realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Сведоци сме на се "пожестока битка" против организираниот криминал и корупцијата...секогаш, кога треба да се прикрие некоја срамна одлука на оваа Влада или секогаш кога вниманието на граѓаните,треба да се пренасочи од една кон друга точка...следи забава за народот.
Спектакуларни и холивудски изрежирани апсења.
Специјалци со цела борбена опрема, фатиле под мишки жена од 60 години, и ја спроведуваат со лисици на рацете.
Камери на секаде.
Се снима од секој агол.
Шампиони се Сител...они секогаш ја имаат правата информација, кој, каде и во колку....чудно!
Уапсените се однапред осудени...и обележани за цел живот...без оглед дали делото ќе се докаже или не.
Да видиме што вели Уставот.
- Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Тоа го вели уставот.
А Владата наша вели, дека сите оние во кои они, ќе се посомневаат нешто, се виновни...пред да почне постапката.
Има многу случаеви, каде што уапсените се само жртви на популизмот на владата.
Се апсат помпезно, со голема медиумска покриеност...за да се задоволат долните страсти на оние кои апсат...за да после некое време, обвинението падне, уапсените се пуштат на слобода, а за тоа скоро и да не се разговара.
Дали методите кои се спроведуваат, не се жив пример за демонстрација на популизам?
Случај Д-р. Дејан Докич
Истакнат Доктор, спектакуларно се апси поради "несоборливи докази", според Министерката Јанкуловска, за направен тежок криминал.
Народот аплаудира.
Конечно почна борбата против корупцијата.
Браво ДПМНЕ...вие сте спас за ова држава.
Но дали е се така.
Несоборливите докази на Горде, наеднаш станаа соборливи.
Наместо примање на поткуп, делото е преименувано во противзаконито посредување, и е изречена парична казна за истото.
Преседан...
Се притвара човек со обвинение и несоборливи докази, за криминал од највисока форма...а излегува со друго обвинение, т.е. со парична казна.
За разлика од неговото приведување...изкажаната пресуда, која всушност говори дека тој не е виновен за делото за кое се товари, помина незабележително.
Угледот на Докиќ, е доживотно извалкан.
Одговорност не сноси никој...па макар и морална.
Се се сведува на грешка во проценка.
Случај "Змиско око"
Сите го паметиме добро случајот змијско око, гордоста на власта против организираниот криминал.
Но и овој случај, стои на стаклени нозе, бидејќи на уапсените им се одредува притвор врз основа на претпоставена штета која никогаш не беше докажана. Штетата сеуште не е докажана.
Се сомневам дека и овој случај ќе ја добие посакуваната развршница.
Случај уапсени полицајци и цариници поради примање поткуп.
Исто...помпезно, холивудски спектакуларно.
Истите полицајци, кои беа апсени ко најголемите терористи во државава, во времето на војната 2001, беа во првите борбени
редови. Благодарноста им стигна после некое време....во марица.
Зошто?
За две кафиња, и една кутија Малборо.
После некое време...две третини од уапсените, се на слобода поради недостиг на докази.
Многумина од нив се и денес на работа.
Го знае некој тоа ?
Кој на нив ќе им го поврати изгубениот углед, и траумите претрпени од нивните семејства?
Дали овој метод, кој почна да го практикува оваа власт, е навистина безкомпромисна борба против корупцијата и криминалот, или во прашање е нешто друго.