За тие што сакаат да го гледаат светот фотографски

Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Do you see what I see ? Maybe , maybe not . Even if you’re standing right next to me …..

Вака ја започнува својата книга Bryan Peterson , Learn to see creatively , која во моментов ја читам . На следниве страници ќе се обидам да ви го пренесам најинтересното од неа .

Книгата се занимава со креативната визија при фотографирањето . Неможноста да се “види” на почеток е најголемата несреќа на секој фотограф . Ако подоцна и почнете да гледате , навистина да гледате , се соочувате со следната препрека , компонирање на сите елементи на кадарот во урамнотежена и хармонична целина .Книгата преку примери и вежби , има за цел не само да научи да се препознае можност за фотографирање , туку и да го развие конзервативниот начин на гледање на светот кој најчесто води до неитересни фотографии .

Еве една вежба : Како да се развие креативното гледање ?
Најчесто ако се разбере , научи што гледа вашата леќа ( објетив ) . Само мало појаснување , човечкото око гледа приближно исто како и објектив од 50 мм фокална должина . Во зависност од тоа што објектив поседувате , поставете ја фокалната должина на 28мм или 35 мм . Оваа должина ќе остане непроменета за цело времетрање на вежбата .
Сега одберете предмет што ќе го фотографирате . Од било кога дистанца од фотографираниот предмет , треба да го постигнете истото : фотографираниот предмет секогаш да биде централно во кадарот , а слободниот простор околу него да биде подеднаков од горе и доле , лево и десно . Направете една фотографија . Движете се околу предметот што го фотографирате . Фотографирајте го од поблиску . Фотографираниот објект секогаш да биде во центар и во фокус . Првата фотографија ќе има голем дел и од позадината . Како се доближувате до предметот , позадината ќе се изолира , а објектот ќе биде се подоминантен во кадарот .

Следно , без да ја промените фокалната должина , сменете го аголот на фотографирање , движејќи се околу објекот клечејќи , на колена . Од оваа позиција имате сосема поинакова длабочина на персективата , а фотографираниот предмет добива нова димензија .
Следната ваша позиција од која ќе фотографирате е лежејќи на стомак , па на грб . Ќе се изненадите од резултатите .

Вежбата треба да ве научи на различните точки на гледање на фотографираниот објект . Вежбата повторете ја со сите фокални должини на вашите објективи и истата практикувајте ја некое време . Разбирањето на уникатниот поглед на вашата леќа , и различните точки на гледање ќе ви овозможат фотографско патување со неограничени можности .
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8

RETARD
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
... а можеби си во право Psychopathia , кој ќе знае .....

Во секој случај ти благодарам за кометарот , иако верувам дека не го прочита мојот пост што е за очекување од ваков ментален склоп како твојот . Поздрав до тебе пријателе .....
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
На момент помислив дека се залудни овие мои постови . Но еден нов пријател ми ја врати вербата дека сепак некому ова му е од полза . Па продолжуваме .

Покрај литературата , фотографијата се учи со гледање на фотографии. Чии фотки би гледале ако не на мајсторите во својот занает .

Кога гледате нечии фотографии , одговорете си на прашањето дали ви се допаѓаат или не ? И зошто ? Можело ли поинаку ?

Обидете се да ги пронајдете правилата на комозиција , размислете околу техниката на фотографирање . Но не се обесхрабрувајте ако не пронајдете ни едно правило . Мајсторите на фотографијата толку ги имаат апсолвирано овие правила , што им е дозволено да ги заборават :D ;) .

Секогаш кога сте во можност превземете фотографија и побарајте ги информациите што ги содржи exif (Exchangeable image file format) фајлот, доколку е достапен . Овој запис за секоја една фотографија ги содржи сите информации околу времето на експозиција , користената бленда , фокалната должина , користењето на блиц , модот на мерење на светлото , модот во кој е фотографирана и слично .

Во фазата на совладување на техниката на фотографирање , доволно е да се потрудите да ги копирате своите омилени фотографи . Било по композиција или техника на фотографирање . Откријте како е некоја фотографија направена , гледајќи и анализирајќи ја , потоа обидете се да го постигнете истото . Не е лесно , но вреди да се проба .

Еве некои од моите омилени фотографи:

Rebekka Guðleifsdóttir
http://www.rebekkagudleifs.com/index.php

оваа е мојот топ фаворит фотографија :
http://www.rebekkagudleifs.com/self-...g#self0125.jpg

Мајсторот и визионерот на црно белата пејсажна фотографија [FONT=arial,sans-serif][SIZE=-1]Ansel Adams :[/SIZE][/FONT]http://images.google.com/images?hl=e...num=1&ct=title

И на крај , но не помалку значаен , нашиот автор Владимир Секуловски

http://vladimirsekulovski.com/portfolio.html

Уживајте , во галериите , почуствувајте ги фотографиите и експериментирајте .
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
42
Поени од реакции
0
ej Victoria, mozes li da preporacas nekoja dobra literatura za pocetnici?
 
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
ej Victoria, mozes li da preporacas nekoja dobra literatura za pocetnici?
http://www.jarac.net/foto/?nid=140

На линков може да го симнеш фото школото на Џулијано Белиќ . Стотина страни , литература за основите на фотографијата .

Овде на форумов , поставив линк и за букварот за фотографија од Милан Физи , малку постара книга , но повеќе е насочена кон композиција на фотографијата .

Има уште , но мислам дека е добро да се почне со ове две кои се за почетници .

Поздрав Miss Blacky , ме радува што конечно некој на форумов покажа интерес за посериозен пристап кон фотографијата . :vozbud:
Можеби за некое време , фото форумов нема да се сведува на "Фотографија на денот " симната од нет ( најчесто ) .
 
S

Sweet666

Гостин
Можеби за некое време , фото форумов нема да се сведува на "Фотографија на денот " симната од нет ( најчесто ) .
И мене ме загрижи што тоа станала најфрекфентна тема на подфорумов за фотографија коа решив да се вратам на форумов..

Али океј, секогаш има некој што вистински се интересира. Книгава е супер за почеток а има уште многу такви, ќе ставам линкови понатака.

Мој омилен фотограф е http://andrzejdragan.com/ и http://www.larajade.com/ . Нејзините фотографии ме поттикнаа да се занимавам со фотографија, а неговите ми покажаа што навистина е фотографија, и што сакам да постигнам.

=]
 
Член од
7 март 2007
Мислења
197
Поени од реакции
12
Кога би оделе по оние фотографски правила и принципи во однос на композиција, сите принципи и елементи (истите што се дефолт за уметноста се и во фотографијата), боја, фокус, теми, квалитетна фотографија, експериментална воедно и уметничка, и уште многу може да се набројува, не смее да се пропушти Gilad Benari

Иначе по мој вкус лично омилен фотограф ми е Arno Rafael Minkkinen брилијантниот абстрактор на минималистичката реалност.

Од двајцата има што да се научи, и тоа како.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мене ми е омилен Кен Роквел. Страва.

Типот воопшто не филозофира (не продава муда за бубрези и поезија), дели јасни и прецизни совети, а и воопшто не е скржав во споделување на своето знаење.

Овде, имате купче за учење од него, само да имате слободно време.
 
Член од
14 декември 2009
Мислења
30
Поени од реакции
0
Јас ја прочитав "Perfect Digital Photography" (2nd edition), од Jay Kinghorn i Jay Dickman. Туториалот постиран од victoria е одличен. Бидејќи се сомневам дека ваков тип на литература би имало во нашите книжарници,(доколку има, радо би купил :wink:) Ви останува да ги превземете од интернет(пр.-> www.isohunt.com). Брајан Питерсон има неколку добри книги во врска со фотографијата. Ви ги препорачувам.ПОздрав :salut:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom