5те светски континенти. Маскотата која се појавува во 5 различни бои, ни ја претставува фауната по која е позната Кина: рибата, пандата, тибетската антилопа и ластовицата. Маскотата нормално, служи за да им ја пренесе на сите деца во светот желбата за среќа и мир од страна на кинескиот народ.
Fuwa е претставен како 5 деца, Бебеи е риба, Џингџинг е панда, Хуанхуан е олимпискиот дух, Јингјинг е тибетската антилопа и Нини е ластовицата. Кога ќе ги составите нивните имиња заедно, добивате: Bei Jing Huan Ying Ni, што во превод значи: Добредојдовте во Пекинг, што ја отсликува желбата на Fuwa да пренесе пријателска покана како амбасадор на таа земја. Fuwa исто така ги обединува сонот и аспирациите на луѓето од сите делови на Кина, како и 5те елементи од природата: оган, море, шума, земја и небо кои метафорично ни го прикажуваат кинеското народно творештво.
Да напоменеме, официјалното мото на овие олимписки игри е:
One dream, one world...
Медалите:
Дизајнот на медалот за Олимписките Игри во Пекинг, е инспириран од древното кинеско парче жад "би", во кое е впишана шема на змеј. Значи медалите се направени од жад и злато и ја симболизираат кинеската виртуозност и творештво.
Медалите имаат 70мм дијаметар и 6мм дебелина. Дизајнот на предната страна е од Интернационалниот Олимписки Комитет, додека на внатрешната страна ја гледаме маскотата на ЛОИ Пекинг 2008 обиколена со жад.
Елегантни и софистицирани, медалите ни ја отсликуваат кинеската култура и Олимпизам, правејќи го нивниот освојувач доживотно горд на своето дело.
Факелот:
Факелот за овие олимписки игри ни ги обединува таканаречените ОИ за здрава околина и ОИ за висока технологија.
Факелот е висок 72цм, тежок 985 грама и е направен од алуминиум. Може да гори 15 минути под услов да нема ветер, но може да издржи и ветрови до 65км/ч, како и дожд од 50мм. Пламенот може да биде евидентиран и фотографиран и во многу светли услови. Горивото што го користи е пропан, во согласност со нормите за животна средина и е направен од материјал кој се рециклира.
Извитканата форма на факелот и неговата графика ни ја отсликува идејата за хармонија.
Факелот е дизајниран и направен во Кина.