Внимание: Опасни лекови, кои слободно се продаваат кај нас!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Абе друже... Ти не сфаќаш. Има главоболки и има ГЛАВОБОЛКИ.

Има некои што поминуваат со одмарање (како твоите) и има некои што не помагаат со одмарање (како моите и на многу луѓе). Да не напоменувам и дека има луѓе кои едноставно немаат време (или услови) да одморат.

Кога сум на работа, таму сум 8 часа. Ќе те прашам, пошто очигледно не сфаќаш, па ти извлечи си заклучок. Кога ќе ме стегне глава на работа, јас:

1) Треба да поминам 8 часа во агонија (поради која неможам да работам);
2) Треба да си сварам чај (кој нема да ми помогне);
3) Треба да се качам на биро и да легнам да одмарам;
4) Или - да се напијам апче за глава;

Ти што мислиш? Нормално, се случува апче да се напијам еднаш во два месеци...
Немам секојдневно главоболки. Ама кога имам - имам асално.

И тотално си ја промашил темата на дискусијата. Не се дискутира за тоа дали треба да се пијат или не лекови, туку зошто кај нас се продаваат ЗАБРАНЕТИ и ОПАСНИ лекови? Веќе ти објаснивме дека во некои случаи едноставно МОРА да се пијат. Не мудрувај беспотребно. Не дискутираме за апчиња vs. чаеви, туку за опасни лекови.

Човече - црн дроб може да ти откаже од леков... Не е ова за курташак.
 
Po biologija pogresno ve ucele.Lekovite imaat i toa kako dejstvo.Caevi ponekogas ne pomagaat.Ne zborime za grim.IMas spektar na lekovi koi se koristat vo kombonicija koja zavisi od diagnozata.Bitnoe pricinata na glavobolkata,umor,povreda,bolest,migrena.Kolku bolka imas?Spored bolkata ti prepisuvaat i analgetik.A za ventorot tocno e deka stetno vlijae na crn drob i toa e hronicna ne akutno vlijanie.Znaci lekot treba da go zemas opredlen period i pocest za da napravi belja.Dali ke go povlecat zavisi i od FDA organizacija koja gi konrolira stetnite dejstva na lekovite i bez negova dozvola ne e mozno da se prodava odreden lek pa potoa doaga do registracioja na lekot vo soodvetna drzava i dozvola od min.za zadravstvo.I imase uste pogolem kiks so lekovite na vremeto so tetraciklin antibiotik koi im se dal na bremeni zeni predizvikal katastrofalni rezultati.A bil dosta efektiven i nemal mnogu stranicni efekti kaj vozrsnite poedinci.
 
Исчепкав една убава листа на забранети лекови во пдф формат кој сака нека си ја земе:
 
Сите лекарство во извесна степен се хепатотоксични, и сето зависи од организамот како го поднесува лекот. Ова за ВЕНТОР-ов што станува збор убаво си пишува дека не се препорачува за употреба при лица со коагулопатии, проблематичен желудник , а во комбинација и со други лекартстав може да биде и силно хепатотоксичен. Така да тоа е лекарство на избор при силни болки и вискоак температира. Си има тамо скалило на корисно/штетно па лекарот проценува дали да го да де или не. Тоа ти е исто као за некои лекарства што не се препорачуваат на бремени, но во некои случаи тој лек може да биде животоспасувачки пак за бремената жена. Се преценува дали се поважи позитивните придобивки на лекот или негативните странични ефекти.
Венторот се употребува обично 1 до 2 таблетки на ден и не повеќе од 5 дена , тој не е за подолга употреба. За подолга употреба си има еден куп послаби аналгетици као со е парацетамолот

Исто е и со употреба на кортико стероидите, при некои болести се задолжителна и единствена терапија а се знае дека причинуваат остеопороза при подолга употреба.

Со неколкуј збора Венторот не е за секојдневна употреба и подолго време туку за кратка најмногу до 5 дена и за тоа време не мислам дека може да причини толкаво големо оштетување на црниот дроб.
 
Ок ацид ја не ја читав од почеток убаво па да се вратам он топик на темава. Еве нешто што гуглав по нет и најдов некои лекови кои што се забранети. Да дека поголемиот дел ги нема кај нас ама сепак да се знае секогаш е најубаво

Линк1

Линк2
 
Сите лекарство во извесна степен се хепатотоксични, и сето зависи од организамот како го поднесува лекот. Ова за ВЕНТОР-ов што станува збор убаво си пишува дека не се препорачува за употреба при лица со коагулопатии, проблематичен желудник , а во комбинација и со други лекартстав може да биде и силно хепатотоксичен. Така да тоа е лекарство на избор при силни болки и вискоак температира. Си има тамо скалило на корисно/штетно па лекарот проценува дали да го да де или не. Тоа ти е исто као за некои лекарства што не се препорачуваат на бремени, но во некои случаи тој лек може да биде животоспасувачки пак за бремената жена. Се преценува дали се поважи позитивните придобивки на лекот или негативните странични ефекти.
Венторот се употребува обично 1 до 2 таблетки на ден и не повеќе од 5 дена , тој не е за подолга употреба. За подолга употреба си има еден куп послаби аналгетици као со е парацетамолот

Исто е и со употреба на кортико стероидите, при некои болести се задолжителна и единствена терапија а се знае дека причинуваат остеопороза при подолга употреба.

Со неколкуј збора Венторот не е за секојдневна употреба и подолго време туку за кратка најмногу до 5 дена и за тоа време не мислам дека може да причини толкаво големо оштетување на црниот дроб.
Друже, ко прво Вентор се продава без рецепт.

Значи лекот може да го има кој сака. Што знае нормален човек што се коагулопатии и хепатотоксичност... Сите го сметаат за тотално безбеден лек. Знам едек куп на тинејџерки што РЕДОВНО го пијат како убедливо „најдобро“ апче против менструални болки. И ајде, објасни им ти после година дена зошто им се појавиле проблеми со црниот дроб.

И не сум баш убеден дека нашите „стручни“ медицински лица (секоја чест, има 2-3 исклучоци), поради кои еднаш и самиот видов како е да се возиш со брза помош, имаат направено посебни истражувања во врска со голем број лекови кои се продаваат кај нас.

" - Се продава во Уганда?
- Да.
- Океј, не гледам проблем."
 
И секако, повеќе информации за забраните на нимесулид / Nimesulide (Вентор во случајов).

За оние што не разбираат. Nimesulide (Вентор) никогаш и не бил дозволен за користење во САД, Канада, Велика Британија, Австралија и тн... Во неколкуте земји каде што бил првично дозволен, како Финска, Шпанија и Турција - беше забранет поради сериозни последици како откажување на црн дроб (по што е потребна трансплантација), па дури и смрт.

Неговата употреба кај деца никогаш не била дозволена во Швајцарија (каде што беше откриен лекот), или доколку бил првично дозволен (како Португалија и Израел) - бил забранет во 1999, откако починале неколку деца од неговата употреба.

Сеуште мислите дека не е сериозно?

Ова се само неколку од изворите кои може да ги најдете...

Читајте:
Дали треба да биде забранет во Индија?
Зошто е забранет низ светот?
Реакции на стручни лица и иницијатива за забрана
Забранет, но достапен?

Ако порано се криеле работи од финансиски интерес, сега бар е лесно да се дознаат. Има интернет, 2008-ма година е. Направете мало истражување, можеби ќе дознаете некоја работа која ќе ви го спаси животот...
 
Сите лекарство во извесна степен се хепатотоксични, и сето зависи од организамот како го поднесува лекот. Ова за ВЕНТОР-ов што станува збор убаво си пишува дека не се препорачува за употреба при лица со коагулопатии, проблематичен желудник , а во комбинација и со други лекартстав може да биде и силно хепатотоксичен. Така да тоа е лекарство на избор при силни болки и вискоак температира. Си има тамо скалило на корисно/штетно па лекарот проценува дали да го да де или не. Тоа ти е исто као за некои лекарства што не се препорачуваат на бремени, но во некои случаи тој лек може да биде животоспасувачки пак за бремената жена. Се преценува дали се поважи позитивните придобивки на лекот или негативните странични ефекти.
Венторот се употребува обично 1 до 2 таблетки на ден и не повеќе од 5 дена , тој не е за подолга употреба. За подолга употреба си има еден куп послаби аналгетици као со е парацетамолот

Исто е и со употреба на кортико стероидите, при некои болести се задолжителна и единствена терапија а се знае дека причинуваат остеопороза при подолга употреба.

Со неколкуј збора Венторот не е за секојдневна употреба и подолго време туку за кратка најмногу до 5 дена и за тоа време не мислам дека може да причини толкаво големо оштетување на црниот дроб.
Аха, и затоа некаде е забранет и повлечен целосно од пазарот, а некаде никогаш не ни бил одобрен за употреба. Затоа што е сосема безбеден. И затоа што ние имаме силни црни дробови, па можеме да поднесеме.
 
a dobro be za sto sluzi toj sugav lek moze nekoj da kaze???!:helou:
 
Против болки, читај погоре.
 
Поради огромните и тешки главоболки кои ги имам, принудена сум да пијам апчиња иако не сакам. Вентор ми помага и за менструалните болки и главоболки. Го разбирам Acid што сака да каже, мораш да се напиеш апче инаку целиот ден ќе ти пропадне. Знам дека од Аналгин ме болеше желудникот односно како ми кажаа докторите некоја си ципа од што е обвиткан желудникот ми е лом односно неможе желудникот да функционира како што треба и после бев на разни диети за да се обнови сето тоа. Разбрав од стручни лица дека Вентор не е штетен за желудникот и почнав да го користам како апче за моите болки, зашто желудникот кога боли неможеш ни да седиш ниту да легаш. Ама пак од Вентор ми проаѓа се и после извесен период ме боли стомакот. Почнав и него да го избегнувам и веќе незнам што да правам со моите главоболки:toe: Кетонал исто лошо влијае на желудникот, иако велат дека е ок.
 
И секако, повеќе информации за забраните на нимесулид / Nimesulide (Вентор во случајов).

За оние што не разбираат. Nimesulide (Вентор) никогаш и не бил дозволен за користење во САД, Канада, Велика Британија, Австралија и тн... Во неколкуте земји каде што бил првично дозволен, како Финска, Шпанија и Турција - беше забранет поради сериозни последици како откажување на црн дроб (по што е потребна трансплантација), па дури и смрт.

Неговата употреба кај деца никогаш не била дозволена во Швајцарија (каде што беше откриен лекот), или доколку бил првично дозволен (како Португалија и Израел) - бил забранет во 1999, откако починале неколку деца од неговата употреба.

Сеуште мислите дека не е сериозно?

Ова се само неколку од изворите кои може да ги најдете...

Читајте:
Дали треба да биде забранет во Индија?
Зошто е забранет низ светот?
Реакции на стручни лица и иницијатива за забрана
Забранет, но достапен?

Ако порано се криеле работи од финансиски интерес, сега бар е лесно да се дознаат. Има интернет, 2008-ма година е. Направете мало истражување, можеби ќе дознаете некоја работа која ќе ви го спаси животот...

На некое од заседаниата на WHO-World Health Organisation прошлата година или почетокот на оваа не ми текнува баш, беше дискутирано за рискантни лекови кои би требало генерално насекаде да се избацат од употреба ради поголемата токсичност отколку ефикасно дејство, меѓу кои се наоѓаше и вентор.Во моево досегашно медицинско искуство, барем во германија, до сеа ниеднаш немам сретнато некој да препише вентор, во било која книга дали интерна или фармакологија да стои индикација за користење на истиот лек или слично,едноставно воопшто не се користи, а дури и да го има во аптеки и те како е со рецепт,кој ретко некој доктор ќе го препише бидејќи од истата група лекови има далеку поефикасни и со многу помал ризик за појава на несакани дејства.
 
Стигна по мејл и реакција од РЕПЛЕКФАРМ, која како уредник сум должен да ја пренесам до читателите, затоа што кога во медиум ќе спомнеш некој кој е засегнат од тоа, должен си и да му дозволиш и да го демантира тоа, a читателите ќе одлучат за вистината врз база на понудените извори. Еве ја во целост:

-------------------------------------------------------------------------------

Во врска со објавениот текст на вашата веб страна, принудени сме веднаш да реагираме затоа што објавениот текст содржи дезинформација која што може да предизвика не само погрешни набедувања и погрешни толкувања, туку може да доведе и до судски спорови каде оној кој што тргнал комплетно нестручно и лаички да навлегува во објаснувања на дејствата на лековите може да дојде во комплетно неповолна состојба.
Значи заради точно информирање на јавноста, посебно за употребата, дејството, индикациите и штетноста на лековите мора да се земат во предвид неколку факти, кои произлегуваат од стручни и научно проверени извори со евидентни докази, а кои се од друга страна пак, поврзани со легални процедури и законски дефинирани дејствија.
Но, да тргнеме редоследно:
1. Јавното објавување на слика на лекот Вентор, без претходна консултација со производителот на лекот, а посебно без консултација со надлежните органи претставува тежок престап и кршење на Законот за лекови, кој забранува било какво рекламирање на лековите кои се издаваат на рецепт.
2. Лекот се издава само на рецепт и истиот не може да се користи во самомедикација, односно ако не е на рецепт препишан од матичен или соодветен доктор на медицина.
3. Европската Агенција за евалуација на лековите (ЕМЕА) после опсежните испитувања во однос на ризик/придобивка од употребата на лековите со нимесулид јавно ги објави научните сознанија и јасно објави дека придобивката во терапијата е поголема од ризикот во употребата. Одредените рестрикции кои се пропишани од страна на ЕМЕА се комплетно вградени во внатрешното упатсто на лекот Вентор и се однесуваат на мерките на претпазливост, ограничувања и контраиндикации, додека пак лекот не смее да се зема кај деца до 15 години. Второто ограничување за терапија не подолга од 15 дена, се содржи во самото пакување кое има 20 таблети, а лекот смее да се зема максимално во доза од 100мг, следна доза дури после 12 часа, односно максимално 2 таблети во тек од 24 часа и земајки го во обзир пакувањето, само 10 дена.
4. Од првата регистрација на лекот во 2002 година, до денес 2008 (значи во употреба 6 години) до денес, не сме добиле никаква пријава за несакано дејство од лекот.
5. Лекот Вентор е исто така регистриран и во други држави освен во Р. Македонија и во истите држави е во употреба повеке од 4 години. До денес не сме добиле пријави за несакани дејства од употребата на Вентор.
6. Како заклучок, но не и крај, затоа што остануваме на обврската да дадеме стручен совет за употребата на лековите и вон содржината во внатрешните упатства, односно да се надоврземе на препораките од матичните или други соодветни доктори по медицина, па напоменуваме дека секогаш може да не консултирате. Сепак, мора да сте информирани дека одредени аналгетици се комплетно исфрлени од употреба во Европа, други имаат уште поголеми рестрикции во употребата, а некои пак можат да појават и несакани дејства исклучително штетни по здравјето.
7. Лековите со нимесулид се регистриран во многу држави, а дејствата, индикациите, контраиндикациите, должината на терапијата и мерките на претпазливост се секогаш дел од регистрациските постапки во докажувањето на сигурноста, безбедноста и ефикасноста во употребата, односно сите ограничувања се содржани во одобрените внатрешни упатства, приклучени во секое пакување.
8. Како заклучок: секоја антиреклама може да биде и добра реклама, но МОЛИМЕ бидете стручни, до крај проверувајте ги фактите и внимавајте на законските ограничувања, посебно во областа на лековите. Исто така, внимавајте во самомедикацијата, затоа што истата може да предизвика поголеми проблеми. Советувајте се со лекар.
9. Достапните интернет страни не се секогаш доволно ажурирани и без чудни спонзорства, за да можете да се потпрете исклучиво на тие податоци. Бидете посовремени и користете и други достапни информации, особено кога во самата држава каде што живеете се наога и производителот на лекови од каде може во секое време да ги добиете најновите, релевантни податоци.

РЕПЛЕКФАРМ АД Скопје
 
Епа сега нема Вентор (и многу други) без рецепта,така што ако на некој му е навистина потребен ке мора да се задоволи со едно кутивче за месец. Освен ако докторот не ти е пријател (непријател) па ти препише повеке од кутивче!
 
интересно:icon_mrgr:
но, не можеле ли да наведат кои аналгетици (она болдираното)
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 07:30 ---
На аналгин не ти текна!?

Секогаш постојат неколку алтернативи, се надевам дека не си консумирал од овој лек.
Аналгин, барем според мене, си брка солидно работа.
и аналгинот не се препорачувал -од причина што може да доведе до развиток на опасното заболување агранулоцитоза.
Агранулоцитоза – е алергиска реакција на лековите

A large number of drugs[3] have been associated with agranulocytosis, including antiepileptics, antithyroid drugs (carbimazole, methimazole, and propylthiouracil), antibiotics (penicillin, chloramphenicol and co-trimoxazole), cytotoxic drugs, gold, NSAIDs (indomethacin, naproxen, phenylbutazone, metamizole), mebendazole, the antidepressant mirtazapine, and some antipsychotics (the atypical antipsychotic clozapine[4]). Clozapine users in the US and Canada must be nationally registered for monitoring of low WBC and absolute neutrophil counts (ANC).

http://en.wikipedia.org/wiki/Agranulocytosis
--- надополнето: 4 ноември 2012 во 08:04 ---
ова е список на штетни лекови (иако во Русија) сепак лесно е да проверите кој е кој од лековите
во списокот е и Линекс-от

но најопасни биле препаратите кои во себе содржеле терпинкод и кодеин (во сирупи против кашлање)за искашлување
тоа е наркотичен алкалоид -еквивалент на морфинот. кодеинот ја отстранува болката, кашлањето го ублажува делува против диарејата, и како странично дејство предизвикува лесна еуфорија, но со10 пати послабо влијание од морфиумот.

i-18935.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom