ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Почитуван колега
Данокот е само форма со која сите и рамномерно ја алиментираат заедничката организација а која менаџира во наше име за нашите основни потреби..преку органи и организации кои ги ствара.
Но секое прекршување на било кое правило води кон нерамноправност на учесниците во таа и таква организирана форма на заедничко живеење.
И нема тука никакви штабови..само семејни кланови составени од сопруг сопруга и највеќе две деца..
![]()
Е па стар мој собеседнику,порано беше малку понепристрасен и немаше завземено страна,едноставно некако се разбиравме и без толку многу пишување и дискутирање.Сега откако како што гледам си фатил страна,некои работи ги расчистуваме со премногу напори.Јас се согласувам за се она што си напишал досега со различниот даночен третман кон граѓаните и со тоа создавање на неправедна категоризација.Но би ми било драго доколку се фокусираме заеднички на вистинските проблеми кој генерираат поголема цена при неправедната категоризација на граѓаните.Знаеш ли дека оние граѓани што имаат тапија на својот имот до февруар 1968 не мораат да го платат земјиштето за да извршат трансформација а оние кој таа тапија ја стекнале после Февруар`68 ќе мораат да си го купат земјиштето уште еднаш од државата?Не мислиш ли дека тоа е поголема неправда и поголеми апетити на владава од Трипковите особено за тоа што се работи на ниво од цела држава?Си се запрашал ли што повеќе ја поттикнува белата чума од овие простори,данокот од 500 денари или плаќањето на сопствената земја од 15 000 евра?