Му паднал автомобил, не може да си го подигне

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не јадел 2 недели:pos2::pos2:
Нездрав.За публицитет што не ќе измислат луѓево.
 
Нема зашто да се нервира до толку, нормално дека ќе е изнервиран ама не до нејадење и незнам што, еее. а и овие два добитника, кој знае утре уште еден ќе се појави :toe::pos2:
 
1,„ На визитата на татко ми, Лазара, добив чоколадо „Нестле“. Следниот ден играјќи на компјутер го отворив и забележав дека сум добил автомобил“, раскажува малиот Слободан.

2,Адвокатот Батковска не информираше дека семејството случајот го пријавило до надлежните органи и дека покрај автомоболот тоа бара и надомест на штета за претрпениот шок. „Слободан кога му соопштија дека нема да ја добие наградата две недели беше во шок и не јадеше ништо, а на училиште ги намали и оценките и поведението. За тоа некој треба да одговара“, вели таткото Лазар.

3.Семејството Крлески вели дека нема да се откаже од наградата и дека случајот ќе го тераат до крај
.

1. ЕЕееее пак да играш на компјутер.

2. Оценките не му биле од претрпениот шок за то шо не ја добил колата пошо посекако тој немаше да ја вози туку од шо изгубил на кантер или Дота или пак го банирале од сервер. :pos2:

како е можно за две недели да го намали поведението бре? Па тој нашколо ги тепал сите или кршел се шо ќе му се најди пред нос.

3.Жити економистите ем го добиле чоколадото без пари ем сега ќе го наполнат адвокатот со пари. Абе сеј си мирно ти не си го купил со твои пари па сега уште правда да бараш.
 
Еве што е најново :

Нестле во Македонија заработи кривична за измама Фирмата “Нестле Адриатик Македонија“ ДОOЕЛ Скопје и управителот на истата Д.М. (42) заработиле кривични пријави за измама од страна на охридската полиција, соопштија од МВР.

Според полицијата, пријавените се товарат за измама поради организираната наградна игра во која главната награда била автомобил “пежо 207“ и требало да има само еден добитник со обвивка од “нестле чоколадо“ а по завршувањето на иградата се појавил уште еден добитник на кој обвивката му носела автомобил.

Имено, наградната игра била организирана од 15.10 минатата година и требало да трае до 15.01 оваа година меѓутоа бидејќи главната награда автомобил “пежо 207“ никој не го добил со решение на Министерството за финaнсии наградната игра била продолжена до 15.03. Ден пред завршувањето на играта Д.Б. од Скопје пријавил дека ја добил главната награда и истата ја докажал со обвика од “нестле чоколадо“.

На 20.04 Л.К од Велгошта, Охридско се јавил да пријави дека и тој е добитник на автомобилот и истото го докажал со Нестле пакувањето но му било објаснето дека наградната игра е завршена и дека главната награда била доделена.

Во целата ситуација Л.К. од Велгошта бил доведен до забуна, бидејќи за еден автомобил биле пуштени две добитни пакувања и со тоа му била предизвикана материјална штета од 586.482 денари за која понатаму ќе одлучуваат судските органи.

Извор: http://netpress.com.mk
 
МАтеријална штета, како ?

Изгледа частел како луд, ги собрал роднините и комшиите и 3 дена јаделе и пиеле :uvo:
 
толку ја купил чоколадата бе... :helou:
 
Абе на еден комшија пред едно 10ина години му падна кола на наградна игра и кога оди да си ја земи колата му дават количе играчка. Се тужеа се судеа незнам што испадна на крај, ама од тогаш на ниедна наградна не верувам.
 
Абе на еден комшија пред едно 10ина години му падна кола на наградна игра и кога оди да си ја земи колата му дават количе играчка. Се тужеа се судеа незнам што испадна на крај, ама од тогаш на ниедна наградна не верувам.
Што марка беше?
 
Абе на еден комшија пред едно 10ина години му падна кола на наградна игра и кога оди да си ја земи колата му дават количе играчка. Се тужеа се судеа незнам што испадна на крај, ама од тогаш на ниедна наградна не верувам.
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:Боже мили што ли нема во оваа наша Македонија:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Разбрав Нестле Македонија добиле тужба:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom