Илинден и св. Илија - две различни работи

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Возраст
47
Здраво.

Повод за отворањето на темава е моето размислување по повод видеото за репортажата на А1 за собирот на Македонците во Овчарани (секоја чест, Macedalien, што го донесе :helou:). Се однесува на Македонија и, според мене, повеќе на нејзината историја, па затоа овде го поставив.

Во видеото, на едно место се спомнува дека Македонците се собрале да го прославуваат „св. Илија - Илинден“.

Тоа, според мене, е погрешно.

Илинден е историски празник и се случува секоја година фиксно на 2. Август. Тоа е така, зашто неколку настани се случиле на тој ден, во различни години:
- 2. Август 338 п.н.е. - Филип и Александар победуваат кај Херонеја
- 2. Август 1903 - избувнува Илинденското востание
- 2. Август 1945 - 2. заседание на АСНОМ, каде се формира Република Македонија (тогаш мислам наречена Народна или Федератувна Република Македонија; поправете ме), во рамките на Југославија.

Св. Илија е религоизен празник, кој според мене се празнува секоја година на различен датум, во зависност од православниот христијански календар. На пример, денес е 20. Јули, а снимката од вчера (19. Јули) вели дека тоа е Илинден.

Со други зборови, според мене, Илинден и св. Илија се две различни работи и не треба да се мешаат или поистоветуваат. Што мислите вие?
 
Sv. Ilija - prvoslaven praznik: se sretnuva i kaj nasite sosedi. Ne mozeme da im osporime za "toa".

A ILINDEN e veke dr rabota -

- 2. Август 338 п.н.е. - Филип и Александар победуваат кај Херонеја
- 2. Август 1903 - избувнува Илинденското востание
- 2. Август 1945 - 2. заседание на АСНОМ, каде се формира Република Македонија (тогаш мислам наречена Народна или Федератувна Република Македонија; поправете ме), во рамките на Југославија.

Da se soglasuvam deka "e razlicno" - spored toa kakov si po "sfakanje" ili narodnost.

pozZ
 
Инаку, 20ти Јули ... па Македонците во Овчарани го славеле роденденот на Александар Македонски!
 
Здраво.

Повод за отворањето на темава е моето размислување по повод видеото за репортажата на А1 за собирот на Македонците во Овчарани (секоја чест, Macedalien, што го донесе :helou:). Се однесува на Македонија и, според мене, повеќе на нејзината историја, па затоа овде го поставив.

Во видеото, на едно место се спомнува дека Македонците се собрале да го прославуваат „св. Илија - Илинден“.

Тоа, според мене, е погрешно.

Илинден е историски празник и се случува секоја година фиксно на 2. Август. Тоа е така, зашто неколку настани се случиле на тој ден, во различни години:
- 2. Август 338 п.н.е. - Филип и Александар победуваат кај Херонеја
- 2. Август 1903 - избувнува Илинденското востание
- 2. Август 1945 - 2. заседание на АСНОМ, каде се формира Република Македонија (тогаш мислам наречена Народна или Федератувна Република Македонија; поправете ме), во рамките на Југославија.

Св. Илија е религоизен празник, кој според мене се празнува секоја година на различен датум, во зависност од православниот христијански календар. На пример, денес е 20. Јули, а снимката од вчера (19. Јули) вели дека тоа е Илинден.

Со други зборови, според мене, Илинден и св. Илија се две различни работи и не треба да се мешаат или поистоветуваат. Што мислите вие?

:uvo: :vozbud:
Абе Илинден и Св. Илија е една-те-иста работа. Какви глупости си изнапишал погоре.
Илинден се вика денот затоа што на тој ден се слави Св. Илија. Исто како што се вика Петровден затоа што се се слави Св. Петар, Павловден - Св. Павле. Како можеш да кажеш дека тоа не е исто.

Во Грција, па и во Бугарија и Романија Илинден се слави на 20 Јули затоа што нивните цркви го имаат прифатено Грегоријанскиот календар. Нашата црква уште го користи Јулијанскиот календар според кој исто така Илинден, или Св. Илија е на 20 Јули. Отвори верски календар на МПЦ и ќе видиш дека 2 Август, според календарот што го користи МПЦ всушност е 20 Јули. Востанието 1903 е дигнато на 20 Јули (според Јулијански календар), исто така и заседанието на АСНОМ. Тогаш нашите дедовци, прадедовци не ни знаеле дека постои Грегоријански календар, се раководеле по црковниот календар.

Значи, СВ. Илија е исто што и Илинден. :toe:

Тој ден е избран за востание 1903 затоа што е голем празникот, а и се знае дека Св. Илија е громовник, пандан на античкиот бог на громот и сонцето Зе-Ѕе (или Зевс). Исто како што на пр. Св. Трифун е пандан на богот Дион, богот на виното и се слават во ист ден (односно, култот кон Дион се славел на ист ден кога ние денес го славиме Св. Трифун). Тогаш на пример се закројуваат лозите. Според твојава логика треба да кажеме дека Трифунден не е исто што и Св. Трифун. На. пр:Трифунден е ден за кроење лози, а Св. трифун е црковен празник. Има ли ова логика? Јас мислам дека нема.

Затоа штабот на Востанието 1903 одлучил да го крене востанието на Св. Илија, со верба дека светецот ќе ги заштити и ќе им помогне во остварување на целта.
Можеби затоа и Филип го избрал денот на богот на сонцето (не знам дали на тој ден се славел богот на сонцето) за да им ибе мамата на Грците.
 
Св. Илија е православен празник. Доаѓа од името на пророкот Илија, кој нема врска со православието, и е од еврејската митологија. Тој е личност од Стариот Завет и е постар од Христијанството. За него е карактеристично дека е поврзан со Огнот и се вознесол на Небото како Бог.

Името му се преведува со Елијаху, "Yahveh is God"; also called Elijah.
Коренот у доаѓа од зборот СОНЦЕ или: el, ellai, elli, ellOn2...
Коренот му доаѓа и од зборот БОГ или: ijya, ilayam...

Инаку,зошто 20 јули (2 август) е значаен за нас Македонците, би требало да побараме од астрономските извештаи за тој датум и нешто што се случило на небото во одреден период од нашата историја. На пример, познато е дека на 21 јуни е летна долгодневица. Секако дека треба да се земат предвид и канонските датирања. Секако и дека треба да се мешаат 2-те различни работи.

Зошто токму на 2 август се случувале големи настани од Македонската Историја?

Сите ние сме верници (онакви или вакви). Ги славиме сите христијански празници. Но дали оние кои се чувствуваат како вистински Македонци, на денот Илинден, не чувствуваат нешто подлабоко во себе, нешто исконско,поразлично од другите празници? Споредете го чувството од Илинден со најголемиот празник-Велигден. И ако ние денес,во ерата на сателити и комјутери,не сме сигурни кога е Илинден, не треба да им забележуваме на предците ни ако промашиле нешто со датирањето.

Македонците го слават Св. Илија и Илинден од проста причина што тој ден бил избиран како важен ден, и ако предците ни решиле да ги спојат деновите, што бараме ние да ги разделуваме???
 
Името му се преведува со Елијаху, "Yahveh is God"; also called Elijah.
Коренот у доаѓа од зборот СОНЦЕ или: el, ellai, elli, ellOn2...
Коренот му доаѓа и од зборот БОГ или: ijya, ilayam...

Зборот “Бог’’ е античко-македонски збор кој до денес се задржал во изворна форма.

.
 
Зборот “Бог’’ е античко-македонски збор кој се задржал во изворна форма.
Sekako deka zborot BOG e so praiskonski koren kaj Makedoncite,od korenot BAGO,no tuka se i izrazite div, dyu,no i korenot ijya,pa Izvara,kRSNa,mArIya,mArtaNDa,mArgaNa,devajA= god-born , divine (as a Sa1man) S3Br. ; m. N. of a prince
,deva=divine, heavenly. --m. celestial being, god (esp. Indra), idol; priest, Brahman; king, prince. f. {I3} goddess (esp. Durga1), queen, princess.,cavittiru =sun-god, one of tuva1tacatittar , q.v.,gaNeza,havana=1 m. (for 2. see p. 1294 , col. 1) fire or Agni the god of fire,Izvara,kubera,madana,manasija,manoja,mAra i t.n.

Se se ova izrazi za BOG,i od boga rodeni i poimi od nebo.
Mislam deka samo od ovie,(a i gi ima uste so stotini),mozeme da go napravime Parteonot i Odeonot,a zosto da ne bideme neskromni, i BIBLIJATA,koga znaeme deka arapskiot i evrejskiot jazik ne se bas PIE,a Biblijata e pisuvana vo Aleksandrija pod Makedoncite,od Makedonci.
 
Убаво си кажаа на телевизија. Леринците го прославуваат свети Илија по стариот или црковен календар. Всушност во црквата денот што ние го знаеме како втори август, во црквата е токму тој 20 јули. Нема тука некоја голема филозофија зашто како. Инаку ме чуди поврзаноста на Св. Илија кои за македонците е трикратен празник, поврзаноста негова со Helios што значи сонце, а нели ние имаме сонце за симбол. Е сега во православието Св. Илија го знаме како светец кои ги диктира климатските промени, оној кој мава со громови, оној кој кажува кога има сонце. Целата оваа поврзаност се врти во круг.
 
Sg3201.gif


20 јулиј; Илинден; Илинденското востание
 
Da po staro se proslavuva,a toa sto po novo e 2 avgust e druga rabota.
Bezvezen ti si vo pravo! :)

Inaku postoi legenda za voznesuvanjeto na Aleksandar istovetna kako na prorokot Ilija.
Vsushnost zarem mozhelo Hristijanstvoto da se vkoreni na suva pochva?
Pa samite hramovi se pod crkvite.
Кontinuitet ima,iako vo periodot na raskolot seto toa se potisnuva.
 
Стар Календар: 20 Јули
(во грција е на 20 бидејки го имат преместено така)

Нов Календар: 2 Август
(за нас е на 2ри бидејки ако се гледа 20 по старо е всушност 2ри по ново)

Толку, канта за темата.
 
Инаку, 20ти Јули....па Овчаранци го славеле роденденот на Александар Македонски!

Па нормално, само славењето е под друго име за да не се растури Собирот.
 
В Македонију либертарные идеи попали из Швејцарии и Болгарии с
помоштьју македонских студентов, учившихсја в этих странах.
В 1897-98 годах в Женеве издавались две анархистские газеты на
македонском јазыке:"Glas" и "Otmatchtenie".
Несколько позднее
македонские анархисты принјали участие в создании Тајного
Македонского Револјуционного Комитета, которыј повел борьбу за
создание Балканској социалистическој федерации. В тот период
одним из самых јарких пропагандистов идеј русского анархистского и
народнического движенија среди македонцев был Васил Главинов
(1869-1929), которыј познакомил с ними Гоче Делчева (1872-1903) -
ведуштују фигуру в македонском национально-освободительном дви-
жении, основателја македонско-одријској револјуционној организации
и предводителја Илинденского восстанија (1903г.).
Это восстание
привело к созданију Крушевској республики - первој социалистическој республики на Балканах, просуштествовавшеј ровно
три месјаца. Делчев был был также близким другом болгарскиих
анархистов Михаила Гердикова и Врбана Килифарского, а кроме того
он боролсја бок о бок со многими другими македонскими анархистами,
например с Петаром Мандуковым (1879-1966гг.) - автором книги "
Азбука анархистского ученија" ( впервые опубликована в Скопье в
1898 году),
Даме Груевым (1879-1906 гг.), Николој Каревым
(1877-1905 гг.), Димо Хадимовым (1875-1924). Вскоре македонские
анархисты обзавелись даже собственној террористическој группој
под названием "Gemidjija", состојавшеј главным образом из
уроженцев города Фессалонники (јордан Попьјорданов, Марко
Боснјаков,Димитар Мечев, Константин Кирков,Павел Сатев, Милан
Арсов, Владимир Пирсов
), котораја пыталась привлечь внимание
мировој обштественности к македонској борьбе посредством целој
серии атак в апреле 1903 года. К сожаленију, часть участников
группы погибла во времја терактов, другие же были захвачены и
приговорены к длительным срокам тјуремного заклјученија.


http://fak2000.chat.ru/ugoslavanhist.htm.
 
Каде се закопани десетина четници на Питу Гули?

Осумдесет и седумгодишниот Петар Дамчески една работа досега ја чувал само за себе и своето семејство: сеќавањето на неговата баба Стојна и нејзиното сведоштво за крушевските денови по 13 август 1903 година. Подоцна, кога стравот од Турците во Крушево барем малку стивнал, таа раскажувала дека неколку дена по битката, заедно со уште три жени заминала во реонот на Мечкин Камен, за да ги тргнат од патот убиените востаници, да ги симнат повеќе метри подолу и тука да ги закопаат или да ги запретаат нивните тела со гранки и камења

„Приквечер борбата престана, зашто Мечкин Камен беше прекриен со мртви и тешко ранети востаници на кои никој не можеше да им помогне. Турците не запреа туку со брз марш го продолжија своето настапување кон градот. Востаници, башибозуци и турски војници лежеа мртви и ранети еден до друг. Дури утредента по конечното освојување на градот, Мечкин Камен повторно поцрне од војници. Дојдоа, да ги доубијат нашите ранети... и да ги погребат своите“.

„Приквечер борбата престана, зашто Мечкин Камен беше прекриен со мртви и тешко ранети востаници на кои никој не можеше да им помогне. Турците не запреа туку со брз марш го продолжија своето настапување кон градот. Востаници, башибозуци и турски војници лежеа мртви и ранети еден до друг.

Дури утредента по конечното освојување на градот, Мечкин Камен повторно поцрне од војници. Дојдоа, да ги доубијат нашите ранети... и да ги погребат своите“.

livada.jpg


Вака Наум Томалевски, врз основа на сведоштво на двајца преживеани борци, во 1929 година во весникот „Слобода или смрт“ го опишал крајот на крушевската илинденска епопеја. Тоа е последниот час на славната битка на Мечкин Камен, која завршила околу 20 часот на 13 август 1903 година.

Петар Дамчески, 87-годишен крушевчанец, кој со децении живее во Прилеп, цел работен век го поминал како војник и полициски командир. Ја преживеал Втората светска војна, по која следеле години на службување на македонско-албанската граница во немирните времиња по 1945 година. Видел сé и сешто, претргал преку главата многу неволји, за сега мирно да ја живее староста. Но, една работа, досега ја чувал само за себе и своето семејство: сеќавањето на неговата баба Стојна и нејзиното сведоштво за крушевските денови по 13 август 1903 година. Подоцна, кога Турците и стравот од нив во Крушево барем малку стивнале, таа со шепот кажувала дека неколку дена по битката, заедно со уште три жени заминала во реонот на Мечкин Камен, за да ги тргнат од патот убиените востаници, да ги симнат повеќе метри подолу и тука да ги закопаат или да ги запретаат нивните тела со гранки и камења. Каде точно, може ли Дамчески денес да се сети, да го препознае местото на кое поминувал како дете и за кое му зборувала неговата баба, но и мајка му Вица и татко му Ванѓу?

Од Крушево до Мечкин Камен во 1903 година се стигнувало по заобиколен пат, кој и денес го користат крушевчани, посебно во овие летни денови кога се обидуваат да се снабдат со некој товар дрва за греење во текот на долгата зима. И ние тргнуваме по него - стариот земјен пат - барајќи ги Караѓоините ниви, или како што ги именува Дамчески повторувајќи ги зборовите на неговите предци - „Караџојните нивје’ кои се уште ги кријат коските на дел од борците во последната илинденска битка за Крушево“.

fontana.jpg


Некаде на половина пат минуваме крај чешмата која постоела и пред 106 години и од чија вода, за последен пат се напил војводата Питу Гули. Никола Киров Мајски (крушевчанец, сведок на настаните, автор на „Крушево и неговата борба за слобода“, Софија 1939) опишувајќи ја битката вели: „Кај чешмата падна убиен знаменосецот, а еден куршум ги прокнижа градите на војводата“. Дали е тоа оваа чешма?

Токму тука нé пресретнуваат двајца крушевчани. Знаат каде се наоѓаат нивите што ги бараме, но баш ги интересира зошто сме тргнале кон нив. Кога им кажуваме дека го бараме местото каде што се закопани дел од комитите на Питу Гули, постариот се насмевнува: „Вие го барате тоа што педесет години други не успеале“. Сомничаво вртат со главата, но нé поведуваат кон местото. Уште десетина минути по стариот пат и доаѓаме до Караѓоините ниви. Крушевчаните си заминуваат не пропуштајќи да не подзамислат со забелешката дека и Мечкин Камен не е тоа што ние мислиме, а Дамчески внимателно ја разгледува околината. Пејзажот е тој - широка рамнина што благо се спушта под патот - но нивите веќе не постојат, меѓите исчезнале, а земјата обраснала со висока зелена трева.

- Тоа е тоа - вели Дамчески - тука биле убиени повеќе од десетина комити. Не се сеќавам на точниот број што баба ми го кажувала, но секогаш кога мислам на ова, низ главата ми се врти бројката 16. Овде на патот, неколку дена лежеле нивните тела. Сонцето и поминатото време веќе почнале да ги нагризуваат. Баба ми и трите жени ги тргнале од патот и го одвлечкале подолу. Не знам дали ги закопале или само ги запретале за да не ги развлечкаат животните. Сé си мислам дека барем првите што ги тргнале ги закопале, а потоа, кога се умориле, другите едноставно ги покриле со гранки, земја и камења.

Го разгледуваме пределот. Педесетина метри под патот има мал дол кој е идеално место за сокривање на телата. Но, нивите се прилично далеку од врвот каде се наоѓа споменикот пред кој секоја година се одбележува Крушевското востание. Што барале овие четници дури овде?

- Можеби тука сакале да ја пресретнат турската војска, а не би било чудно и да се обидувале да се повлечат - гласно размислува Дамчески.

Во битката на Мечкин Камен учествувале 370 востаници, од кои јадрото го сочинувале стотина. Другите се распоредиле по пристапните патишта кон Крушево, а овој е еден од нив кој води од или кон с. Бирино. За разлика од карпата наречена Мечкин Камен со која не задеваа нашите двајца „водичи“, ова место дава можности за предност во борба, но истовремено нуди и опција за повлекување, која кај Мечкин Камен ја нема или би се свела на бегање. А, со оглед на тоа што досега не е извршена вистинска реална реконструкција на сите настани од 13 август 1903 година, нема причина за отфрлање на сведоштвото. Верно, тука некаде, на тој простор од неколку стотини квадратни метри, можеби уште почиваат коските на 16-те борци од Мечкин Камен. Или барем на оние што имале среќа баба Стојна и нејзините три придружнички да ги закопаат и со тоа да ги заштитат од челустите на дивите животни.

Тргнуваме со виталниот дедо Петре назад кон Крушево, а потоа и кон Прилеп. Не пропушта да набере крушевски кантарион, кој е посебно буен десетина метри пред онаа таинствена чешма. Ист таков каков што береле неговата баба Стојна и мајка му Вица, и на чиј вкус сварен како чај во некои далечни зими сé уште се сеќава. Знаеме дека од овој ќе проба и сега, среде лето. Зошто сега со мирна душа може да се враќа со мислите во Крушево, свесен дека сведоштвото на неговата храбра баба е зачувано.

Турски дефтер за битката на Мечкин Камен

pitu.jpg



Според „Турски документи за оружените борби во Македонија“ (издание на Државниот архив на РМ, а во превод, редакција и коментар на д-р Драги Ѓоргиев), кои ги содржат податоците од два турски дефтери за борбите во Македонија во периодот 1903 - 1908 година, во битката во која загинал Питу Гули се убиени 56 четници (бројката 56 била напишана со молив и ставена во заграда), без ниту еден ранет или заробен. Во дефтерот стои и следното:

„Загуби на царската војска:
Убиени: редовна војска - 6; жандарми -; заптии - 1;
Ранети: редовна и резервна војска - 8; жандарми -; заптии -;
Име на водачот на четата: Питу Гулев;
Објаснување: Водачот е убиен. Ги запалиле владината зграда, телеграфот и касарната. Ги убиле владините службеници...“

Никола Киров Мајски ги запишал името на војводата и на 46 загинати и 4 ранети востаници, оставајќи го списокот отворен. Според Кочо Топузоски, крушевчанец, адвокат од Скопје, кој повеќе години упорно ги истражува настаните од 1903 година „точниот број на загинати на Мечкин Камен не се знае“ („Питу Гули, живот и потоа“, Скопје 2003). Уште помалку каде лежат коските на поголем дел од нив.

Средба со братот на Никола Карев во дворот на Колишевски

Karev.jpg



Петар Дамчески бил учесник во борбите на Сремскиот фронт во Втората светска војна, потоа член на милициското обезбедување при судењето на Методи Андонов - Ченто, а се сеќава и на моментите кога во дворот на вилата на Лазар Колишевски на Водно во Скопје, го сретнал братот на Никола Карев, Ѓорги, кој како затвореник бил одведен таму да работи во градината. И самиот крушевчанец, Дамчески веднаш го препознал Карев, но не смеел да му се јави. По неколку дена дознал дека Ѓорги Карев починал во затворот во Идризово, а гробот не му се знае ни до денешен ден. Сликата на братот на Ѓорги Карев, кој во затвореничка облека ги полева цвеќињата во дворот на комунистичкиот властодржец Колишевски, засекогаш му се врежала во сеќавањето.

Бил командир на станицата на Третиот реон во тогашно Скопје (денешен Бит Пазар), работел во обезбедувањето на Владата на Македонија, за оттаму да биде испратен по станиците низ Западна Македонија. Во средината на педесеттите години на минатиот век работел во мариовското село Дуње, кое деновиве поради исчезнувањето на петгодишнината Ангела беше во центарот на вниманието на македонската јавност. По уште неколку други прераспоредувања, пензиониран е во 1968 година.

Од судскиот процес против Ченто посебно во помнењето му се останал еден дел:

„Бев во обезбедувањето на судницата, така што ја следев расправата, иако тоа и не беше некоја расправа, затоа што ретко му даваа збор. Но, се сеќавам кога на една констатација на обвинителот, Ченто бурно реагираше велејќи дека тој не се согласува со терминот дека Македонија е ‘во рамките‘ на Југославија, туку треба да стои дека таа е ‘под рамките‘ на Југославија“, раскажува Дамчески.

Смилево заобиколено за Илинден

Заборавено од државата, дури и пред големиот празник Илинден, славно Смилево и неговите жители го живеат своето зачмаено секојдневие. Родното место на познатиот македонски револуционер Даме Груев, кое има и историска улога во подготовките на Илинденското востание, наместо туристичка атракција е опустошено и маргинализирано, обвинуваат од Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев.

- Селото е целосно запоставено, а населението се посиромашно и се помасовно се иселува и заминува. Во прославувањето на Илинден нанесена е голема неправда на Смилево од страна на државните институции, кои години наназад немаат никакви активности и не вложуваат ниту денар за одбележувањето на големиот празник. Дамјан Груев, како основач на македонската револуционерна организација и водача на Илинденската револуција го заслужува пиедесталот, а не тој да биде изложен на маргините како што тоа често се случува- вели Ристо Грујовски, претседател на здружението.

Меморијалниот музеј во Смилево изграден по повод стогодишнината од Илинденското востание и спомен плочата на родната куќа на Даме Груев се единствените обележја во селото кои зборуваат дека тоа е една од позначајните точки на македонската геополитичка карта.

- Не знам зошто се посветува толку големо внимание на Иселеничката средба што се одржува на 2 август во потпелистерското село Трново. Немам ништо против таа манифестација, но да се заборави Смилево за Илинден, кое има исклучително значајно место во македонската историја, а да се фаворизира Трново е нешто неразбирливо - додава Грујовски.

Дел од активностите на здружението е Смилево повторно да заживее со ангажман на целиот творечки и интелектуален потенцијал кој носи смилевски корени. Најавуваат и акција за собирање на предмети и пишани документи, докази кои зборуваат за Илинденскиот период, а ќе го најдат своето место во меморијалниот музеј во Смилево. Но, апелираат државата да му даде соодветен третман и да помогне ова револуционерно село да се извлече од заборав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom