Како го разбирате светото тројство?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
како што пророците укажуваат на одредена работа, така учењето за митарствата...
Пророците говореа инспирирани од Бог и нивните Боговдахновени дела се дел од Божјиот Збор - Библијата, за разлика од учењето за ткн. "митарства" кое не е дел од Божјиот Збор, туку е човекова измислица и дел од народните приказни.

Христос на Голготскиот Крст комплетно ја плати цената за нашиот грев и секое учење кое учи "доплатување" за човековите гревови по смртта е спротивно на првичното евангелие кое го чувме од Христос и апостолите.

"крвта на Неговиот Син Исус Христос нè очистува од секој грев."
(1 Јованово 1:7)

"Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!"
(Галатјаните 1:8)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Пророците говореа инспирирани од Бог и нивните Боговдахновени дела се дел од Божјиот Збор - Библијата, за разлика од учењето за ткн. "митарства" кое не е дел од Божјиот Збор, туку е човекова измислица и дел од народните приказни.

....очекуван одговор...

Ајде барем „теоретски„ остави ја можноста од нивно постоење и замисли како ти би се чувствувал низ наведените митарства.

Исто како што пророците говореа под влијание од Светиот Дух, на ист начин, од истата таа благодатна енергија говорат и апостолите и подоцнежните богоугодници, познати како Светии. Јасно е дека и учењето за митарствата не е нечија фантазма, туку искуство наталожено од живеењето според Писмото.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исто како што пророците говореа под влијание од Светиот Дух, на ист начин, од истата таа благодатна енергија говорат и апостолите и подоцнежните богоугодници, познати како Светии.
Ако тие "подоцнежни богоугодници" или ткн. "светии" говореа на истиот начин како и пророците, тогаш зошто нивните дела не влегоа меѓу кориците на Библијата? :)
Очигледно не ќе да беше "истиот начин" нели? Едното е Божји Збор, а другото е човечко предание.

"Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа."
(Колошаните 2:8)
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Без непотребна параноја!:wink:
И не мешај ја твојата Библија со Кур,анот.Се изгуби дејче, очигледно твојата омраза кон Исламот не ти дава здраво да мислиш и пишуваш,ама нејсе,така оди тоа.

А сега да се вратиме на темата:

Како го разбираш Светото Тројство? :nesum:
Воопшто не е во прашање омраза кон исламот. Туку оваа тема за Тројството ја имам тупено со муслимани тет-а-тет повеќе години...безуспешно.
Прво ќе ме прашаат за Исус, дали го сметам за Бог и то, а кога ќе почнам да им објаснувам во очите им се чита отсуство а репликата е “Речи ила ила илалах ...“ и то, знаеш ти што следи.

Така да, како јас го разбирам тројството-ти нема ни да се осмелиш да посакаш да го разбереш ни од дискутабилни причини. Затоа не гледам смисол во тоа да објаснувам како јас го разбирам тројството. Го разбирам такво какво што е-Бог Отец + Св. Дух+ Исус-син Божји.
Како сонце кое истовремено свети, дава топлина и живот.
како вода во 3 агрегатни состојби.
Бог создател на се живо и неживо создава се со помош на Духот а бидејќи Бог неможе да биде директно виден, Бог се отелотворува преку Исус кој доаѓа на земјата со мисија да го спаси човештвото од гревот на Адам и ева...но ти секако не сакаш да го разбереш тоа:wink:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако тие "подоцнежни богоугодници" или ткн. "светии" говореа на истиот начин како и пророците, тогаш зошто нивните дела не влегоа меѓу кориците на Библијата? :)
Очигледно не ќе да беше "истиот начин" нели? Едното е Божји Збор, а другото е човечко предание.

"Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа."
(Колошаните 2:8)
Како бе, Чорбаџија, делата светителски да бидат дел од Писмото, кога цело време зборувам за искуства кои се собирани, таложени и споделувани во периодот после дефинирањето на Писмото?

Да, се работи за букавлно истиот начин на кој зборуваат и пророците, и апостолите и подоцнежните Светии. Затоа , она кое го говорат, на пример, современите свеогорски монаси, го има истиот оној дух и истата онаа несветовна мудрост, кој можам да го сретнам и кај апостолите и кај Светиите од првите векови на христијаството.

Она кое го цитираш од посланието до Колосјнатие, а каде се споменува изразот „предание„ , по кој основ го поистоветуваш со православното предадие, кога истото тоа (православно предание) настанува дури после дефинирањето на Писмото и после Христовото вознесение и седнување оддесно на Отецот? А, според мене, да не се доенсува тој израз на некое друго предание, на пример, на јудејското, со додавањето на новотарии во ионака строгиот старозаветен Закон?

Веќе имам напишано дека преданието (православно) е составено од сите учења и искуства кои Црквата ги таложи веќе 2000 г.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Апостолот зборува во ИДНО време, ги предупредува христијаните да се пазат од човечки преданија. Човечки преданија имало и тогаш, има и сега. Како што евреите си додавале разни новотарии над својата вера, така и православните си додаваат еден куп новотарии (како што се митарствата, иконите, свеќите, светите водички, бројаниците, молитвите кон светци, кон Марија, поклонувањето пред лешеви на покојните верници, мирисањето и бакнувањето на лешевите ) над христијанската вера.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А како тоа, велиш, апостолот зборувал во идно време, а во претходен твој пост велиш дека апостолот зборувал за неговото време???

Чудна работа биле тоа времињата...

Колку јас ги разбирам работите, (настрана Црквата) целото христијанско учење е пред се учење од духовна природа, што значи, безвременско (и пред и за време и после пророците и апостолите) и целото тоа учење ќе остане исто барем до вторто Христово доаѓање.
Затоа, мене лично ми се неубедливи тврдењата дека тоа било учење од некои мрачни времиња ама денес луѓето биле страшно информирани и не требало да паѓаат на такви учења.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
А оние православни „реквизити„ кои ги наведуваш, имаат своја логика на постоењето. За тоа, веќе имам пишувано на фирумов.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Немој да мешаш баи и жаби. Јас реков "сегашно време" за стихот од Ефешјаните 6:12, а реков "идно време" за стихот од Колошаните 2:8.
Не се толкува така Библијата Мики. Мора да го гледаш целиот контекст на стихот, кој пишува, кому пишува, зошто пишува, што пишува. Во случајов Павле им се обраќа на христијаните предупредувајќи ги да се пазат од човечки преданија, а не, како што велиш ти, дека Павле им се обраќал на евреите да се пазат од додавањето новотарии на стариот закон. Не можеш да ја релативизираш Библијата како што ќе ти текне. Едно е кога Библијата вели: "ќе дојдат денови кога...", а друго е кога вели: "сте чуле дека ви било речено..."

Значи, да не ја должиме, митарствата, иконите, свеќите, светите водички, бројаниците, молитвите кон светци, кон Марија, поклонувањето пред лешеви на покојните верници, мирисањето и бакнувањето на лешевите... ништо од ова нема во Библијата. Таа се новотарии или човекови преданија во православието. Точка :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Логично.. и сето тоа под услов да се потпираме само на она кое е запишано во Писмото, иако од неговото дефинирање изминаат само 19 векови...но не поминати во испразни толкувања на она кое и кога и за кога го кажал овој или оној апостол, туку и во живеење според истото (според Писмото) и од кое живеење произлегоа и Светиите, и митарствата и свеќите и кадилата и крстот и бројаниците и иконите и мироточивите коски од Светиите и све друго....
Ај, да не ја должиме....
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Воопшто не е во прашање омраза кон исламот. Туку оваа тема за Тројството ја имам тупено со муслимани тет-а-тет повеќе години...безуспешно.
Прво ќе ме прашаат за Исус, дали го сметам за Бог и то, а кога ќе почнам да им објаснувам во очите им се чита отсуство а репликата е “Речи ила ила илалах ...“ и то, знаеш ти што следи.

Така да, како јас го разбирам тројството-ти нема ни да се осмелиш да посакаш да го разбереш ни од дискутабилни причини. Затоа не гледам смисол во тоа да објаснувам како јас го разбирам тројството. Го разбирам такво какво што е-Бог Отец + Св. Дух+ Исус-син Божји.
Како сонце кое истовремено свети, дава топлина и живот.
како вода во 3 агрегатни состојби.
Бог создател на се живо и неживо создава се со помош на Духот а бидејќи Бог неможе да биде директно виден, Бог се отелотворува преку Исус кој доаѓа на земјата со мисија да го спаси човештвото од гревот на Адам и ева...но ти секако не сакаш да го разбереш тоа:wink:

Е така бе љубави, гледаш дека може и мирно да се дискутира кога се сака. :smir:

П.С. Да не ти падна и тебе шеќерот денеска ( да не постеше)?:smir::smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
u bIBLIA PISUET DEKA ONOJ KOJ KE GO VIDI bOG KE UMRE, A POSTO MNOGUMINA GO VIDELE iSUSA ZNACI DEKA ISUS NE E BOG, NITU SIN NEGOV, NEGO ISUS BIL PRATENIKA AMA NE NARODEN PRATENIK TUKU BOZJI PRATENIK I ON REKOL PO MENE KE DOJDE DRUG MISLEJKI NA MUHAMMED A. S.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исусовото тело не било Божјото лице, туку човечко тело кое наликувало на Неговата телесна мајка Марија. Божјото лице е нешто друго, нешто што не го пишува во исламските антихристијански брошурчиња. За да го дознаеш тоа ќе мора да ја прочиташ целата Библијата, во спротивно ќе си се гордееш со твоите заблуди во врска со Христијанската вера.
Исус рекол дека откако ќе отиде на Небото ќе го замоли Отецот и Тој ќе ни го прати Светиот Дух, а не Мухаммед.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Sum ja procital biblijata sto puti i Kuranot na bosanski i makedonski, vo kuranot pisuva ne gi izednacuvajte hristijanite i evreite so nevernicite, zatoa sto megu niv ima dobri luge koi vo dobri dela se natprevaruvaat na dobro upatuvaat a od zlo odvrakaat. Na islamot ne mu smeta hristijanstvoto kolku zapadniot hedonizam i profitabilnata logika na komercijalnite opstestva kako sto se kapitalizmot.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Sum ja procital biblijata sto puti i Kuranot na bosanski i makedonski, vo kuranot pisuva ne gi izednacuvajte hristijanite i evreite so nevernicite, zatoa sto megu niv ima dobri luge koi vo dobri dela se natprevaruvaat na dobro upatuvaat a od zlo odvrakaat. Na islamot ne mu smeta hristijanstvoto kolku zapadniot hedonizam i profitabilnata logika na komercijalnite opstestva kako sto se kapitalizmot.
:pos2::pos2::pos2:HAHAHA ME NASMEA DETE ZAPADEN HEDONIZAM , KAPITALISTI .=NAJBOGATITE KAPITALISTI = MUSLIMANSKITE SHEICI:pos2::pos2:ISLAMOT SAM NA SEBE SI SMETA:pos2::pos2:JAS SE IZVINUVAM NA OFF TOPIK:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom