Па како што глеаме не само Грција туку цела европа дига раце од нас што ни преостана уште Србија,Словенија, Бугарија и Албанија да кренат раце од нас и ќе си останеме со пуст сон за европа и нато, а со признавање на косово не само што ќе паднеме во едни од најтешките гомна туку и ќе потонеме заедно со Грујо :helou:
Грешиш. Да кренале раце од нас, ќе се откажеле од нас и ќе нè оставеле сами на себе и
немало да ни се мешаат во нашите работи.
Реалноста е сосема поинаква: тие нè „сакаат“ сè додека им одиме ним по интересот. Чист бизнис.
Е сега, ако нивниот интерес се коси со нашиот национален, секој паметен човек би им рекол „поздрав и пријатно“.
Умствен експеримент: пробај на Француз да му речеш дека не е Френцуз или е Гал, на пример. Уште поблиску: пробај на Србин да му речеш дека ако се прогласи за Хрват, ќе влезе во НАТО; не ти гарантирам дека ќе преживееш.
Има едно кажување, кое вели вака: „Банката ќе ти даде кредит само тогаш кога ќе ја убедиш дека не ти е потребен.“
Многу е точно и во овој случај: ако нам не ни треба ниту НАТО ниту ЕУ, тие самите ќе бараат да им влеземе, онака како што нам ни одговара (зашто, нели, тие бараат да влеземе, не ние).
Инаку, многу чудно ја цениш својата вредност; според тоа кој колку „не кренал раце од нас“.
Ако лична твојата вредност зависи од другите, тешко тебе.
И да си знаеш: ако се обидуваш да покажеш дека Македонците вредат само онолку колку што другите мислат добро за нив, можеш слободно да се закопаш во земја и да не излегуваш, зашто тоа е апсолутно лузерско размислување.