Јас мислам дека Бранко е „печен„ за импичемент и тој асполутно е свесен за тоа т.е. се жртвува себе си и својата функција за да и помогне на СДСМ во нивното консолидирање.
Но, само една не ми е јасно мисли дека со вакви валкани игри ќе го крене нивниот рејтинг? Мисли дека пуштањето на Заев од затвор граѓаните го сметаат за позитивен чекор.
И ова не му е прв ваков чекор на Црвенковски:
Црвенковски втор пат го помилува СДСМ
Претседателот Бранко Црвенковски вторпат во рок од десет месеци го искористи правото на помилување на обвинети и осудени лица за да и’ помогне на својата поранешна партија.
Првиот пат, беше лани во октомври, кога Црвенковски со указ го помилува Александар Верушевски. Тој е син на познатиот разузнавач Зоран Верушевски, инаку близок соработник на СДСМ и на Црвенковски. По скандалите со неговиот син, Верушевски постариот беше испратен за советник на македонската амбасада во Рим.
Црвенковски денеска по втор пат ја искористи можноста да амнестира. Овој пат тоа го направи за потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. За Заев, јавното обвинителство пред две недели покрена истрага под сомневање дека сторил злоупотреба на службената должност при изградба на трговскиот центар Глобал во Струмица за што се неговите петмина соработници проневерил 7,8 милиони евра.
Претседателот Црвенковски помилувањето го направи во името на интересите на државата СДСМ да се врати во Собранието откако оваа партија ја напушти законодавната власт поради притворањето на Заев.
Во случајот на Верушевски, Црвенковски помилувањето не го даде самоиницијативно туку по барање на самиот обвинет поради нарушена здравствена состојба.
Помилувањето на Врушевски и аболицијата на Заев и неговите соработници, Црвенковски го прави врз основа на членот 84 од Уставот според кој претседателот дава помилување во согласност со закон и врз основа на членот 11 од Законот за помилување, според кој Претседателот може да даде помилување кога тоа е во интерес на државата или пак, кога од личност или околностите во кои е сторено кривичното дело тоа е оправдано.
Срамата е за Македонија вакви работа да и се случуваат. Ако Црвенковски правото на аболиција го користи само за помилување на луѓето блиски до него тогаш што остана од нашата правна држава. Што остана за нас обичните смртници?