Медицински и стоматолошки факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Јас фотокопирав книги анатомија, сега за сега Општа и Остеологија па како иде се по ред... и нови да ги купиш ништо не добиваш, ем се црно-бели, нема ниту една слика испаѓа ко само корицата да ја плаќаш...а на родителите дополнителни трошоци не им требаат мислам :) ако сакаш да ги купиш двеве книги ќе дадеш 600-700 ден. а да ги исфотокопираш 150! разликата е голема и останува твој избор.
Башка вака книгата изгледа помала и поубаво е за учење мислиш малку дека има:):icon_lol:

Во понеделник од 12 сме нели?:icon_ques:raz:
 
Да, да ги има... кога идеш накај факултет улицата пред институтот за микробиологија(кај таа трафиката) од десна страна по улицата има фотокопир ги има сите книги(изгледа не си завршила средно медицинско, затоа не си информирана :P ) Ќе најдеш, видов во петокот доста колеги беа да земат книги
 
Да, да ги има... кога идеш накај факултет улицата пред институтот за микробиологија(кај таа трафиката) од десна страна по улицата има фотокопир ги има сите книги(изгледа не си завршила средно медицинско, затоа не си информирана :P ) Ќе најдеш, видов во петокот доста колеги беа да земат книги

Мхм, фала мноооогу :smir: , иначе имам завршено средно медицинско, но не во Скопје, па затоа не сум информирана :)
 
Извини, мислев за Скопје, прашај на факс ќе се јавиме ние Скопјанчиштава :):):) ќе ти објасниме со задоволство :)
 
Леле сите Б група смеее :) Јас сум Б-3, почнав да учам инаку :) т.е готово веќе при крај сум и со анатомија и со психологија :)

Импресии феноменални, што да ви расправам, седи пред компјутер барај слики и бубај :D
Психологија од кај учиш тоа што го запиша на предавањето или најде некоја скрипта???
п.с колку страни иаме анатомијава за учење??
 
Психологија ја земав книгата “ Медицинска психологија“ од Георги Чадловски и др. автори некои... проф. рече демек ќе ја сменел али не верувам, пошто таа е најнова книга (2004) од таа област, па ќе видиме што ќе каже утре :) А анатомија има околу 15 страни .. не се многу :)
 
А анатомија има околу 15 страни.
А до каде стигнавме, зошто вториот час стварно заспав. :)

Мислам до улната стигнавме или грешка сум?
 
Стоматолошки сум ама ај ќе ви кажам.

На вежби има само асистенти и тие испршуваат( не сите). Ама добро е за вас да си учите да не ви се собира материјал.
Нека не ве лажат дека ретко положувале, се положува учете си вие само.

За прашања копии и сл има ви Трио кај паркингот на стоматолози и Коп принт уличката од хипокрајт накај Дал фуфо.
Првава година ви е прилично тешка така да не е ова средно, без опуштање, фатете книгичката и со среќа
 
:pos2: кеде бе ќе се прескокнува посебно анатомија, тоа може само во средно, ке дојде некој ке каже докторе ме боли ногата, ти уф ја прескокнав таа лекција :pos2: анатомијата е пресудна за секој што сака да стане добар доктор!

Добро де докторе, озбилно си ја сфатив јас работата, само прашав дали можеби има нешто што може така само чисто информативно да се прочита, или да не се обрне гооооолемо внимание, за да не си губам време, и онака малку го имам, а не е само анатомија, се учат и други предмети, нели, а анатомијата е навистина обилна.....:vozbud:
 
Па колеги од Б-група, како беше денес на морфологија и физиологија на клетка, ве молам кажете ми дека е поинтересно од анатомија. :smir:
 
Хаха...многу поинтересно :) Но кој не прашува, загрејте столчето и книгата во рака инаку лошо ни се пишува :)
Ме изнервира таа КОЛЕШКАТА во прв ред :nerv: :angry3:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom