Ова беше голем ден за Мајка Македонија..Браво, за Љубе..Покажа што значи Македонско достоинство, покажа што значи љубов кон Татковината, покажа што значи голем Христијанин, со тоа што не натера да проштаваме, но и да не забораваме..На некој му засмета Амди Бајрам..Каков и да сака крадец нека е, циган, ваков таков, човекот излезе многу поголем Македонец од некој сами што се декларираат како Македонци, но нејсе и нив им простува, а посебно на Човекот Банка..Кој, којзнае во која дупка се имаше денеска пикнато, којзнае од која дупка го гледаше преносот на Аеродромот во Скопје, и изливот на Македонштина таму, а после и на Плоштадот, на говорницата каде се изјавија многу патриотски мисли,кои мисли се обид да се сплоти овој народ Македонски, и сите народи што живеат во Македонија, да си ја направиме поубава иднината нам, и на нашите синови и ќерки, внуци и правнуци..Да живеат слободно,во една држава, без никакви делби, без никакви предрасуди..Впрочем, тоа и му беше желбата на Брат Љубе..Прочка, но и да не се заборава..Прочка, бидејќи Христијански е да простуваш..Простување, но не заборавање..Секоја чест голем бранителу, секоја чест голем човеку,Македонецу..Твоето име ќе се слави насекаде, твојот дух е олицетворение на духот на Гоце Делчев,Јане Сандански, Питу Гули, Ченто..На сите Македонски дејци кои паднале жртва за Македонската кауза..Ти го продолжуваш ова дело,ја разубавуваш ова малечко парче земја Македонска..Ја бранеше со сите сили, и докажа дека Благословена е таа Мајка што те родила Тебе, воздигнител на Македонскиот дух, сплотувач на народот што живее во Македонија..
Да живее Брат Љубе, современиот Питу Гули..
Да живее Мајка Македонија..
Да живеат сите Македонци каде и да се...
Да живеат сите пријатели на Македонија, а на непријателите да им порачаме „Сме поминале многу тешкотии во нашата многу вековна борба, не ништеле Римјани,Византијци,Османлии, и многу други..И никој не не уништил..Никој не го уништил ова мирољубиво народче, кое никогаш не зема туѓо, а многу му имаат земено...И никој нема да не уништи, освен Господ“Затоа да престанеме да се караме меѓусебно, зошто оваа Македонија е единственото што ни остана, единственото што го имаме...Оваа е Библиска земја, Благословена...