Развод - a децата каде?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
па ќе правам и со неа да не биде тажна:helou:

да ти кажам право не може ни суд ни идризово ни никој да ми се меша

Па добро ако само сакаш да тераш инат на темава слободно... :smir:
 
За да се сложиш или да не се сложиш со мојата констатција, треба да ја разбереш. А јас ќе се обидам да ја појаснам.
Спремен родител значи зрел човек кој е подготвен да го одгледува своето потомвство со многу љубов, внимание и нерви и при тоа да обезбеди некакви сретства за елементарна егзистенција. Спремен родител обично не е еднина туку се двајца кои решиле да гледаат во ист правец и да ги стават потребите на своето дете пред сопствените потреби, комплекси и фрустрации.
Се надевам дека е сега појасно.

Мене ми беше јасно на што мислиш уште по првиот коментар но баш и на тоа беше моето прашање наклонето.Тоа што го решиле да го прават,да ги замрзнат сопствените животи и да продолжат само во насока на воспитување на децата и нивните потреби...мислиш дека би останало така?
Колку и да ги потиснува човек фрустрациите и колку и да си ветува пред себе дека ништо друго не е важно освен грижата за детето,не мислиш дека еден е можно да заебе концепт,како што и се често случува.
Убаво е она што сакаш да го потенцираш и би било многу убаво доколку во реалноста двајцата родители се исто присутни во развитокот на детето,се додека му се потребни.
 
А во сето ова карање или натегање кој е во право и кај кого требало да бидат децата.. дали не мислите дека би требало и децата да имаат збор?

Затоа што горе-доле се се сведува на лично поентирање, “не и ги давам децата за жива глава“ пред се заради постојаната нетрпеливост и надигрување во сета таа магла и изгубеност.

Освен ако причините навистина не се убедливи, како на пример татко насилен пијаница и сл. па децата да одат кај мајката, во друг случај никој и нема право да пресудува со кого да останеле децата.

Јас лично никогаш не би ги одвоил од мајка им, доколку единствените несогласувања се лично меѓу нас двајцата и нема екстреми како погоре. Секогаш може да се најде начин да се израснат првин децата, да се изгледаат и тогаш додека не ни е исполнета должноста па сме ги пратиле во свет способни сами да се снаоѓаат.

За децата секогаш мора да постои и компромис и жртва, чим некој се одлучил на растење деца тогаш тој прифаќа барем наредните 20 години да ги посвети исклучиво ним, презема обврска 110% да се грижи за своите деца , а се друго е споредно.
 
Јас сум ќерка на разведени родители и многу добро знам како одат сите тие процеси и судења и расправии.
Не велам дека ако работите не функционираат, дека родителите треба да останат заедно, но она што во принцип се случува кога се разведуваат е тоа дека не баш се размислува за детето, туку за тој кој ќе биде посилен и повеќе ќе добие.

Не генерализирам и не ги ставам сите во ист кош, но познавајќи ја средината во која што живеам и гледајќи го менталитетот на луѓето, нема ништо поважно од своето јас и како тоа ќе изгледа пред другите.
Што е благо патетично, но што е тоа е.

Затоа, некои луѓе не се скроени за родители, не секој може да израсне дете и од него да направи човек.
 
За да се сложиш или да не се сложиш со мојата констатција, треба да ја разбереш. А јас ќе се обидам да ја појаснам.
Спремен родител значи зрел човек кој е подготвен да го одгледува своето потомвство со многу љубов, внимание и нерви и при тоа да обезбеди некакви сретства за елементарна егзистенција. Спремен родител обично не е еднина туку се двајца кои решиле да гледаат во ист правец и да ги стават потребите на своето дете пред сопствените потреби, комплекси и фрустрации.
Се надевам дека е сега појасно.

Јас се сложувам со ова. Сметам дека секој човек треба да е решен и спремен да има деца, па дури тогаш да ги има. Ако е така, тешко дека еден ден би дошло до развод. Значи родителите би биле заедно затоа што се сакаат, веруваат во себе, создаваат семејство и се трудат истото да го задржат по секоја цена.
Но, болна вистина насекаде околу нас е тоа што луѓето стапуваат во брак неспремни и несвесни, а на таа глупост знаат да додадат и дете ... онака, непромислено. Туку најверојатно повеќето сметаат дека токму така ќе ја зајакнат нивната врска, што е тешка коцка. Потоа доаѓа моментот кога сфаќаат колку погрешиле и се разделуваат со муабетот - за доброто на детето, за да расте во здрава средина. Тоа е добро решение, за така голема грешка од старт.
Знам за доста такви ситуации, затоа си дозволив и да го кажам ова. Значи, не тврдам дека е тоа една и единствена варијанта на неуспех на еден брак со деца, туку најчесто е ... за жал, повторно да кажам.
 
Епа обично кај мајката (бар така мислам), ако во бракот има многу караници мислам тешки, според мене во ред е ако дојде до развод, зошто децата ќе треба да слушаат се тоа и сл... и ред др работи. ЛоЛ, ама ако мајката и таткото нејкат да се видат а не па да зборат, ха е тогаш е тешко и после развод се трпат трауми. ОД ИСКУСТВО :salut:
 
:helou:Ако работите дојдат до таму, да веќе нема разбирање , љубов и почитување,гласам за развод.Ако при тоа има и деца, мора разводот да биде усогласен за доброто на децата да се спазат нивните права, да му се дозволува на родителот кој не е со нив да контактира и биде со децата,да не се одмаздуваат еден на друг преку децата, што не ретко се случува и тогаш страдаат најневините во целата приказна.Да им се објасни дека и покрај се тие му се родители, да не зборуваат лоши работи еден за друг пред децата, туку да го чуваат авторитетот на другиот родител па макар и тој да е кривец за разводот ,мада искрено мислам дека секогаш и двајцата имаат по малку вина.Летово во Охрид запознав другарче на мојот внук и кога го прашав со кого си дојден ,ми одговори ,со татко ми и другата мајка и брат.Тоа го кажа многу лесно и без никакви комплекси .Ете тие родители успеале да се разведат без трауми за децата. Да повторам никој нема право да си го уништува животот, па и децата ако се во прашање ,само при тоа да се внимава како ќе се изведе сето тоа .:smir:
 
Разводот е убава работа. :smir:
Само мн често завршува фатално за децата. Мислат дека се „грешка“ и бараат спас во дрогата и алкохолот. Инаку најчесто ги разделуваат ако се повеќе од едно. А ако е едно со години се макнат по судовите на кој да биде, демек толку мн го сакат.
 
Ne mi e uste jasno, kako moze dvajca sto se sakale, i imaat deca, da gi koristat decata, za koj na kogo povekje da si nasteti.
Normalno deteto pati.
Toa se... Nedokvakani roditeli :nenene:
 
Родителите сигурно нема да решат да се разведат ако нивната љубов еден спрема друг е голема и ако супер се сложуваат.
Кавгите помеѓу родителите влијаат многу врз психата на детето.За здрав психички развој на детето потребно е да расте во мирна средина исполнета со љубов и без проблеми неадекватни за неговите години.
Значи за доброто на детето родителите во тој случај најдобро е да се разведат и детето да живее со еден родител, каде што ќе има нормален развој и ќе има мирно детство.
Значи мојот одговор е Да, го одобрувам разводот.
 
Децата ке бидат кај тој шо ке победи на судот :toe:
 
Секој вид на човекова заедница подлежи на кавги и расправии. Но разводот едноставно не ми наликува на соодветно решение при проблеми во бракот. Не можам да зборам од искуство дали е тоа добро или не, затоа што сепак моите фала богу се се’ уште заедно, меѓутоа мое лично размислување е дека разводот малку потсеќа на борба за тоа кој ќе доминира врз кого. Децата при развод најчесто остануваат споредна улога во целата ситуација, а на мегдан се вадат непотребни детали. Сметам дека разводот е единствен начин на кој едниот родители навистина ќе му наштети на другиот со тоа шо ќе му ги одземе децата. Ако добро ми текнува на заклетвата за брак: ...во добро и во лошо, во здравје и во болест, додека смртта не не’ раздели...
 
Не секогаш е така розево како и при давањето на заклетвата „додека смртта не не раздели„ Минуваат години, карактерите се менуват и сум за развод каде во едно семејство има насилство врз еден од родителите или пак децата. Најдоброто решение во таков случај да седнат родителите и за добро на децата да се договорат мирољубиво како и што понатака со нив. На голема жал не секогаш тоа се применува и разводите поминуват во најлош сјај во кој жртва излегуваат децата.
 
Затоа во постот напоменав и дека децата се ставаат во заден план кога се пристапува кон развод. Едноставно се пореметува целата потреба за таков чекор, кој нели би требало да биде за подобар живот на децата. Ако веќе има потреба од развод нека биде развод на место, а не развод во кој ќе се натегаат кој колку да зграби.
 
Да, но и колку едниот да сака мирен развод другиот ќе се осеќа нападнат и повреден и ќе врши притисок и одмазда. Ретки се случаи каде и двајцата размислуваат возрасно и културно. Не гледам и причина поради тоа да се остане и понатаму во брак само поради надојдените компликации од страна на едниот. Подобро една две години жртвување, отколку цел живот тероризирање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom