Во Прилеп пак истата шема,пред новоизградената “шарена чешма“ пратени се да патролираат 10тина “слепци“ од Фабриката на Гвујо комплет со фамилии и се вртат во кругот како во зоолошка,најверојатно под казна,коментирајќи ја најновата кражба на славините,како да беа златни,иако за 200 000 евра колку што чинеше чешмата можеа да ископаат барем уште 10 бунари и да го намалат недостигот на вода кој го иритира половина град и го остава без вода иако граѓаните плаќаат најскапа вода во Европа.Овде Бранко не потпишува аболиции оти и нема сомнителни и обвинети за криминалот од 10 милиони евра кредит што го зеде Прилепскиот градоначалник,а не исполни ниту еден дел од ветувањата за подобро снабдување со квалитетна вода,а не со “боза“ како што моментално е кога ќе имаме среќа да протече таканаречената вода по домовите.