Македонија и Норвешка потпишаа Спогодба за олеснување на визниот режим

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Веб-сајт
nacionalist.blog.com.mk
Република Македонија и Кралството Норвешка денеска потпишаа Спогодба за олеснување на визниот режим.

Документот од име на двете земји го потпишаа министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и амбасадорот на Норвешка во Скопје Карл Виби.

По потпишувањето на Спогодбата, министерот Милошоски истакна дека Норвешката амбасада е една од оние со кои не се регистрирани проблеми при издавањето визи на македонските граѓани кои патуваат во таа земја, а со оваа Спогодба таа процедура ќе стане уште поедноставна.

„Ова е наша прва спогодба и се надевам дека следно што ќе потпишеме со Норвешка ќе биде договорот за визна либерализација, нешто на што работиме како цел која е насочена за сите шенген земји. Македонија очекува тоа да се случи во 2009 година“, рече шефот на македонската дипломатија.

Денешната Спогодба ќе се однесува на сите категории граѓани опфатени со Спогодбата за визно олеснување со Европската комисија, односно оние кои имаат роднини, за бизнисмени, новинари, за студиски претстои и за други лица со општетствени активности.

Норвешка не е членка на ЕУ, но е дел од шенген зоната. Со потпишувањето на денешната Спогодба, таа е 25 европска земја со која ќе се применува олеснет визен режим. Од 27-те членки на ЕУ, Спогодбата за визно олеснување важи само за 24. Исклучок се Велика Британија, Ирска и Данска со кои е потребно да се постигнат одделни спогодби.

Во МНР соопштија дека интензивно се работи на утврдување на деталите за потпишување вакви договори и со Исланд и Швајцарија.
 
Одлично им текнало, да лобираат кај тие држави каде грција не може да не зафркава од еу аспект.
Фино би било. Ама да бидиме живи и здрави и да видиме. Да дочекаме.
 
Република Македонија и Кралството Норвешка денеска потпишаа Спогодба за олеснување на визниот режим.
Документот од име на двете земји го потпишаа министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и амбасадорот на Норвешка во Скопје Карл Виби.
По потпишувањето на Спогодбата, министерот Милошоски истакна дека Норвешката амбасада е една од оние со кои не се регистрирани проблеми при издавањето визи на македонските граѓани кои патуваат во таа земја, а со оваа Спогодба таа процедура ќе стане уште поедноставна.
„Ова е наша прва спогодба и се надевам дека следно што ќе потпишеме со Норвешка ќе биде договорот за визна либерализација, нешто на што работиме како цел која е насочена за сите шенген земји. Македонија очекува тоа да се случи во 2009 година“, рече шефот на македонската дипломатија.
Денешната Спогодба ќе се однесува на сите категории граѓани опфатени со Спогодбата за визно олеснување со Европската комисија, односно оние кои имаат роднини, за бизнисмени, новинари, за студиски претстои и за други лица со општетствени активности.
Норвешка не е членка на ЕУ, но е дел од шенген зоната. Со потпишувањето на денешната Спогодба, таа е 25 европска земја со која ќе се применува олеснет визен режим. Од 27-те членки на ЕУ, Спогодбата за визно олеснување важи само за 24. Исклучок се Велика Британија, Ирска и Данска со кои е потребно да се постигнат одделни спогодби.
Во МНР соопштија дека интензивно се работи на утврдување на деталите за потпишување вакви договори и со Исланд и Швајцарија.

Едно олеснување,една убајна,абе милина.Исто ко чоек “ри-ци-но“ (познат лек од Македонските народни приказни) да се напил.Абе не мрчете џабе од тоа МНРТо со вакви еуфорични изјави кога цел Балкан се жали дека спогодбите со ЕУ земјите практично го отежнаа визниот режим и се зголемија маките на граѓаните за патување во ЕУ.Сега дури ни тие што можеа да извадат виза не ни пробуваат затоа што знаат дека нема да ја добијат.Да ви ибам то олеснувањето да ви ибам ако за олеснување го сметате купот документи и тормозењето пред амбасади со 0.01% шанси за успех.Или само да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми,ебаго.:drk:
 
Nema potreba od DEFOKUSIRANJE.....blendata e veke tolku rasirena...sto problemot stanal pozadiski fon......ne se ni zabelezuva...:)
Sega od pixeli pravime KAMILI...:)
 
денес Норвешка утре Данска наредната недела трета ... уште еден доказ дека новата влада на Република Македонија работи во сите свери .... идемо далје ... позз..:helou:
 
Да бе,сега засега е во стратосферата ама има време,ќе дојде и во атмосферата,за некоја светлосна година,не за друго туку оти имаа проблем со ВОРП-от кај моторите,инаку кој ќе ги држеше,ќе требаше “манила“ или некое кабле појако да барам.:smir:
 
денес Норвешка утре Данска наредната недела трета ... уште еден доказ дека новата влада на Република Македонија работи во сите свери .... идемо далје ... позз..:helou:

Gledam sledis napredok....:
http://whc.unesco.org/en/list ..., ama ovde Makedonija kako da isparila ???? :)
 
Е па ги помеша владава сферите и имаше проблеми со моторите ама биди сигурен дека ќе не најдат некаде во некој квадрант,па вселената не ти била бесконечна,се имало почеток и крај особено кога се работи во “сфери“.:smir:
 
Fala im, ama ne moraa. Planirav da odam Norveska ama sega vekje se otkazuvam. Od "olesnuvanjava", kicma me fati.
 
Ако се либерализира визниот режим до 2009 во Македонија ќе останат само Грујо и компанија и Рада и компанија.
 
Значи сепак се работело во МНР-то наше....Ајде реален, дај коментар, извади нешто и овде...

Гледаш националист.
Си се зезнал во проценката дека само на реалниот не му штимаат некои работи.
Чак што и не мора да се оптеретувам и да давам коментар.
 
A be, jebes olesnuvanje koga so "olesnuvanjeto" samo polesno se odi "ponadvor"!

Ukinuvanje na vizite. Toa e trikot i uspehot.

Ne "olesnuvanje"! Za "olesnuvanje" imame ricinus.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom