Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сите племиња на кои што сум припаѓал сите ги љубам се и ќе бидат дел од мене. Хипотетичка ситуација :icon_lol:.
Епа оваа хипотетичка ситуација не е патриотизам. Патриотите не им припаѓаат на сите народи, туку на еден одреден народ!
На нашиве балкански простори не е ретка практиката да се мрази оној "другиот", примерот кој ти го посочив не е невозможен во пракса! На пример цел живот се сметаш за горд Србин и ги мразиш Хрватите, и на крај одкриваш дека си бил посвоен и дека си Хрват! Што тогаш? Според што ќе одредиш кој е вреден за да се сака?
 
Г

Господ

Гостин
Или уште потешко да си белграѓанин,татко ти играл за Ѕвезда дедо бил партизан и да треба да бираш меѓу Ѕвезда и Партизан:vozbud:
Патриотизмот нема вредности,се што е создадено од човечка рака е гомно невидено.Така е и со државите и народностите...
Патриот не се раѓа.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
точно.само треба да биди доктрина,а не преточена во лудило
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Mene patriotizmot mi e vroden vo srzta .
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
А шо значи тоа сакање народ?
Што е тоа “своето“?
Ти ги сакаш сите 2 милиони во РМ или само оние кои се идентификуваат како македонци?
Остај шо 99,99% од жителите не ги ни знаеш ни познаваш...ама ги сакаш...

А оние по дијаспората,и нив ги сакаш?

Земјата...мислиш почвата,хумусот или државата?

Јазикот хахахах јазикот е алатка за комуникација,незнам како може да се споменува во конотација на сакање или мразење...
Татко ти и мајка ти не ти се свои/твои ?? Што ти се тие,најблиски на свет,тие што те создале и ти овозможиле да личиш на човек и да ги уживаш сите придобивки што ги има само човекот...исто ти е и со својот народ и држава,додуша не ти се до тој степен свои,ама чувствуваш како да си дел од мозаикот наречен народ или држава во која си роден и живееш..
не се радуваш на успесите на твојата земја кога ќе и учука на Грчка 3 гола у фудбал..а се нервираш кога губи од Андора..?? ако имаш малце барем Ч од чувство сигурно и ќе осетиш нешто..тоа ти е,тоа..Ја незборам дека треба сега на клада да се спалиме за да докажеме дека сме патриоти..,глупости
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ова е вистина

--- надополнето ---

ова не е далеку од вистината

--- надополнето ---

е зато не успеавме

--- надополнето ---

од каде иди помош само ?!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.236
Патриотизам-најчест изговор за лечење фрустрации, и најголема причина да се оправда војна.
ѕрррннн, да...ене ги шведците, данците, норвегите...секоја петтолетка водат војни ради нивните чувства кон својата држава и народ. Пре би рекол дека самиот изговор за изговорот за патриотизам е изговор за -ме здоболе к. за се околу мене...патриотизам не е еднаков на војни, причините за војните се разглабани миљон пати па е глупо пак да се разглабаат.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Да се манипулира со сиромашна маса народ, коа не можеш ништо друго да им даеш за да им го подобриш животот.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
ѕрррннн, да...ене ги шведците, данците, норвегите...секоја петтолетка водат војни ради нивните чувства кон својата држава и народ. Пре би рекол дека самиот изговор за изговорот за патриотизам е изговор за -ме здоболе к. за се околу мене...патриотизам не е еднаков на војни, причините за војните се разглабани миљон пати па е глупо пак да се разглабаат.
Патриотизмот овде е спомнат само како изговор а причините се знаат. :)
Не знам зошто ама јас имам поинаков впечаток за патриотизмот особено кога ќе се зголеми неговото споменување по вести и мејстрим медиа. Последен пат кога се споменуваше патриотизам во америка заврши со крвопролевање на 1.5 милиони души. Еве не мора толку далеку да идеме можеме и да ја земеме за пример србија и милошевиќ. Или македонија каде патриотиски е да подржуваш склуптури и тепаш студенти :) . И непатриотски е да споменеш дека власта лошо си ја работи работата автоматски си соросоид, комуњар, предавник...

А може и вака да го гледаме патриотизмот :
Најбучни патриоти:
kultuzin - во германија
Goradzs- шведска
bratot- полска
misirkov - америка работи со папирологија на столче и се шета каде сака.
Citro-love- владин платен т...

И ред други кои одбегнувам да ги именувам а кои се или ситуирани добро или се вмро т...
И чат- пат по некој наивен
Сега според ова како би го дефинирал патриотизмот? Мене ми паѓа ова на памет според примероците што ги видов - Патриотизам е чуство кое се јавува со заминување од земјата колку подалеку толку повеќе солиш памет по форуми и блогови . Друга дефиниција: патриотизам е нешто што се јавува заедно со твоето банкарско конто или банкарското конто на твоите родители колку е поголемо толку е поголем твојот патриотизам .

Ќе да е тоа?

Паметен газ не го тупи имаш тема за тоа . Затоа за буш бараат да му се суди како масовен убиец .
 
S

smart ass

Гостин
А оти сите ВМРО се патриоти?
Ја сакаат блгарија и Тодор Александров:vozbud:

Штета гледам патриотизмот го поврзувате веднаш со војни,па ова она-НЕ!!

Патриот е првенствено човек кој се грижи за општ добробит на заедницата,не и наштетува на истата а придонесува за неа.

Таму каде има чукање гради и етноцентризам НЕМА ПАТРИОТИЗАМ!!!

Значи драги не сте предавници или пак патриоти ако имате различно мислење по Х-основ и секако според оваа дефиниција најверојатно има и албанци,срби и тоа попатриоти од чукачите по гради.(и некојси бугарчиња никнати).

--- надополнето ---

Патриотизмот овде е спомнат само како изговор а причините се знаат. :)
Не знам зошто ама јас имам поинаков впечаток за патриотизмот особено кога ќе се зголеми неговото споменување по вести и мејстрим медиа. Последен пат кога се споменуваше патриотизам во америка заврши со крвопролевање на 1.5 милиони души.?
Немаше крвопролевање-умираа од глад и недостиг на лекови....санкциите:toe:

А и видиш денес имаме 4-та генерација војни-помина времето на огромни загуби(воени).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.236
Патриотизмот овде е спомнат само како изговор а причините се знаат. :)
Лупос, не за џабе ги спомнав токму тие држави. Истите, според многу истражувања и статистики се репер за некои највисоки засега достигнувања на поле на толеранција, човекови (па и права на животните) права, слобода на печат, говор, мислење, функционирање на цел систем како часовник. Но доколку на некој од тие граѓани му дирнеш во државното, националното, неговиот идентитет како швеѓанец (за овие се иам лично уверено -и со нив расправано) или норвежанец...биди сигурен дека ако си таму ќе имаш гадни последици. Но стотици години немаат водено војни...оти никој не ги чепка од тој аспект, никој не им вели дека имаат вештачка држава (а сите држави се вештачки по дифолт), никој не им вели вие не сте данци, швеѓани и вие сте рамноправни со 1-2% македонци, срби или албанци во Шведска).

Едноставно не постои место/држава на планетава каде мнозинството нема идентитет, историја, традиција (дури и племенските заедници во некои области -Африка, Зеланд, Ј. Америка го имаат тоа чувство и припадност)...едино сакаат овде да направат аморфна маса под разни изговори...нашата држава е нечиј експеримент, дали е успешен, ќе видиме, дајбоже да не е.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Лупос, не за џабе ги спомнав токму тие држави. Истите, според многу истражувања и статистики се репер за некои највисоки засега достигнувања на поле на толеранција, човекови (па и права на животните) права, слобода на печат, говор, мислење, функционирање на цел систем како часовник. Но доколку на некој од тие граѓани му дирнеш во државното, националното, неговиот идентитет како швеѓанец (за овие се иам лично уверено -и со нив расправано) или норвежанец...биди сигурен дека ако си таму ќе имаш гадни последици. Но стотици години немаат водено војни...оти никој не ги чепка од тој аспект, никој не им вели дека имаат вештачка држава (а сите држави се вештачки по дифолт), никој не им вели вие не сте данци, швеѓани и вие сте рамноправни со 1-2% македонци, срби или албанци во Шведска).

Едноставно не постои место/држава на планетава каде мнозинството нема идентитет, историја, традиција (дури и племенските заедници во некои области -Африка, Зеланд, Ј. Америка го имаат тоа чувство и припадност)...едино сакаат овде да направат аморфна маса под разни изговори...нашата држава е нечиј експеримент, дали е успешен, ќе видиме, дајбоже да не е.
Таму сигурно не им се споменува 24/7 индетитетот името патриотизам итн насекаде . Ниту се отваараат 15 теми на тоа прашање.
Одговорот еве ти го како некој друг го дефинира. Со оглед дека спласна фамата може да се види колку сме патриотски расположени .

