Квиз 50-50 !

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Денешните натпреварувачи се толку глупи шо ми идат да го скршам телевиоров од нервоза.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Денешните натпреварувачи се толку глупи шо ми идат да го скршам телевиоров од нервоза.
А професори се. На едниот му поставува прашање каде се користи таа и таа валута, он кажува главни градови на понудените држави Венецуела и Боливија, се пофали дека знае дека Ла Паз е највисокиот главен град два пати...

А па водителот ме вади од такт веќе, до пола го гледав сега и не можам више, кои глупи прашања поставува и на почетокот увек исто се најавува.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кој го пропушти ова денес ќе му е криво.Паднав од кревет од смеење.Исто ми беше како на Солид, тој професорот глуп беше премногу.Која врска има паричната единица боливар со главните градови на Венецуела и Боливија?:pos2::pos2:
На крај даде ептен "краток" одговор.Ако вака одговараат учениците...
Многу глупи луѓе.На крај дури и агенции и Крушево мешаше:pos::pos::pos:
Премногу смеа за една вечер:)
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Ќути не да беше смешно ама на крај водителот кога го читаше прашањето за гледачите
Кој е вотидел на квизот 50-50
како се изразили само:pos2:
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
А бе и водителот глуп....се на се квизов е срање во боја...
 
А

Ајсшутер

Гостин
Ако ги тера така 'кратко' да одговараат учениците тешко нив :)
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Денешниве играчи ме разочараа:toe:
 
V

[vladimir]

Гостин
хехехехе овие ако беа професори јас сум авион леле колку ја тупеше тој ги жалам учениците :pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Добре дојдовте во темата за квизот во кој можете да освоите 300.000 денари! Да, да добро ме слушнавте, 300.000 денари. :ретардиранатанасмевка:
И што е најважно, цело лето имате шанса да освоите 300.000! Се што е потребно е да направите пар со некој ваш близок пријател, пријателка, роднина, сопруг. Да се пријавите на бројот ххх-ххх... Ау и да имате 16 години, да. ОВИЕ УСЛОВИ ДЕНЕС ГИ ИСПОЛНИЈА ДВА ПАРА! АПЛАУЗ ЗА ПРВИОТ!

Веќе досаден е со ова, нека смени нешто. Ама кога ги праша професориве: Љубовници да не сте? Демек јака шала направил, цела Македонија се смее. После некоја ,,шала‘‘ одма се осеќа како не знам кој да е. Ама кога ќе ја направи онаа насмевка, леле, леле, па кога ќе му ги видам тие ЗАБИ...

Понесоодветен човек за квизов не можеа да најдат. Едноставно не знае што да ги прашува учесниците во квизот, па ги прашува глупости, што прво ќе му текне.

Квизот си е приказна за себе. 300.000 скоро никакви шанси немаш да освоиш. Мора да си знаел колку прашања точно си одговорил. Неверојатно.
Ќе престанам А1 да гледам од овој квиз пеес-пеес.
Ем глуп квиз, ем глуп водител, со идиоти-учесници.
Ме извади од такт денес.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Денес не го гледав добро зашто имав гости, но обавезно ќе ја гледам репризата.Штета е да се пропушти такво смеење.:)
Инаку, јас пак ќе се фатам за тоа како ги најавува рекламите :tapp:, оти вечерва само тоа успеав да го слушнам.Каков заводнички поглед и глас има кога ги најавува...:nesvest:
 
Ти ако се мислиш дали да го гледаш или да не го гледаш он би те прашал: Која ти е дилемата? :uvo:
Ако сакаш да се насмееш мора да го гледаш.
Он запамтил дека Трендо викаше: Која ти е дилемата? Кога требаше да одговараат, ама тогаш имаше 4 понудени, сега 2. Кретен.
А сега РЕЕЕКЛАМИ!
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
UPDATE!!! BREAKING!!!
Добродојдовте во најдобриот квиз на парови 50-50. Јас сум Предраг Павловски, верувам и знам дека веќе добро ме знаете. Ова е квиз, во кој ако имате маааааалку среќа и знаење, можете да освоите 300 000 денари (вауууууу). Да, да, добро ме слушнавте - 300 000 денари (и пак вауууу). И што е најважно, цело лето, 3 пати неделно, имате шанса да ја освоите таа сума, од 300 000 денари (ваауууууууу).
Се што е потребно да направите, за да учествувате во квизот е да направите пар со некој ваш близок пријател, роднина, сопруг, љубовница, и не знам уште каков пар и да се пријавите на бројот ххх-ххх... А, се разбира, и треба да имате минимум 16 години.
Овие услови денес ги исполнија два пара.
Аплауз за првиот пар (вауууууууууууууууууу).
Ајде да ни се претставите.
Па јас сум ХХХХХХХ работам во ХХХХХХ и голем поздрав до ХХХХХ.
Ајде да ни се претставите и вие.
(Погледни два реда погоре ^^^)
Сега јас одам да го претставам вториот пар, а вие немојте некаде да ми киднете.
(И сега иста дешавка како горе).
Сега, знаете дека треба да ја играме играта Ком - па - нија.
(и потоа се игра ком - па - нија и она иронично прикажување од страна на лицето П.П.)
И потоа - Жалам, навистина ми е жал :)toe:), но вие не очајувајте, ќе имате повторна можност во некоја од наредните емисии.
Сега ние со победничкиот пар ќе ја играме првата игра Градење банка... Но, пред тоа... - РЕКЛАМИ! (Ваууууууууууууууууууууууууууууу)
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Добре дојдовте во темата за квизот во кој можете да освоите 300.000 денари! Да, да добро ме слушнавте, 300.000 денари. :ретардиранатанасмевка:
И што е најважно, цело лето имате шанса да освоите 300.000! Се што е потребно е да направите пар со некој ваш близок пријател, пријателка, роднина, сопруг. Да се пријавите на бројот ххх-ххх... Ау и да имате 16 години, да. ОВИЕ УСЛОВИ ДЕНЕС ГИ ИСПОЛНИЈА ДВА ПАРА! АПЛАУЗ ЗА ПРВИОТ!

Веќе досаден е со ова, нека смени нешто. Ама кога ги праша професориве: Љубовници да не сте? Демек јака шала направил, цела Македонија се смее. После некоја ,,шала‘‘ одма се осеќа како не знам кој да е. Ама кога ќе ја направи онаа насмевка, леле, леле, па кога ќе му ги видам тие ЗАБИ...

Понесоодветен човек за квизов не можеа да најдат. Едноставно не знае што да ги прашува учесниците во квизот, па ги прашува глупости, што прво ќе му текне.

Квизот си е приказна за себе. 300.000 скоро никакви шанси немаш да освоиш. Мора да си знаел колку прашања точно си одговорил. Неверојатно.
Ќе престанам А1 да гледам од овој квиз пеес-пеес.
Ем глуп квиз, ем глуп водител, со идиоти-учесници.
Ме извади од такт денес.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
И уште нешто:

-Знаеш дека времето за размислување ти е неограничено и не треба да брзаш (5 повторувања на 10 минути)

-Аплауз, аплауз, публико, не се срамете (ваууууууууууууууууу)

-Ама ова е најјако и дефинитивно најмногу повторувано во секоја емисија:
СЕГА СЛЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА ЗА ГЛЕДАЧИТЕ. ВО СТИЛОТ НА КВИЗОТ ФИФТИ-ФИФТИ ВИ НУДИ ЕДНА ОПЦИЈА ЗА ОДГОВАРАЊЕ. :pos2::pos2:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Ти ако се мислиш дали да го гледаш или да не го гледаш он би те прашал: Која ти е дилемата? :uvo:
Ако сакаш да се насмееш мора да го гледаш.
Он запамтил дека Трендо викаше: Која ти е дилемата? Кога требаше да одговараат, ама тогаш имаше 4 понудени, сега 2. Кретен.
А сега РЕЕЕКЛАМИ!
Хахаха...да, постојано тоа ги прашува.

Човекот се труди да го направи квизот интересен, но сега за сега, не му оди.:)
Исто така постојано ја моли публиката за аплауз:uvo:.Премногу ја форсира...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Хахаха...да, постојано тоа ги прашува.

Човекот се труди да го направи квизот интересен, но сега за сега, не му оди.:)
Исто така постојано ја моли публиката за аплауз:uvo:.Премногу ја форсира...
А најтрагично е тоа што е уверен дека го прави квизот интересен.

И ајде сега да ја играме играта ,,компанија‘‘, да видиме кој ќе може да пишува на форумов, а кој не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom