АБе папагалче , како може да зборуваш така, кога заев 2 месеца пред да почни да се гради ГЛОБАЛ заев ги молеше градежните фирми да се пријават на тендерот и тоа лично сум го гледал и слушал без да измислувам или да ми кажале, додека за тендерот татко ми беше таму додека траеше изборот, се пријавија две фирми едната де лукс и една бугарска, а пред тоа заев ги молеше МАВРОВО и други македонски фирми зошто кажа зошто да даваме пари на другите кога ние си го имаме тоа, ги молеше не знам како да ти објаснам....и на крајот зошто ја избрал таа фирма...немала искуство...па за да го притворат треба да му најдат некаков проблем на ГЛОБАЛ па после ке зборуваме,ако има некаква грешка во градењето и јас сум за протвор на заев....поздрав
vo koja nasoka e ova papagalce, moze li covek od 120 kila da e papagalce...barem papagal da si napisel... tuku izgleda pak ke treba da ti pastam nesto za tenderov
``На тендерот за изградба на „Глобал“ (објавен на 17 февруари 2006 година, само во „Утрински весник“, а не и во „Службен весник“) се јавуваат три фирми и едно физичко лице: „Де лукс инженеринг“ на Горан Крстев, „Комбатов и син“ од Бугарија, „Реис Жарнс“ од Скопје и извесен Глигор Чабулев. Од нив, понуда доставуваат само „Де лукс“ и бугарската фирма, која нуди гаранција од само 600.000 денари.
Во случајов интересна е фирмата „Реис Жарнс“. Во графата за потпис на лицето што ја подигнало тендерската документација кај оваа фирма пишува „градоначалник“. Фирмата не е заведена на веб-страницата на Централниот регистар на Македонија, ја нема на Интернет, ниту, пак, може да се најде нејзиниот телефонскиот број на информации.
Условите на тендерот се следни: доставување ревизорски извештај, референтна листа за последните три години за ваков вид работа (која носи 30 поени), отстапени права во трајна сопственост на нарачателот од огласот (60 поени), препораки и бонитет.
Според извештајот на Централниот регистар, „Де лукс инженеринг“ е основана во 2005 година, што значи една година пред да се распише тендерот. Тоа значи дека од старт не задоволува еден од условите на тендерот за референтна листа за последните три години. Што се однесува до препораките, „Де лукс“ не доставила ниту една, бидејќи немала изградено ниту еден објект. Во заклучниот дел за позитивниот бонитет од извештајот на Централниот регистар за фирмата (21 февруари 2006 година) пишува: „Треба да се напомене дека во најголем дел финансирањето на друштвото е од туѓи средства и крајниот ефект од работењето е на граница на рентабилноста“. Освен тоа, „Де лукс“ не доставила ревизорски извештај за работењето.
Според сите законски прописи, тендерот требало да се поништи. Наместо тоа, на 17 мај 2006 година за најповолен понудувач на тендерот е избрана фирмата „Де лукс инженеринг“ на Горан Крстев, 25-годишно момче кое две години подоцна гради една од најлуксузните куќи во Струмица, вредна повеќе од еден милион евра.``
и пази како ти викаш ги молел нашите фирми, тендер се распишува нема шо да моли заев ако фирмата има интерес се пријавува на тендерот. грешки му најдоа, беше во притвор, бране го аболицира...правдата во офсајд.