Биди патриот затоа што е фенси. Најкратка дефиниција општо за сите патриот4иња we. Неможе некој што до вчера си седел така со половиот му орган во рака, така ко гром од ведро небо да го удрило и да стане патриот, знамето во рака и да почне да го тупи со тоа како би ја дал душата за земјата си своја убава. Каде е тој патриот за време на војната? Во домата негова преубава, гледа вести на 50 инчен HD телевизор, пцуе за тоа што правеле некои си иксти личности за тоа време додека он така си седел по дома и си го дрвел.

Знамето како приказ за тоа што се случува. До пред некое време ретко кој имаше знаме по дома, но дојде време за протести и фраери одма земаа знамиња, јак штик македонштина на кило-гомнари.
Пример

Јас до пред протестите немав видено еден факинг коментар за тоа како тоа се сакала својата земја и како би душа дале одредени личности (сликава е онака чисто за пример земена, да не се вреѓаме одма)

Случајно одма на сите им се ствара онаа одбивност за одење во Грција, ама факт е дека сите сакаат да се ладат покрај таа морска вода, на тие песочни плажи и да ги служат екстра цицлести келнерки.

Квази патриотизам има ептен, такви ко што би рекол и еден обичен Пикисипи „до вчера комунисти, а денес слават празник верски„.
Ми се повраќа од сите квази патриот4иња кои гледаат дека поголема толпа народ се собира и прави нешто заедно, а зашто па да не би тие правеле такви работи??? Овци, ако фрлиш една овца во вода сите други по неа ќе рипнат.
Кај се бе сите овие патриоти што го тапацираат тука на форумот да отидат да служат војска, да бидат во први борбени редови кога би биле повикани да ја бранат својата држава? Сите тие вадат или потврди од факултет, или потврди дека се ретардирани. Ебати патриотизмот



п.с. очекувам да бидам вреѓан, колнет, дури и избришан од темава....ама ако нек се угоде за памет:)
Кај нив работите одамна се средени во тој поглед и дебатата одамна е завршена .
Кај не ми делува тоа ... а и неам чуено да се пропагира патриотизам кај нив ниту да се тупи со тоа зборче. А за ова :
никој не им вели вие не сте данци, швеѓани и вие сте рамноправни со 1-2% македонци, срби или албанци во Шведска).
А за тоа дали некој им рекол не знам :) Ниту не знаеме како целиот народ ќе реагира сигурно нема да се манифестира гневот со вреѓање секое малцинство кое живее со нив во мир и хармонија. Еден човек и еден муабет не прават разлика кога станува за менталитет.
Вшусност швеѓаните таму се рамни и со имигрантите затоа победија партии со анти-имиграциона политика . Им се досади да плаќаат даноци за некој имигрант да ги добива тие пари :)

..едино сакаат овде да направат аморфна маса под разни изговори...нашата држава е нечиј експеримент, дали е успешен, ќе видиме, дајбоже да не е.
Државата наша беше створена како место од кое ќе се контролира и стабилизира балканот ако не дај боже пукне насекаде. Сега нашата држава преставува проблем а не решение. Па можеш да видиш како ќе заврши тоа...
А за аморфна маса ... хм ... никој не се буни... ниту се труди да размисли и разглоби проста работа ... ми личи веќе на аморфна маса која прима се и сешто. Доказ за тоа е што голта све и свашта од телевизиине од турски серии, до српска музика.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.236
Таму сигурно не им се споменува 24/7 индетитетот името патриотизам итн насекаде .
Ами си функционираат, затоа. Во нашата држава здравството е секогаш испразнето, колабира и не функционира, во образованието проектите лутаат и се несигурни и без некој позитивен резултат, катастарот и геодетска не можеш да извадиш документи за да си го купиш сопствениот двор, ниту имаат нормални податоци за земјиштето...остана некоја институција? А, да...мин. за транспорт е глуво на фактички монополот на телеком, се прикажуваат за ненадлежни каде не им одговара, безбедноста е на доста ниско ниво...мора некако да се одржува напнатост. Иако грците се до гуша виновни (не се за правдање), мислам дека овој навистина голем проблем нашите власти го користат и не маткаат со децении-со ова не ја открив Америка ама ...но и да немавме проблеми од грците, сепак е нормално да се има патриотизам. Сум бил и без работа и беспари, македонското и државата, химната...сим ги сакал и поштувал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom