Во нашава држава најјака плата е 350 евра... земено во предвид ДРЖАВНА работа...!!!
Па ништо чудно полицаец да земе 13000 денара...
Инаку сум за тоа при регистрација да си платиш едно 50 евра повеќе и да си имаш слободен автопат без никакви исклучоци и што ти друго знам...
Ама па од друга страна се поставува прашањето, ако се деси тоа што ќе биде следно со оние на патарина што работат...
Сите знаеме дека има недостаток на работа во нашава држава... и дека можеби и пола народ е на улица и бара работа, која и така неможе да ја најде...
Да кажеме, на една патарина работат 18 луѓе... (три патарини во еден правец, и три во друг правец, тоа се 6, во втора смена уште 6, и трета смена сто посто имаат, ете уште 6...) е сеа, колку патарини има во нашава земја? Јас како што знам кога идам до Охрид минам 3-4 патарини...до Струмица мислам оти има 4-5 или една помалку... не сум баш сигурен... значи веќе во две дестинации имаме некаде околу 10 патарини... а другите дестинации???
Кажи речи ќе се отпуштат некаде 5000 луѓе (можеби претерав... може мање или више....незнам, зборам отприлика)... и како тие луѓе ќе се прехранат, ќе ги прехранат своите деца...?
Да збориме рационално и да ги согледаме сите можни ситуации и за нас, но и за нив... Последна информација како што знам едно добри 500 000 се без работа... уште овие 5 000... и што ќе биде со нашава држава... знам и така не ја бива многу ама па тогаш ни контролирање на автопат, ни се знае кој јаде кој пие,... буквално ништо... и така како што ни пропаѓа државава, со тоа отпуштување ќе пропадне уште толку...
Размислете малку рационално.... размислете и во двете насоки... за нас подобро ќе е така да, не викам не, и се согласувам со тоа... но од другата страна, они ќе губат и ќе шетаат по улици... и ќе се преврти на една многу лоша слика за државава... 5 000 души на улица...??? не би сакал никој да ги има, да ги глеаш на секој твој чекор, како питаат и молат за ронка леб...