Плачење

  • Креатор на темата Креатор на темата Reds United
  • Време на започнување Време на започнување
Плачам кога ми е тешко, најчесто на крај на недела, кога се ќе ми се насобере. Многу сум плачела кога баба ми почина, некогаш пак за родендени кога ќе ми приредат некое изненадување, тогаш па од среќа плачам :) Последен пат мислам на некој филм плачев :kesa:
 
Пред два дена, го гледав Тоше на тв, пееше во живо на некој концерт :nesum:
 
Вчера, имав страшна карница со брачеда ми:jaj:
 
Плачам кога ме боли главата многу:toe:
 
Вчера онака малку поплачив зарди еден пост, завчера средно плачев онака зарди еден чоек, а негде пред една недела се турив од плачење на сред час македонски зарди животов ми беден и сите се чудеа шо ми стана сеа вака набрзина...
 
ja sum si placka i placam mn cesto i mn mi e ubavo za se si se praznam ali samo koa sum sama ili so drugarka mi...hehe....jejje
 
Плачам кога ме боли главата многу:toe:

Jaс повраќам едно 4-5 пати по ред коа ме боли глава и после ми поминува:nesvest:

Вчера онака малку поплачив зарди еден пост

Ако можеш да споделиш за кој пост се работи, ако не е нешто лична причината?

пред една недела се турив од плачење на сред час македонски зарди животов ми беден и сите се чудеа шо ми стана сеа вака набрзина...

И мене ми идат од време на време такви моменти да плачам за животов дека е беда, но за момент само тоа и ми поминува. Кога ќе помислам како живеам јас, а какви се има по светов, на жалост, тоа така за миг ме орасположува, ако ништо друго бар ми ја трга солзата од око:pipi:
Тоа е, ЧОВЕК, не наситен, вечно незадоволен од животот и од другите, а многу ретко од себе:toe:
 
Многу ретко плачам ептен ретко последен пат сум плачел пред 4 години кога почина дедо ми:cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry: и кога Манчестер испадна од групи ЛШ, цврст карактер имам бе:icon_cool
 
Многу ретко плачам ептен ретко последен пат сум плачел пред 4 години кога Манчестер испадна од групи ЛШ, цврст карактер имам бе:icon_cool

Oд порто така?
затоа сеа ќе им вратиме:vozbud:
 
Многу ретко плачам ептен ретко последен пат сум плачел пред 4 години кога почина дедо ми:cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry::cry:, цврст карактер имам бе:icon_cool
Плачењето не е поврзано со цврстината на карактерот, туку со начинот на искажување на емоции. А искажувањето емоции е поврзано со душевната состојба на човекот, која ни најмалку не зависи од јачината на карактерот...
Ако луѓе кои не плачат имаат цврст карактер, тогаш тие би биле еднакви на луѓето без карактер, затоа што по некоја логика и тие не би плачеле...:smir:
онтопик:
Едноставно олеснување ми е, како вентил на душата кога ќе се се изнаплачам. Не го правам често, но скоро никогаш не се обидувам да го сокријам:helou:
 
Е плачка сум јас , лигла голема па што барем си признавам, кога ми се плаче плачам ич гајле не ми е ми олеснува така
 
Последен пат минатата недела.Абе знаеш,периоди ме фаќаат некои:icon_confНајсреќното плачење во изминативе години ми беше за Лига на шампиони кога победија Манчестер.Среќни моменти.Абе искрено често си плачам...ех:icon_neut
 
Ако можеш да споделиш за кој пост се работи, ако не е нешто лична причината?

7-ми ноември. Ко да беше вчера, не? После 4 месеци и 2 недели, најубавиот период во досегашниот мој живот, период во кој ти ја играше единствената улога, главната улога во мене... јас се пронаоѓам лигав и патетичен во ова викенд попладне, каде што ме чекаат 80 страни едукација, но фокусот во мозоков е изместен. Неможам да мислам на ништо, освен на вчерашната вечер, можеби една од најубавите заедно. На ништо друго, освен на последните 10 минути каде се гушкавме како никогаш досега. Ништо друго не ми го обзема мозокот и не ми дозволува да се опуштам, како последниот бакнеж вчера... каде навистина неможев да те пуштам, а кога се свртев и ја ставив капата те осетив дека се насмеа така шмекерски. Те обожавам кога се смееш искрено, без трошка иронија, ти го сакам лицето кога ќе се насмееш после плачење, а вчера во 01:09 ти беше токму таква. Дали осеќаше горчина? Искрено не знам и секој мој обид да погодам ќе биде неуспешен. Постов не е очаен обид за те терам повторно и повтoрно да биде како порано, туку единствено морам да го искажам ова на некој начин за да ми е полесно. Кајгана темава можеби и не е најдобрата солуција, но ете...

За овај...
Да појаснам. Болигла- суштество шо од сите љуѓе шо ги знам (заедно со уш една личност, го делет првото место) најногу ги ценам и сакам (на пријателска база). Епа ти сеа види зш сум плачела...

И мене ми идат од време на време такви моменти да плачам за животов дека е беда, но за момент само тоа и ми поминува. Кога ќе помислам како живеам јас, а какви се има по светов, на жалост, тоа така за миг ме орасположува, ако ништо друго бар ми ја трга солзата од око:pipi:
Тоа е, ЧОВЕК, не наситен, вечно незадоволен од животот и од другите, а многу ретко од себе:toe:

Обично не сум таква, ама овај пат, верви ми иам силна причина, а пошо то е ногу поприватно од претходното, не навлегвам во детали.
 
Јас мноооогу често плачам, еве пред два дена последен пат плачев и така ми е полесно откако ке се исплачам, само што кога плачам нема некој причина, плачам без врска:pos2: а најмногу плачам кога гледам некој романичен филм, често плачам од среќа, а и кога ке се случи нешто страшно:nesvest:
 
Плачењето сум го сфатил како знак на беспомошност и слабост така да не дозволувам да заплачам. Којзнае од кога не сум плачел. А и кога плачеш се чуствуеш као последно говно и те боли глава плус xD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom