СДСМ ја заобиколува демократијата

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување
Појди во некое село во коперација, за два дена се ваѓаат 10.000 денари...Прошетај малку и ќе видиш дека е така..Минимум 30 луѓе по 20 пива во една вечер, па сметај дали немаат ќар и профит!

Моето економско познавање не го вели тоа.
Секогаш има исклучоци, Јас ти зборувам за мнозинството.
20 илјади денари е претеризам.
Или барем требаше да се направи некаква категоризација.
Но...однапред се гледа целта на овој закон, исто како и на законот за патриотски фискални каси.
 
pa sekade na zapad se prodava vo prodavnici sto imaat licenci taka da vladata ne ja otkrila amerika so licencite.rabotata e dali ke se sporoveduva zakonot a toa deka treba bez razmisluvanje da.
 
Е, ама со пивото иде и месни нарезак со вегета, за мезе...:pos2:
Ај не се филмај не се толку големи пари .... а и дека на месниот нарезок имаат ќар 38-50 денари е набавна цена.. а 100 грама вегета на мерење е 15 денари.... батали не се срами не се големи пари.. плус рачунај повеќето од нив се социјални случаи па играат на пишување и кога после 2 месеци ќе ги земеш парите не знам тука каде ти е ќарот.... ај сега збори на тема
 
Абе Кико, па нели за тоа веќе си постои закон, забрането е продавање на алкохол за деца кои немаат навршено 18 години. Со ревносно почитување на тој закон, се ќе си беше во ред.

Туку искрено, дали можеби ти текнува, кој најмногу ќе профитира од воведувањето на овој закон ?:helou:

Ова за случај да не си го видел постот, бидејќи се смени страната.:toe:
 
Да да, ама кога ќе земеш во просек дека најмалку 50% од вкупниот број на мали маркети и продавници, и неможат да направат годишен профит од 10 000 денари, од продажбата на пиво и вино, тогаш ќе дојдеш од другата страна на математиката што тебе и не те интересира.

Туку штипјани гледам почнаа да бунтуваат.
Ако ако, добро е тоа.
Можеби и на другите ќе им текне.

Вистинското време за бунт беше кога се затвараше скопска железара,градот во град,и тогаш никој не се побуни, потоа почнаа да паѓаат една по една сите и пак никој не се побуни,потоа дојде ТАТ некои се обесија ама не се побунија ........

За жал овој народ има преголем праг на толеранција што во овој случај не му е доблест исто како што не му е доблест и краткото помнење.
 
pa sekade na zapad se prodava vo prodavnici sto imaat licenci taka da vladata ne ja otkrila amerika so licencite.rabotata e dali ke se sporoveduva zakonot a toa deka treba bez razmisluvanje da.

Во тоа е и финтата, што ние сме далеку од западот.

Но затоа според давачките спрема државата сме се поблиску.

Грција е во ЕУ, Бугарија е во ЕУ.
Алкохол може да најдеш секаде во кое доба да посакаш.
Тука законот вели дека и со лиценца е забранета продажбата после 19 часот.
Која логика ?

Има закон за продажба на алкохол на малолетници, доколку е тоа целта.
Ама не е.
Замисли околу 6 500 000 евра секои две години бонус во буџетот...а.
А Славевски само ги трие рацете, и се фали дека Македонија има најголем буџет во нејзината историја.
Има.
Но кој видел аир од него.
Он и неговите другарчиња ?
А економијата нека трули.
 
Сум имал прилика да се запијам еднаш до доцна во Америка и знам дека после 20,00 часот мислам беше, можев да купам само пиво. Значи и таму има нешто слично, ама за жестокиот алкохол....Пивото си е пиво....Храна !:pos2:

И остана да лебди прашањето од пред некој пост:

Кој тоа најмногу ќе профитира од воведувањето на овој Закон ?
 
Вистинското време за бунт беше кога се затвараше скопска железара,градот во град,и тогаш никој не се побуни, потоа почнаа да паѓаат една по една сите и пак никој не се побуни,потоа дојде ТАТ некои се обесија ама не се побунија ........

За жал овој народ има преголем праг на толеранција што во овој случај не му е доблест исто како што не му е доблест и краткото помнење.

Аман бе Јоакиме, ако некој направил криминал нека одговара.
Башка Бранко е уште малку Претседател, ќе неможе и да амнестира.
Што чекате ?

Јас ти зборам за денешниве проблеми што го тангираат народот, а ти упорно железара тат.
И што.
Треба да молчиме?
Не смее да се дискурира за тековните проблеми ?

Сум имал прилика да се запијам еднаш до доцна во Америка и знам дека после 20,00 часот мислам беше, можев да купам само пиво. Значи и таму има нешто слично, ама за жестокиот алкохол....Пивото си е пиво....Храна !:pos2:

И остана да лебди прашањето од пред некој пост:

Кој тоа најмногу ќе профитира од воведувањето на овој Закон ?

Знаат...ама не смејат да кажат.
 
Аман бе Јоакиме, ако некој направил криминал нека одговара.
Башка Бранко е уште малку Претседател, ќе неможе и да амнестира.
Што чекате ?

Јас ти зборам за денешниве проблеми што го тангираат народот, а ти упорно железара тат.
И што.
Треба да молчиме?
Не смее да се дискурира за тековните проблеми ?

Што да правам одма ми доаѓа нагон да правам паралели.

Не ми беше тоа поентата, мислев дека во твојот пост очекуваш некој да се побуни,џабе чекаш зошто уште од сабајле бев сведок како во банка мирно си чекаа ред за да си платат за лиценца.

А инаку околу молчењето и дискусијата за тековните проблеми.
Крокодилските солзи имавме прилика да ги видиме и при воведувањето на ДДВ , а по смената на власта тоа не само што не беше укинато но беше и надградено.Ова на тоа најповеќе ме потсети.
 
Па искрено незнам во што е работата, дали е висок праг на толеранција, дали е неинформираност, ама знам дека вадењето пари од џеб по секоја цена, и од таа малку економија што ни остана...не ќе е на арно.
 
Аман бе Јоакиме, ако некој направил криминал нека одговара.
Башка Бранко е уште малку Претседател, ќе неможе и да амнестира.
Што чекате ?

Јас ти зборам за денешниве проблеми што го тангираат народот, а ти упорно железара тат.
И што.
Треба да молчиме?
Не смее да се дискурира за тековните проблеми ?

Всушност тековните проблеми и не се проблеми,тоа се само “мала шала“ со несогледиви последици.Македонија “вришти“ од наместени тендери на секој чекор,стенка од Мега-буџет колку 10 железари или 20-30 ТАТовци(годишно),писка од НЕКАДАРНИ крлежи инволвирани во културата,здравството,економијата,сообраќајот и насекаде каде може да се цицаат пари од народот,а ние треба да бараме виновници за пропаѓање на фирми од пред 10-15 години за кој веќе половина криминалци се изумрени.:toe:
 
Така е драг мој АБЦ...но нели најбитно е што ова Влада барем работи нешто.
А што работои, и Господ незнае.
 
1.За кои тендери сметаш дека се наместени?
2.Каква е поврзаноста на сегашниот буџет со пропаста на железара и девизните влогови?
3.Кои се некадарните крлежи,во суштина на чиј режим припаѓа администрацијата(лоцирај временски и идеолошки)?
4.Дали со твоето последно прашање се сложуваш со Б.Ц., љупчо и Тупурковски за амнестија на олигарсите?
 
Господ знае,само народот не знае,барем оној “неукиот“,а таков изгледа има многу во Македонија.:toe:
 
1.За кои тендери сметаш дека се наместени?
2.Каква е поврзаноста на сегашниот буџет со пропаста на железара и девизните влогови?
3.Кои се некадарните крлежи,во суштина на чиј режим припаѓа администрацијата(лоцирај временски и идеолошки)?
4.Дали со твоето последно прашање се сложуваш со Б.Ц., љупчо и Тупурковски за амнестија на олигарсите?

1.Во Прилеп се наместени сите до еден,што се одрази на квалитетот при изработката на тротоари,водоводна мрежа,промена на дограма,изработка на фонтани и чешми,комјутери за секое дете,избор на фирма со комисии за полагање возачки испити,спругнати сообраќајци од бетон кој вредат по 50 евра а се штелнати на 2 500 евра .............. списокот е премногу долг......
2.Поврзаноста е во тоа што се труби само ТАТ или други пропаднати и раскрчмени фирми во јавноста,а никој не обрнува внимание на екстремно зголемениот буџет кој изнесува колку вредноста на сите пропаднати фирми заедно за само една година буџет.
3.Ги има доста,дури и премногу некадарни,од министерството за култура па до комисиите за градежно и урбано уредување во општините каде градоначалниците се ДПМНЕовци.
4.Ако нема друго решение и амнестија на олигарсите не би била толку штетна колку што е штетно истите тие да вложуваат во фирми кај соседите и пак да останат неказнети како што сега се.Кој олигарх е соодветно казнет последниве неколку години,освен Јорго Ќука,кој и не е баш казнет.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom