Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 15.025
- Поени од реакции
- 5.637
Оваа работа ми тера некаде како чешај си го мевот..Не сум Нострадамус да предвидувам дали Заев е виновен, дали не е виновен, и сите тракатанци околу него.Немаме ние прегледност во документите на Глобал, па не знам колку се веродостојни обвинувањата на фамилиите за обештетувањето,исто не сум сигурен ниту во изјавите на Заев..Затоа требаше да одлучи судот..Јас искрено не знам, го гледам вчера по вестиве Заев, исфрустриран, запален, само не знам кој сакаше да го направи будала..Јас што го гледам, или тој самиот..Му спремале атентати, му го одвртувале штрафчето од предното тркало на колата, му се заканувале во притворот дека ќе го снајди кофата итн(па се чудам што ли ќе кажуваше ако во притворот при капењето му паднело сапунчето)..И си се прашвам сега јас, овај сигурно е голем фан на акциони филмови и шпионски серии од терк по КГБ, ЦИА, Мосад...Атентати, заговори и што ти уште не ...Патетична изјава му беше онаа од типот на Шеќеринска со фустаните, сега овај на камерата, Господине Груевски..Само заборај да кажи една работа..Дека се ПОСРА!Дека се скри под капата на Аболицијата..Никој на факти нема да го осуди..Но еве да земиме и да го осуди, постојат Европски Судови, каде може да си ги бара правата, каде може да се жали, и сигурно ќе беше ослободен, а Груески максимално ќе беше искритикуван, ако воопшто постоеја фактите за кој говореше Заев..А Заев ќе излезеше апсолутен победник во таа драма..А вака што?Ништо..Ќе си остане ова дамка на политичката кариера, Чичо Бане кога ќе излезе од претседничката фотелја ќе си седне на кормилото на СДСМ, овој нема да му се меша во кандидирањето, и никому ништо..Искрено мислев дека Заев ќе си додржи на зборот и дека ќе докажува невиност по судски пат,дека нема да прифати аболиција..Но тој по се изгледа не му се седеше во притвор,не поседуваше докази од типот кој ги најавуваше, и тоа е тоа..„Абе ме затворија невин...Јас??Нема шанса да сум виновен...Одвај чекам на судење да докажам, имам факти, докази и еден куп работи што ќе му ги плеснам влице, така да нема шанси да ме прогласат за невин“
(во меѓувреме преседникот излегува со ас во ракавот, предлага аболиција)
„Абе каква аболиција..Јас сум во право и тоа ќе го докажам...на Суд..Ќе видат тие...“
(во меѓувреме, Црвенковски му дава една-две заушки и ЗЗ (демек) мора да прифати аболиција)
„Абе не беше за мене...Еден од другите обвинети беше болен и затоа ја прифатив аболицијата...“
(виде ова оправдување дека не фаќа, по советите со постариот и далеку поискусно изматениот претседник доби нешто вакво)
„Јас?Немаше шанси да добијам фер судење..“
Како прво каде пишува дека јавните личности не можат да бидат разбојници или убијци?
Како второ, Заев колку што гледав јас мирно беше приведен, без некое малтретирање и однесен во Полициската станица..(ако е плачко не сум крив)
Како трето, ако беше толку невин ќе си докажеше на суд, а не сега да мафта со тие доказите..Докази се за на суд, а сега ништо не го пери..Бане му ја лапна фотелјата во СДСМ!