Дали секогаш победува љубовта?

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
И покрај сите пречки,,доколку ги има,,без разлика за што станува збор,,дали мислите дека во животот секогаш победува љубовта и дека ако двајцата навистина се сакаат ќе преминат преку сите пречки и ќе бидат заедно? Или можеби има случаи кога поради некоја причина иако се сакаат ќе останат разделени? Мислите ли дека постои причина која е оправдана за да не бидат заедно иако се сакаат вистински,,и поради која вреди да ја жртвуваат својата љубов? Можеби имате некој пример,,некое искуство,,па можете и да наведете некоја таква причина???
Искрено јас немам такво искуство,,но инспирација добив од секојдневието,,зошто многу се поретки луѓето кои се во врска и се сакаат,,а многу се помногубројни оние кои страдаат поради неостварената љубов...
повелете:smir:
 

GarDiaN

ФудБалЕрчЕ
Член од
16 февруари 2006
Мислења
465
Поени од реакции
19
Живееме во свет во кој љубовта све помалце се чуствува и све помалце е возможна. Во денешно време по мене ретки се луѓето што ја искажуваат љубовта на начин сличен на бајките каде што некој све би направил за љубовта.

Овој свет денешниов е преокупиран со лаги, неискреност и лажни толкувања на чуствата. Не би сакал да давам примери или да филозофирам зошто е тоа така.

Премногу љуѓе што некогаш искрено љубеле биле повредени од некого и потоа резервирано продолжуваат со искажување на љубовта а дури и најлошото некои и се откажуваат од тоа искрено и свето чуство - љубов и се сведуваат на само задоволство.

Денешниов живот не не спречуваа таква љубов да е возможна и да ја бараме прекрасната совршена љубов, едноставно луѓето се ограничуваат со искуствата и ја губат едноставно надежта да продолжат да се бораат или волјата за потрага по таа љубов.

По мене се потешко е да победи љубовта, такво е софистицирано општеството што премногу пречки ќе ти бидат поставени за да не успееш, но сепак не треба да се откажеш првин обидисе да се увериш дека искрено и навистина ја љубиш таа особа и дека неможеш без нејзе кога ке се увериш пополека и ке излезат и начинита како да победи љубовта. тешко да успееш ама важно не се откажувај.

Да кажеш во денешно време дека некој искрено сакаш и дека цел живот ке ја сакаш ке те мислат за ментално пореметена личност и пополека ке се одалечуваат од тебе, ќе се плашаат од тебе.:(

Све зависи од личноста колку е умствено созреана и колку се знае себеси, колку ја знае личноста и не треба да имаш 20-30-40 години за да имаш таков став, може и со 15-16-17 години тоа да го почуствуваш.

Љубовта за мене првен е света, сама по себе совршена па све друго после тоа, да сакаш е прекрасна работа.

Таа љубов што како мали некој ја замислуваат е премногу тешка да успее, ако на првата пречка се откажеш или на првиот проблем, па нели совршеното све треба да има за мене совршена љубов треба да има проблеми и доказот дека е совршена таа љубое треба да биде заедничкото решавање и поминување на тој проблем.

Во љубовта не смееш да ги осудуваш луѓето според твоите искуства туку според кои се тие, подајте им шанса кога ке бидете сигурни дека тој е за вас, шанса да велезе во вашето срце. Дајте му шанса да се искаже и да згреши, дајте му уште една шанса , така и така животов 1000 пречки ќе ви постави уште и ние самите ако си поставуваме пречки тешко љубовта :(:(:(

Ја секогаш ќе веруваам дека љубовта секогаш ќе победи но секако не со чекање самата да победи, мора да се обидеш на секаков начин додека си искрен кон себе секогаш ќе знаеш дека тоа е правилната работа.

ЉУБОВ СОВРШЕНСТВО СОЗДАДЕНО ВО НЕСОВРШЕН СВЕТ
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Vistinskata ljubov sekogas pobeduva , no taa e retka edna u 1000 ...
sotkaena e od razbiranje, strast i pocit ...
i nema nisto drugo na svetot za sto vredi da se zivee kako potik osven
taa edna vistinska ljubov ...
pojaka i od vremeto i od prostorot , ljubov koja ne poznava strav , ni prepreki
ednostavno e tuka i kako da svetot zaprel koga ke ja osetite
zarem moze nesto da go pobedi toa cuvstvo
koga univerzumot se spojuva vo necii ochi
a toplina ti e vo srceto koj te tera napred
Ebem ti zivot zboram ko pichica , pak sum se zaljubil i toa jako izgleda :kesa:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
И покрај сите пречки,,доколку ги има,,без разлика за што станува збор,,дали мислите дека во животот секогаш победува љубовта и дека ако двајцата навистина се сакаат ќе преминат преку сите пречки и ќе бидат заедно? Или можеби има случаи кога поради некоја причина иако се сакаат ќе останат разделени? Мислите ли дека постои причина која е оправдана за да не бидат заедно иако се сакаат вистински,,и поради која вреди да ја жртвуваат својата љубов? Можеби имате некој пример,,некое искуство,,па можете и да наведете некоја таква причина???
Искрено јас немам такво искуство,,но инспирација добив од секојдневието,,зошто многу се поретки луѓето кои се во врска и се сакаат,,а многу се помногубројни оние кои страдаат поради неостварената љубов...
повелете:smir:
О да, има многу причини.
-Ако еден од партнерите изневерува. Да, он/а може и да си го/ја сака, ама пак да му се случило вака или онака да заврши со друг/а во кревет.
-Ако еден од партнерите има „настрани“ фантазии, е импотентен, има сексуални проблеми или е „општо“ лош во кревет. Колку сака љубов нека има, ако нема обострано задоволство во сексот, таа љубов ќе замре sooner or later.
-Причини од финансиска природа. Го сакам, ама сиромашен е. А јас сакам да има кола за да ме враќа, да има пари за да ме части и да ми купува подароци. Или барем да има доволно за да не морам да го издржавам. Ете ти у старт проблем, што дури и да успее да „разбуди“ љубов, многу брзо истата ќе ја „заспие“.
-Семејни несогласувања за изборот на партнерот, забрани да се гледа со него исл. Некои ќе бидат бунтовници и ќе одат против желбите на нивните родители, ама не ретко има и такви кои ќе се покорат на забраните и ќе се обидат да ја потиснат љубовта, и да најдат нова која ќе одговара на критериумите на семејството.
-Страни препреки, на пример студирање во странство, болест, обид на некој од страна да ја расипе врската исл.

И уште многу други причини, да не ги набројувам.

Љубовта е само еден дел од целото во една врска меѓу две личности. Особено ако барем една од личностите во животот им дава предност на други полиња, како финансиски план, личен успех, семејни одлуки и слично. А најголем дел од нас спаѓаат баш во таа група. Ретки се оние кои се доволно сонувачи за да веруваат дека љубовта се ќе победи и дека ништо друго не е важно.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
дали мислите дека во животот секогаш победува љубовта и дека ако двајцата навистина се сакаат ќе преминат преку сите пречки и ќе бидат заедно?
Се ќе биде простено.
Се ќе биде заборавено.
Освен љубовта која е подарена.
Стариот добар план секогаш успева додека не се откажи :)
Разочарувањата неповратно се забораваат.

Но она денеска што постои се само ефтини реплики на чувства, лоша поезија и бомбоњери... и разговори под придушено светло... ветар во магла:)
Да сакаш е да страдаш.

Само ако постои вистинска љубов, сигурност, верба за надминување и волја од двете страни да им се случи посакуваното. Oдекот на совеста ги гази неприликите.
Ете така... :)
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ако победуваше секогаш љубовта, светов ќе беше подобро место за живеење, со посреќни и позадоволни луѓе. Реалноста е друга ... ретко има парови кои завршиле заедно затоа што се сакаат и понатаму живеат хармоничен живот, со што позитивно влијаат на цела околина. Се` останато е мрачни фаци, полни со омраза и безживотни. Гневни на се` затоа што се незадоволни од својот од други скроен живот, полни со каење зошто не постапиле поинаку кога можеле.
Мрачно е тоа и воопшто не ми се допаѓа, ама што ако ми е мене така, нели?:toe:
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ретко има парови кои завршиле заедно затоа што се сакаат и понатаму живеат хармоничен живот
па тука има само 2 опции, или борба за љубовта или бескрајна тага. Кукавиците го одбираат второто мислејќи дека е полесно, па и затоа постојат тие мрачни фаци.:toe:
 

Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
па тука има само 2 опции, или борба за љубовта или бескрајна тага. Кукавиците го одбираат второто мислејќи дека е полесно, па и затоа постојат тие мрачни фаци.:toe:

Во многу розвов свет живеете и покрај јасната и доловена слика на сегашната ситуација во која живееме, самите сме свесни дека се полека но сигурно се сведува на материјално, а љубовта некаде далеку доцни, самите ние сме виновници за тоа, а дека е кукавичлук во прашење не е не би се согласила, мислам дека пред се е страв од губење и разочарување бидејќи се почесто се присутни, за да победи љубовта треба двете страни да се ангажирани и сплотени, едно пиле пролет не прави.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Што е љубовта воопшто?
Има ли дефиниција за тоа?
Се мери ли некако?

Јас би сакал вака: да постои мерка за човечката емоција. Најверојатно ќе биде векторска, бидејќи ќе биде насочена - значи, имам емоции кон оваа личност, со толкав број на единици, кон онаа личност, со различен број на единици, итн.

Тоа би било супер - ако некој оди во минус кога зборува со некој друг, тоа значи дека таа личност воопшто не му значи, туку ја користи само за сопствена цел. Но, ако векторот е насочен кон некоја друга личност, и е голем по апсолутна вредност, тоа значи дека таа личност повеќе му значи отколку тој самиот/таа самата, па со таквата личност вреди да се има контакти.

Тоа би решило сè: би се знаело кој кого колку сака и кој со кого најмногу се привлекува.



Додека такво нешто не се случи, аналитичарите како мене ќе мерат според однесувањето на другата личност, парите што ги има, нејзината семејна состојба, политички убедувања итн. И не ретко нема да успеат да видат и најчиста љубов, дури и ако им се донесе на тацна, зашто не умеат да размислуваат апстрактно и во немерливи поими како што е „љубов“.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Хехе... убава работа се бајките, нели?
Двајца се сакаат, и ништо друго не е важно на светов (поточно, на тој свет...). Сите проблеми ќе се решат, сите препреки ќе се преминат, заедно со љубов, до крајот на животот. Ништо и никој друг не се потребни. (happily ever after момент, во позадина иде музика од крајот на Пепелашка...)

Проблемот е во тоа што во реалниот свет (значи, овој свет) малку повеќе е различно.
Почни со муабетот на Ива, дека сите си имаат потреби, желби, амбиции и, нормално, сакаат да ги задоволат.
Продолжи со реалните животни проблеми со коишто треба да се носиме секојдневно, коишто сами по себе креираат тензија...
За да функционира беспрекорно, не... за да функционира воопшто една врска треба многу работа, труд, посветување, откажување и вложување. За нешто повеќе од врска, влогот се зголемува многукратно... Важното е дека сето тоа жртвување вреди!

Колку и да звучи грубо и најголемиот дел не сакаат да се соочат со фактот, муабетот на татко ми е многу реален... Се е математика. Очекувам дека најголемиот дел ќе го разберат ова чисто финансиски.Не, не се мисли само за пари, има многу други работи коишто треба да се вклучат во равенката која што од десна страна на еднаквото има среќен (со)живот.

Да сумирам и да ти одговорам директно на прашањето - не! Не секогаш победува љубовта. Всушност, тврдам дека љубовта, сама, никогаш не победува.

Јас би сакал вака: да постои мерка за човечката емоција. Најверојатно ќе биде векторска, бидејќи ќе биде насочена - значи, имам емоции кон оваа личност, со толкав број на единици, кон онаа личност, со различен број на единици, итн.
Јас успевам да ја мерам љубовта, и тоа како скаларна вредност, не векторска.
Ја мерам во бројот на змејови (не пеперутки, змејови) коишто ми летаат во стомакот кога ќе помислам на/ја погледнам/ја гушнам/ја бакнам таа што ја сакам.

Значи, имаш четири вредности, секоја би требало да биде поголема од претходната. Натаму можеш да пресметуваш аритметичка средина, максимум, минимум, прогресија... што сакаш. Битно, имаш со што да си играш математички ;)
 
Член од
26 април 2008
Мислења
87
Поени од реакции
2
ljubovta sekogas gubi zarem nemate videno so se slucuva okolu nas se se sveduva na natprevar za prevlast i na egoizam
ama sepak e prekrasna
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Во многу розвов свет живеете и покрај јасната и доловена слика на сегашната ситуација во која живееме, самите сме свесни дека се полека но сигурно се сведува на материјално, а љубовта некаде далеку доцни, самите ние сме виновници за тоа, а дека е кукавичлук во прашење не е не би се согласила, мислам дека пред се е страв од губење и разочарување бидејќи се почесто се присутни, за да победи љубовта треба двете страни да се ангажирани и сплотени, едно пиле пролет не прави.
Зборував за кукавичлук кога во ваква состојба се откажуваш од љубовта. Само за ваква љубов вреди да се бори и како таква на крај успева, попатните разочарувања се одминливи.
Во спротивно нема пооргазмично чувство од тоа дека двајца се сакаат а знаат дека никогаш повеќе нема да се допрат, да се видат ни да бидат заедно.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.387
Поени од реакции
25.164
Се ќе биде простено.
Се ќе биде заборавено.
Освен љубовта која е подарена.
Стариот добар план секогаш успева додека не се откажи :)
Разочарувањата неповратно се забораваат.

Но она денеска што постои се само ефтини реплики на чувства, лоша поезија и бомбоњери... и разговори под придушено светло... ветар во магла:)
Зошто ефтини реплики на чувства? Лошата поезија е ефтина реплика на чувство? Ако мојата љубов кон некоја е вистинска немора да значи дека ако и напишам еден лош стих, не ја сваќам љубовта. Ако и подарам и најмала работа, колку и да е грда, ако е од срце е љубов. Зошто со такви предрасуди? Ако направам мала работа е евтино нешто? Не, затоа што и најмалите работи ги правам со најголема љубов.

С
Да сакаш е да страдаш.
Да сакаш не е само да страдаш. Да сакаш е истовремено да осеќаш болка, така, среќа и радост.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Лошата поезија е ефтина реплика на чувство?
да ако е исполнета со преправање. Голема возвишеност на зборовите за плитки чувства.
Да сакаш не е само да страдаш. Да сакаш е истовремено да осеќаш болка, така, среќа и радост.
Да сакаш е да си спремен да страдаш, покрај сите останати пријатни чувства.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.387
Поени од реакции
25.164
да ако е исполнета со преправање. Голема возвишеност на зборовите за плитки чувства.

Да сакаш е да си спремен да страдаш, покрај сите останати пријатни чувства.
Ако е исполнета со преправање, тогаш не зборуваме за вистинска љубов.
За страдањето кажав - болката и тагата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom