Случај ЗАЕВ - генерална дискусија

  • Креатор на темата drle
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
L

lubenakov

Гостин
Па...ВМРО има апсолутна власт изразена преку бројот на пратенички мандати, па без разлика дали опозицијата учествувала во парламентот или не :toe:
Mislam bez prisustvo na opozicija..... "A pred da izglasat predvremeni izbori, kazaa deka po izborite ke imame pokvaliteten parlament"

Toa li e pokvaliteten parlament??? Zakoni da letat na site strani a narodot da nema poima sto se desava vo drzavata.

Zaev go priveduvat, 60% poskapo parno.....

Na site VMROVCI im e povaznen protvorot na Zaev odkolku poskapuvanjeto na parnoto.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ако размислиш барем маааааллце логички, ќе сфатиш дека Бранко му нанесе непоправлива штета на угледот на Заев.

Воопшто не му направил услуга туку го маркирал со црна дамка, како ПОМИЛУВАН за кривично дело.

Многу поголема корист не само Заев туку и СДС ќе извлекоа доколку ги раситнеа убедливо доказите на обвинителството и ПРАВНО излегоа како победници, односно да ЈА ДОКАЖЕА НЕВИНОСТА.


И пак ќе се навратам на она претходното, кој се крие позади овој циркус со аболицијава...

- Бранко и остала екипа се плашат Заев да не биде притиснат/уценет и да пропее за некои матни партиски бизниси..

-или... Бранко сака да си го тргне З.З. од патот како пречка или единствена конкуренција во партијата,по популарност и доверба меѓу членовите, и намерно го саботира неговиот углед како чист функционер на СДС...
Заев жали што не може да ја докаже невиноста

Потегот на претседателот Црвенковски да го аболира, Заев одбил директно да го коментира.

- Тоа е негово законско и уставно право. Но искрено жалам што ја изгубив можноста врз основа на праведен судски процес да ја докажам мојата невиност и чесност. Останува тоа да го докажеме низ нашата работа во иднина, потенцирал Заев.



...:helou:
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
:)
Pogolem udar Zaev ne ni mozese da dobie .. tokmu od B.C/.. pa kaj ke se vraka B.C ako Zaev stane lider na SDS-to???

Jas sum uveren deka Zaev npravil propust pri izgradbata na global.. i deka ke dobiese fer nekoja minimalna kazna.. vaka e kaznet za cel zivot ! Ako nekoj ne veruva ili ne me razbira sto velam neka ja prasa Dosta Dimovska :)
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Па...ВМРО има апсолутна власт изразена преку бројот на пратенички мандати, па без разлика дали опозицијата учествувала во парламентот или не :toe:
Да но тоа не му дава за право да владее апсолутистички.
Сепак ВМРО не е Македонија.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
1. Се гледа дека во случајов аболицијата е селективна и се однесува за членовите на одредена политичка партија, со што се ставаат во повластена положба и надвор од законот во однос на останатите граѓани.

2. Како може Претседателот да аболира некого и да проглесува некого за невин, без претходно за тоа да се изјасни надлежниот суд?

3. Ова претставува
директно одземање на уставните надлежности на Законодавниот дом.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
За воља на вистината, аболицијата на Заев не ја бараше СДСМ, туку бараа да се пушти од притвор и да се брани од слобода. Тоа беше и еден од условите да се вратат во парламентот.
Постапката на Претседателот за аболиција, е во согласност со уставот и законите, гледано од правен аспект...и точка.
Друга работа се политичките консеквенци, позитивни или негативни, кои ќе ги сноси Црвенковски како последица на неговата одлука.

Поврзаноста на парламентот ја гледам во тоа што опозицијата се врати во законодавниот дом.
Гледај го тоа вака.
Одлуките кои се носат во парламентот, било тие и да се најдобри за државата, секогаш ќе ја имаат дамката што се вика консензус.
Претендираме да станеме членка на НАТО и ЕУ.
Кој ќе не свати нас сериозно, доколку во собранието ја нема опозицијата.
Има еден интересен момент кој никој не го коментира.
Дали ДПМНЕ со постапките кои ги презема, сака во ова држава да постои опозиција.
Јас велам не.
Па во недостаток на иницијативи и идеи да се разреши овој проблем, постапката на Претседателот со непотпишување на законите кои се донесени со светлосна брзина и без расправа ја оценувам како позитивна.
Дел од тие закони беа коментирани и на овој форум.
Во нив има толку недоречености и толку контрадикторности, што и ние обичните паламудачи на политиката, која се води во државава, дававме повеќе критика и насоки...за разлика од оние кои се платени да дискутираат по нив, и да ги наоѓаат недореченостите и грешките, и истите да ги исправаат.
Ниту еден амандман во собрание.
Личи ли тоа на законодавен дом ?

П.С.
7/8те милиони евра, се скоро ништо во споредба со 25/30те милиончиња, што треба некој да ги плати или компензира за некоја друга кампања.
1. сдс = Б.Ц така да вистината е дека Заев е аболициран од сдс
2. услови ???? дали сте во позиција да поставувате услови
3. од правна точка аболицијата е во согласност со уставот ,меѓутоа
последиците од неа се негативни и по Заев и по Б.Ц
4. оправданост што се вратило сдс нема утре пак ќе излезе
5. каква дамка за консензус???? како од 1949 на пример????
6. и за мене одлуката за аболиција е позитивна но од сосема други причини
7. собранието е такво како што народот на 01.06. одлучи да биде

П.С. Според твојот п.с признаваш дека 7/8 милиони се украдени меѓутоа според тебе тоа не е важно бидејќи минимум сума вредна за интерес е 25/30 милиони.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да но тоа не му дава за право да владее апсолутистички.
Сепак ВМРО не е Македонија.

Нема ништо апсолутистички во ситуација кога народот ги изгласал демократски на избори.

Во спротивност е со сите правни па и физички закони, губитникот на изборите кој доби историски НАЈМАЛА доверба до сега, да ја крои политиката на победничката страна.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
За воља на вистината, аболицијата на Заев не ја бараше СДСМ, туку бараа да се пушти од притвор и да се брани од слобода. Тоа беше и еден од условите да се вратат во парламентот.
Постапката на Претседателот за аболиција, е во согласност со уставот и законите, гледано од правен аспект...и точка.
Црвенковски = СДСМ.

Без разлика дали СДСМ изјавиле дека сакаат помилување или сакаат само пуштање од притвор - јасно е што сторија.
Друга работа се политичките консеквенци, позитивни или негативни, кои ќе ги сноси Црвенковски како последица на неговата одлука.
Иако гледано од правен аспект одлуката може да помине - сепак не е исправна од морален и разумен аспект, гледано низ очите на обичните граѓани (а не штабските палтрони на СДСМ, или сељаците со 0.5 % коефициент на интелигенција кои ја блокираа Струмица).
Поврзаноста на парламентот ја гледам во тоа што опозицијата се врати во законодавниот дом.
Можеше да се врати и без Заев.
Враќањето на опозицијата не зависеше од пуштањето на Заев, туку од желбата на СДСМ.

Кој ќе не свати нас сериозно, доколку во собранието ја нема опозицијата.
А кој ќе ја сфати сериозно опозицијата, кога си оди од собранието кога ќе и „прдне“? Си отиде затоа што беше приведен нивен член (за криминал), оставајќи ги граѓаните на Македонија (тие што ги избрале нив) без претставници во Парламентот.

Личи ли тоа на законодавен дом ?
Апсолутно не. Секој си заминува и доаѓа (со уцени) кога ќе му текне.
П.С.
7/8те милиони евра, се скоро ништо во споредба со 25/30те милиончиња, што треба некој да ги плати или компензира за некоја друга кампања.
Ако се докажат нерегуларности и ако се приведат потенцијални криминалци од ДПМНЕ, ќе навивам подеднакво и за нивно изнесување пред суд - исто како и за Заев. Кој крадел - треба да врати и треба да лежи. Без разлика од која партија е.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
55
Поени од реакции
3
Se nadevam deka ZORAN ZAEV ako nekogas ima prilika na nekoj nacin da vlijae na podobruvanjeto na uslovite vnatre vo pritvorskoto oddeleni vo KPU Sutka , deka ke se seti na 7 dena pominati vnatre i ke se potrudi da promeni nesto i tamu.Koj ne bil neznae ama koj bil moze kniga da napise, toa e uzas neviden,a lugeto tamu se krajno obesptraveni, degradirani .
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Може ќе изгради трговски на местото на затворот..
 
Член од
28 март 2008
Мислења
133
Поени од реакции
3
Zaev ne e vinoven go znaat toa dvete strani.B.C.znae zosto ja potpisa abolicijata,no rakovodstvoto na DPMNE mozebi ke odluci za glasanje nedoverba na Pretsedatelot.
Potpisuvanjeto abolicija i nepotpisuvanjeto na zakoni e ustavna moznost na Pretsedatelot,a dali se smee da se cepka vo ustavnosta na odlukite,doprva treba da se vidi.
Драга госпоѓице или госпоѓо СОНЈА5. Велите дека ЗЗ не е виновен, во што верувам дека и вие самите не верувате во тоа, а ако е така би ве запрашал зошто ЗЗ ја прифати аболицијата ????? која патем речено донесена е наврат на нос се со една цел да се забошоти целиот случај. Имаше шанса тоа да го докаже пред судот, тогаш ке се согласев со вашето тврденје дека е невин. Вака останува да се сомневам дека сепак работата не е чиста. Веке еднаш напишав и пак ке кажам ... ДРАМОЛЕТКАТА ШТОТУКУ ПОЧНУВА. :angel1::eek:jea::helou:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Иако гледано од правен аспект одлуката може да помине - сепак не е исправна од морален и разумен аспект, гледано низ очите на обичните граѓани (а не штабските палтрони на СДСМ, или сељаците со 0.5 % коефициент на интелигенција кои ја блокираа Струмица).
Можеше да се врати и без Заев.
Враќањето на опозицијата не зависеше од пуштањето на Заев, туку од желбата на СДСМ.
Да бидеме на чисто.
Јас аболицијата ја гледам како перверзен политички потег од страна на Претседателот од една страна, но од друга страна кога партијата на власт буквално го окупира судството и го става под целосна контрола, одлуката ја гледам како нужно зло.
Инаку и обичните сењаци и штабските полтрони на сдсм, и штабскиое полтрони на дпмне, и оние со 0,5 и оние со над 148 коефициент на интелигенција.....ја сочинуваат ова држава и ја прават една целина. Така да Јас не би потценил ни едно мислење или коментар.
На крај краева, сите имаат еднакво право на глас и право на избор.

Значи Заев е ослободен од обвинение со аболиција.
Во зависност од тоа на која страна е позициониран народот, тој за едните ќе биде невин и жртва на политиката, а за други ќе биде човек кој ја злоупотребил својата функција.
Во недостаток на судски процес, кој правично би пресудил, и обете страни се по малку или повеќе во право.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Добро, мора да се очекува дека најголемиот криминалец ќе си ги ослободува другарчињата.кој е тој да ги ослободува бе педер.......нека одлучи суд ова она не тој лигуш БЦ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom