Писмото на Премиерот (pure sex)

  • Креатор на темата Креатор на темата Jakov
  • Време на започнување Време на започнување

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Возраст
51
Веб-сајт
jakov.blog.com.mk
Без вазелин, без кондоми, без скрупули.
Чист, антички секс, како оној на славните атински педерасти.
Ако, само нека е за арно.

Груевски му пишал писмо на караманлис во кое му вели:
„Почитуван Господине Караманлис,
Ви пишувам за две исклучително важни теми, чие решавање убеден сум ќе исправи многу историски неправди, неправди кои се чувствуваат и денес, и ќе го подобри животот на многу луѓе, а секако позитивно ќе влијае на подобрување на односите помеѓу Република Македонија и Република Грција.
Имено, кон крајот на четириесеттите години, за време на граѓанската војна во Грција, неколку стотини илјади граѓани и цели семејства во виорот на војната, во својство на бегалци ги напуштија своите домови, имоти и државата Грција во која беа родени.
Огромен дел од овие луѓе, најголем дел од нив етнички Македонци родени во Грција, дојдоа да живеат во тогашната СФРЈ, поточно во делот на денешната Република Македонија, и останаа тука засекогаш, на што веројатно влијаело и тоа што говореле ист јазик и чувствувале припадност на ист народ, македонскиот. Еден дел од нив се раселија во други европски држави, како и во Америка, Австралија и Русија, но и оние кои се раселија исто така се најголем дел етнички Македонци, говорат ист јазик со нас, чувствуваат припадност на истата нација, македонската, а поголем дел од нив имаат и двојно државјанство, македонско, и на земјата во која живеат.
За жал, децении потоа, по нивното напуштање на родните места и живеалишта, дури и откако заврши војната, ним им беше оневозможено, односно забрането да се вратат во своите родни места, во своите родни куќи и на своите имоти. Тоа не им беше дозволено ниту ним, ниту на нивните наследници. Колку што знам, некаде на почетокот на осумдесеттите години, во Грција се донесоа неколку закони со кои на некој начин им се одземаа нивните имоти, и ќе се согласите дека таквите закони не се согласно стандардите на Европска унија, НАТО и меѓународните стандарди за човекови права и за гарантирање на сопственоста. Денеска овие граѓани, сега веќе државјани на Република Македонија, а родени во Грција, се тројно дискриминирани. Прво, не можат да си ги добијат имотите назад, второ, имаат сериозни потешкотии за влегување во Грција и трето, доколку некој од нив сака, не може како и секој друг човек кој се родил и израснал во Грција, согласно грчките закони да има право на двојно државјанство, едно македонско и едно грчко, во услови кога Грција го дозволува правото на двојно државјанство. Имајќи во предвид дека во децениите кои се зад нас, демократијата во двете држави се развиваше, а Вашата држава стана и членка на Европската унија и НАТО, институции каде особено се внимава на човековите права и на стандардите за гаранција на приватна сопственост, очекувам дека Вие како Премиер, ќе превземете мерки за исправање на оваа неправда за огромен број на луѓе со тешка судбина и животен пат.
Во Република Македонија овие граѓани се организирани во повеќе граѓански здруженија и во неколку средби со нив, тие побараа да се обратам до Вас како до Премиер на соседна држава, од која тие се чувствуваат дискриминирани.
Втората тема за која сакам да Ве замолам, а верувам дека Вие со задоволство ќе се ангажирате да помогнете, е признавањето на македонското малцинство во Република Грција, и овозможување на основните права согласно меѓународните стандарди за образование на мајчин јазик (македонски), негување на културните традиции и обичаи преку различни форми на организирање, употреба на македонскиот јазик во локалните институции во местата во Грција каде тие живеат во позначаен број, и други можности кои секоја демократска држава ги овозможува на сопствените граѓани кои се од етничка заедница различна од доминантната.
Господине Премиер,
Јас верувам дека Вие со добра волја ќе ги разгледате овие прашања, и се надевам дека во разумен период ќе предложите решение за овие горливи проблеми. Јас, и институциите во Република Македонија Ви стоиме на располагање за секаков вид на комуникација по ова прашање, дополнителни информации, а можно е и средба на експертски групи од двете држави кои верувам во еден краток неколкумесечен период ќе ги утврдат сите факти и детали, со кои ќе ги надминеме овие проблеми, кои сигурно ќе влијаат на одржувањето на добрососедските односи.
Сите знаеме дека за решавање на овие проблеми потребна е пред се политичка волја, за која јас верувам дека вие како демократска држава и земја членка на Европската унија и НАТО ќе ја имате. Впрочем, во денешно време, кога се работи за човековите стандарди, гаранцијата на приватната сопственост и малцинските права, не се работи за тоа дали сакаме или не сакаме да ги решиме, туку потребно е стриктно придржување до меѓународните стандарди.
Господине Премиер, јас и Вие не можеме да ја промениме историјата и минатото, но со добра волја можеме да исправиме многу неправди од минатото, а секако дека можеме да влијаеме во креирањето на многу подобра иднина на нашите граѓани, доколку реално и непристрасно приоѓаме на реалните проблеми.
Со надеж на Ваш скорешен позитивен одговор,
Искрено,
Никола ГРУЕВСКИ“
:bravo::bravo::bravo:
 
BC ja narece borbata na segasnava vlast za makedonskoto nacionalno ime i pravata na Makedoncite vo Grcija- populizam.
:kesa::kesa::kesa:

Veke se otkrija antimakedoncite vo makedonskata politika.
 
Може БЦ земал пари па сега денеска го уцениле од југ, па сега му гори под нозе.
 
Abe ne e biten BC.
Prv pat vo istorijata na Makdonija od 1944 navamu oficijalen makedonski drzaven pretstavnik bara grcija da go resi problemot i da go priznae malcinstvototo.
Laprdarenjeto na BC i KG 18 godini nanazad vidovme so donese.
Ova samo ke gi razgnevi grcite toa e jasno, no vo besot se pravat i najgolemite greski.
 
Без вазелин, без кондоми, без скрупули.
Чист, антички секс, како оној на славните атински педерасти.
Ако, само нека е за арно.

Иако со закаснување(можеби е со умисла ради Букурешт) браво за грујо и претходно пишав дека токму ова прашање треба да се активира на меѓуполитичка сцена ако сакаме да извлечеме некоја корист од преговориве што претстојат.

Баш ме интересира контра-реакцијата на Караманлис


Битуше ме интересира кај ја најде изјавата на Бранко искрено мислам дека ти е од рекла-казала не бре Бранко можеби е најголемо ѓубре ама мораме да признаеме дека е најпаметен политичар во Македонија не верувам дека дал ваква изјава која не му оди во корист.
 
Груевски како ја води државата сега алал да му е. Така нека продолжи.
За писмото што го испратил од народот има чиста стотка. Прашање е дали К„раманлис ке стори нешто повеке, или ке си продолжи по старо:nenene:?
 
Одлично, Куромалис нека си дума, Груевски добро продумал. Грекос малакас.
 
Plus toa... Gwujo praka nekoj ko Bocevski vo Brisel...so eden zbor : koj ve ebe....hmmm, moze kasno pali detevo , .....moze kasno pali.....,no vo princip e bitno da ZAPALI... :)!!!
 
Битуше ме интересира кај ја најде изјавата на Бранко искрено мислам дека ти е од рекла-казала не бре Бранко можеби е најголемо ѓубре ама мораме да признаеме дека е најпаметен политичар во Македонија не верувам дека дал ваква изјава која не му оди во корист.

Така само, брани го лајнојадачот, се шо рекло лицето мора да е рекла-казала.
На кој сакаш вести на нет ја има средбата на БЦ во Охрид и неговата изјава.:bip:
 
se e kazano vo pogornite postovi..jas mozam samo da izrazam podrska na cinot i zadovolstvo.
 
Така само, брани го лајнојадачот, се шо рекло лицето мора да е рекла-казала.
На кој сакаш вести на нет ја има средбата на БЦ во Охрид и неговата изјава.:bip:

Види Дино не знам кај виде во мојот пост дека го бранам и самиот реков дека е најголемо ѓубре ама чекај малку размисли малку па реплицирај пошто ти мислам дека си младо дете во развој ќе ти објаснам пополека со примери

Петко е по професија заварувач и Петко би бил успешен заварувач ако не падне на ниеден А-тест ,сите варови му се успешни добро избрусани итн итн

Трајче е по професија лопов и Трајче би бил успешен лопов ако не падне во чорка и направи 1238 кражби

Миле е пак швалер и Миле би бил успешен швалер ако има 6 швалерки а жената му мисли дека Миле пее во црковен хор


Бранко е пак политичар и Бранко пак би бил успешен политичар ако би се задржал што е можно повеќе време на власт без разлика на цената зошто за нив Фауст е само комплимент
 
Види Дино не знам кај виде во мојот пост дека го бранам и самиот реков дека е најголемо ѓубре ама чекај малку размисли малку па реплицирај пошто ти мислам дека си младо дете во развој ќе ти објаснам пополека со примери

Петко е по професија заварувач и Петко би бил успешен заварувач ако не падне на ниеден А-тест ,сите варови му се успешни добро избрусани итн итн

Трајче е по професија лопов и Трајче би бил успешен лопов ако не падне во чорка и направи 1238 кражби

Миле е пак швалер и Миле би бил успешен швалер ако има 6 швалерки а жената му мисли дека Миле пее во црковен хор


Бранко е пак политичар и Бранко пак би бил успешен политичар ако би се задржал што е можно повеќе време на власт без разлика на цената зошто за нив Фауст е само комплимент


Б.Ц.кога дојде прв пат на власт можеше да бира или да биде голем лидер на нацијата или да биде голем лопов ,па сега пресудете сами што одбрал
 
Потегот од моја страна е отценет со 101 од сто поени..Браво, за Груевски кој е единствениот Македонски политичар кој го отворил ова прашање..БЦ, ја гледав неговата пресконференцијата во Охрид, и искрено ми личеше како давеник,кој очајно бара некоја рачка т.е. сламка за спас..Но, народот го виде неговото, а ако Груевски настапи слично, и него ќе го стигне раката народска..Добро осмислен потег, конечно се иницира некој конкретен чекор за решение на огромна рана зададена на Македонскиот народ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom