ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Груевски испрати писмо и до Баросо
20.07.2008 19:15 По преписката со Караманлис, македонскиот премиер Никола Груевски проблемот со Грција во врска со непризнавањето на македонското малцинство и правата на бегалците го издигна на уште повисоко ниво. А1 дознава дека Груевски му испратил писмо на шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Во писмото Груевски го запознава Баросо со проблемот на македонското малцинство во Грција и со прашањето на Македонците протерани за време на Граѓанската војна.
Во писмото до шефот на Европската комисија меѓу другото стои:
„Грчките власти на Македонците веќе подолго време им го оспоруваат нивниот идентитет, што претставува директно кршење на меѓународното право. Со децении Грција води силна асимилаторска политика преку забрана за слободно декларирање на нивниот национален идентитет, проследено со систематски мерки за забрана и сурово казнување на македонските активисти“.
Генерално, констатира македонскиот Премиер, припадниците на македонското малцинство во Грција се предмет на силна дискриминаторска политика која води кон исчезнување на македонскиот идентитет во Грција.
Груевски го потсетува Баросо дека Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата ја анализира состојбата на македонската заедница во таа земја и ги охрабрува властите во Грција да продолжат со напорите за подобрување на ситуацијата на припадниците на малцинските групи, вклучително и на македонската заедница.
Натаму во писмото Груевски се задржува на проблемот на бегалците. Ја информира Европската комисија дека тие не можат да ги посетат своите родни места, да добијат грчко државјанство, ниту да ја повратат сопственоста на своите имоти. На крајот од писмото Груевски бара помош од претседателот на Европската комисија.
„Владата на Република Македонија апелира во рамките на вашите надлежности лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа. Нашите очекувања се Грција како членка на ЕУ и НАТО да почне дијалог што ќе доведе до исполнување на препораките на Европската комисија“.
доследност и упорност тоа ни треба!!!!!!!!