10 дена ТАКСИРАТ Република 19.11.-29.11.2008

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Скопјани едно инфо да даете кога ќе ги пуштат картите во продажба, цена и се разбира... кога кој како со кого настапува итн.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Голем ќеф ми е за The Roots, се надевам оти ќе имам средства за да присуствувам, Манс!!!
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
За The Roots би идел па можда и за друго нешто кога ке видам целиот распоред.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.403
Поени од реакции
7.669
Audio Bullys, Marky Ramone и Bernays Propaganda на Таксират10!!!

Со эадоволство Ве иэвестуваме дека потврдени се нови три артисти эа јубилејниот Tаксират. Аудио Булис (Audio Bullys), Марки Рамон (Marky Ramone) нашите Бернис Пропаганда (Bernays Propaganda). Единствениот Рамон кој твори ќе настапи на големата сцена во Метрополис Арената, додека Аудио Булис и Бенрис Пропаганда ќе настапат на денс сцената во втората хала на скопскиот саем. Марки Рамон во својот репертоар ги има хитовите на Рамонси. Бендот, најголем фетиш на Литиум ни доаѓа преку единствениот активен претставник на роденден... Со овие три имиња листата на учесници на главната вечер на Таксират эасега (!) иэгледа вака...


1ва Хала: -The Roots, Superhiks, Marky Ramone

2ра Хала: -Swayzak, Audio Bullys и Barneys Propaganda

Инфо, превземено од MySpace.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.403
Поени од реакции
7.669
Еве две соопштенија од Литиум рекордс објавени преку MySpace.

Afrika Bambaataa definitivno vo Skopje!

Литиум Рекордс во соработка со Бета Продукција, подготвува уште еден значаен музички настан во рамките на10.
издание на Таксират Фестивалот!!!
Afrika Bambaataa, култниот американски рапер, ДиЏеј, продуцент и еден од творците на хип хоп звукот, ќе настапи во клубот Колосеум, на 21 Ноември. Познат уште како “Кумот на хип-хопот” Африка Бамбата е еден од најзначајните луѓе во модерната музика...
Еден од првите рапери на светот, креатор на електро фанк эвукот и предвесник на клубската ера.
Соработувал со Џејмс Браун, Џон Линдон од Секс Пистолс, а негови траки се нашле на компилации эаедно со Боб Дилан, Брус Спринстин, Кит Ричардс, Џои Рамон, Ринго Стар и многу други… Годинава настапи на фестивалот Егэит во Србија и според сите истражувања на мислењето на публиката неговиот настап се смета эа најдобар…

Уште еден предизивик да бидете дел од публиката кој ќе го проследи овој настан!
Влезниците ќе се продаваат во југотон, ГТЦ по цена од 200 денари.

Проверете:
www.zulunation.com
www.myspace.com/afrikabambaataa
_________________________________________________________________________

Winner Fest selekcija!!!

Традиционалниот Винер Фест (екс Луэер) годинава се одржува по осми пат. Од оваа, “ќерка манифестација” на нашиот Таксират се пласирале и пропаднале едни од најэначајните субкултурни бендови во Македонија.

На отворениот повик за ВинерФест ‘08 се пријавија околу 60 демо групи од кои над 20 се од Македонија, по бројност следи Хрватска, Србија, но присутни се и бендови и од Косово, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија...
Стручниот луэерски тим на Литиум Рекордс одбра 16 фаворити кои четири дена по ред ќе бидат “промовирани” во програмата на Антена 5 радио.Секој ден ќе бидат претставени по четири бенда, а петтиот ден ќе бидат прогласени осумте финалисти. ”Битката” ќе эапочне на 10. Ноември, а ќе трае се до 14. кога ќе бидат эаокружени финалните осум групи. Потоа, финалистите эаминуваат на мини турнеја каде ќе се претстават пред публиката. Уредно пополнетите гласачки ливчиња на публиката од Скопје, Штип и Битола ќе одлучат за победникот! Збирот на сите гласови од публиката во трите града ќе го одбере “винерот” эа оваа година. Токму победникот ќе добие бесплатна иэработка на професионален студиски албум под етикетата на Литиум Рекордс.

Селекцијата на 16 бендови кои ќе влезат во полуфинале ќе бидат објавени на 07 ноември.
Мајспејс профилите на сите кандитати можете да ги проверите на веб сајтот - www.lithiumrecords.com.mk
 
Член од
15 август 2008
Мислења
148
Поени од реакции
3
Како ми се иде за Swayzak мх мх мх :) Може и Roots :P
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
WINNER FEST 16 ПОЛУФИНАЛИСТИ

*превземено од сајтот на литиум рекордс.

Повелете Винери. 16 полуфиналисти кои ќе се борат во етер (Антена 5. во текот на следната недела ) и он лајн (www.antenna5.fm и www.lithiumrecords.com.mk ) за настап на мини турнеја низ Македонија.
- 20. Битола (Клуб Инфинити),
- 21. Штип (Дом на Млади) и
- 22.11
Скопје (МКЦ).
Осум ќе бидат на пат три дена... Повелете на повеќе!

Езотерик Марвел (350teric Marvelle) се дует кој ни доаѓа од Велес. Жанрот е определен од сите големи стилови на последните дваесет години. Влијанијата доаѓаат од се што е квалитетно. Работат под полна пареа, зад себе имаат и музичко образование, па им се предвидува светла иднина.

www.myspace.com/350tericmarvelle




Атомик Веџи (Atomic Wedgie) се млада панк група од Скопје. Нивната музика е играчка, брза и одлична за жив настап. Ска панк е нивниот звук,а велат дека едвај чекаат да се распаднат но не можат. Имаат неколку свирки зад себе, а атмосферата која ја создаваат привлекува стотици млади панкери.

www.myspace.com/atomicwedgiesk



Чарли Хит (Charlie Hitt) се рок состав кој влече влијанија од Пинк Флојд, Архангел, ЕКаВе, Перл Џем, Џеф Бакли итн. Алтернативниот рок звук кој го сакаат, го интерпретираат на ниво кое влева надеж во оваа група. Полни со идеи, неодамна го снимија првото демо со три песни. Самото тоа што се најдоа на винер фест покажува дека заслужуваат шанса...

www.myspace.com/charliehitt



Исклучително квалитетниот звук на Хај Контрол (High Control) ни доаѓа од Тетово. Модерните елементи во нивната музика се повлечени од Никелбек, Марун Фајв, Фол Аут Бој, па дури и НЕРД. Патувањето на Хај Контрол започна во 2005 година и не и се непознати на нашата публика.

www.myspace.com/highcontrol05



Спенк (Spank) се веќе познат панк бенд од Битола. Популарни се во својот град, но се повеќе се зборува за нив низ целата земја. Може да се каже дека се ска панк состав, но забележливи се и други по тврди елементи. Функционираат од претходната 2007 година и се надеваат дека наскоро ќе издадат албум...

www.myspace.com/spankbt



Агеинст Дем Ол (Against Them All) се хард кор состав од Битола. Не би било грешка ако се квалификуваат и како њу метал бенд. Ги слушаат соулфлај, Корн, Лемб оф Гад, па замислете каков е нивниот звук. "Тие се против сите нив" но никогаш против гласниот звук.

www.myspace.com/ataagainstthemall



Токсик (Toxic) се состав од Прилеп кој експериментира во неколку правци. Кај нив може да се чуе треш метал, панк но и реге. Свежи се и велат дека немаат конкретно влијание, бидејќи нивната музика е одредена од многу стилови и бендови, а не сакаат да звучат никако освен како себе...

www.myspace.com/toxicpp



Саунд Кериерс (Sound Carriers) е дует кој ни доаѓа од Тетово. Едни од најспецифичните кандидати кои ни пристигнаа оваа година. Двајцата момци се со силна музичка историја. Стилот е тежок за квалификација, но слободно може да се каже дека ова дуо е напреден електронски состав.

www.myspace.com/dextermk



Рефлекшнс оф Итернал Реин (Reflections of Eternal Rain) ни доаѓаат од Нови Сад. Релативно нов и интересен состав кој звукот го повлекуваат од современите гитарски правци. Како воопшто да не се од балканот, музиката е гласна, енергична и со сериозни текстови...

www.myspace.com/reflectionsofinternalrain



Спина се хрватски состав формиран во 2006 година. Настапуваат во Загреб и околината, а нивната публика ги квалификува како мешавина од блуз, соул, џез и фанк... Мелодични се и певливи, а целината на музиката е уникатна форма.

www.myspace.com/spinaband




Фрактура Мозга се вториот состав од Загреб, Хрватска во нашиот избор. Свират некоја позатегната форма на панк рок, помешана со скриино елементи. Настапувале, јавно неколку пати во Загреб, а во оваа формација беспрекорно работат од 2002 година...

www.myspace.com/frakturamozga



Битан Тон функционираат на релација Загреб-Шибеник. Прилично броен состав кој е освежен со усна армоника и дувачи. За себе велат дека свират за да се дружат и забавуваат. Оваа формација ја имаат од 2007. година, а нивната енергија ја регистрираа и неколку хрватски клубви...

www.myspace.com/beetantone



Иако се демо бенд, Варварогеније се добро позната група во Србија. Мината година беа еден од најбараните рок групи во нивната земја. Имаат хумористични лирики, секаде се дочекани со насмевка и публиката е секогаш подготвена за нив...
www.myspace.com/varvarogenije



Од Ливно, Босна и Херцеговина ни доаѓаат Андрија. Велат дека нивните обожаватели ги мразат?! Досетливи и непредвидливи, Андрија ги судат сите негативни појави на нашите простори. Различни се и апстрактни. Како што велат, горат од желба да свират во Македонија. Е, тоа зависи од Вас...

www.myspace.com/bendandrija



Валунгари, гордо изјавуваат дека се од источен Загреб. Имаат поминато многу време во сцривницата во нивното маало, каде што упорно пробуваат и се дружат. Таа дружба резултирала со свтентичен звук кој да се надеваат дека наскоро ќе биде запишан на носач на звук...

www.myspace.com/valungari7



Рејвен (Raven) се метал состав од Кичево кој во оваа формација функционира од 2007. Нивниот звук е олд скул треш метал, без многу експерименти. Упорно и посветено работат на својот материјал и до сега настапиле на неколку места низ Македонија.

www.myspace.com/ravenmk
 

Пуци

Somewhere in time
Член од
16 август 2008
Мислења
571
Поени од реакции
13
Ова ќе биде најдобар таксират до сеа.Суперхикс имаат ново це де,глејте само шо се случи на 8 септември на плоштад,можам да замислам на таксират шо ќе биде.А влезници од кога ќе почнат да се продаваат????
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Има некој инфо која е цената за The Residents?
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
600 ден претпродажба, 800д. на врата. :/
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.403
Поени од реакции
7.669
БИЛЕТ ЗА ТАКСИРАТ -300 ДЕНАРИ!!!

БИЛЕТ ЗА ТАКСИРАТ -300 ДЕНАРИ!!!

Драги наши,

Во эемјичка каде што цените на билетите одат со епитет, Ви ги претставуваме нашите:
-пријателски
-студентски
-работнички
-ученички
-специјални
-коректни
-роденденски
И таканатаму...

На главната вечер (29.11.) во Метрополис Арена ќе настапат: 'Д Рутс, Марки Рамон, Свајэак, Аудио Булис, Суперхикс, СОНО и Бернис Пропаганда!

Од понеделник билетите ќе се продаваат во:
Jуготон, ГТЦ, Чув де Чув, Круг, Лаика, Браво, Хавана, Кастро, Гоги (Драчево), Икона - Рамстор, Кафе бар Автобус.
Низ Македонија:Штип – Дом на Млади, Куманово – Агора, Тетово – Рок Кафе, Битола – Хард Рок , Прилеп – Апореа, Велес -35мм, Охрид – Баланс и Кукузел, Струга – Калабалак, Кичево – Рок Кафе...

Првите 2000 влеэници се продаваат по цена од 300 денари, вторите 2000 эа 400, а на врата влеэниците ќе чинат 500 денари...

Тоа би било тоа...
Ве поэдравува,
Литиум екипа


Код:
Да повторам дека превземам од MySpace :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.679
Поени од реакции
11.042
Тооо Цецо, во понедељак ем ваучер ем карта за Таксират, мх мх :) Идемо Рекордс!
Свака част за ценава (со оглед на тоа што од секогаш беа поскапи) , Браос
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Во склоп со Таксират, резултатите за годинешниот ВинерФест се готови.

*превземено од сајтот на литиум.

Енд 'Д Винерс ар...​

Спенк од Битола, Атомик Веџи од Скопје, Еэотерик Марвел од Велес, Хај Контрол од Тетово, Рејвен од Кичево. Од "инетрнационалците" ги имаме Битан Тон од Хрватска, Варварогеније од Србија и Андрија од Босна и Херцеговина. Поради квалитетната конкуренција Литиум реши наместо 8 годинава во финалето да настапат 10 бенда. Онака, јубилејно-роденденски расположени, решивме да го прошириме иэборот. Таксират 10 некому ќе му го раэблажи понеделничкото утринско кафе. Стеј тјун'д!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom