Трифуновите апетити и младите брачни парови ?

  • Креатор на темата Креатор на темата lav
  • Време на започнување Време на започнување
Почитуван колега
Данокот е само форма со која сите и рамномерно ја алиментираат заедничката организација а која менаџира во наше име за нашите основни потреби..преку органи и организации кои ги ствара.
Но секое прекршување на било кое правило води кон нерамноправност на учесниците во таа и таква организирана форма на заедничко живеење.
И нема тука никакви штабови..само семејни кланови составени од сопруг сопруга и највеќе две деца..
:toe:

Е па стар мој собеседнику,порано беше малку понепристрасен и немаше завземено страна,едноставно некако се разбиравме и без толку многу пишување и дискутирање.Сега откако како што гледам си фатил страна,некои работи ги расчистуваме со премногу напори.Јас се согласувам за се она што си напишал досега со различниот даночен третман кон граѓаните и со тоа создавање на неправедна категоризација.Но би ми било драго доколку се фокусираме заеднички на вистинските проблеми кој генерираат поголема цена при неправедната категоризација на граѓаните.Знаеш ли дека оние граѓани што имаат тапија на својот имот до февруар 1968 не мораат да го платат земјиштето за да извршат трансформација а оние кој таа тапија ја стекнале после Февруар`68 ќе мораат да си го купат земјиштето уште еднаш од државата?Не мислиш ли дека тоа е поголема неправда и поголеми апетити на владава од Трипковите особено за тоа што се работи на ниво од цела држава?Си се запрашал ли што повеќе ја поттикнува белата чума од овие простори,данокот од 500 денари или плаќањето на сопствената земја од 15 000 евра?
 
Знаеш ли дека оние граѓани што имаат тапија на својот имот до февруар 1968 не мораат да го платат земјиштето за да извршат трансформација а оние кој таа тапија ја стекнале после Февруар`68 ќе мораат да си го купат земјиштето уште еднаш од државата?

Ај обајни ми го ова поубаво. Ако е така имаш ГАЈБА ДАБ.:helou::helou::helou:
 
Насекаде се повикува за стварање на нови брачни заедници..на зголемување на семејствата на македонците...начин за бегање од белата чума која веќе тропа на нашите порти...
А за тоа треба сепак минимални...да не речам поволни услови..поред работа нужен е и станбен простор..
Е сега незаситниот газда Трифун..односно даночната служба на градот Скопје..бара и тоа веднаш...без да види дали тие имаат пари ...не само екстремно зголемен процент за данок од имот за станови на младите брачни парови ...туку и бара да им се платело 5 години наназад ..за становите кои биле под хипотека..односно на кредит...
Значи ем не си газда..ама на газда Трифке мора да му ја наполниме касата..која само ја празни..а ништо не работи ..видливо за сите.
пс
Дали е законски барањето на газдава Скопски...за ретроактивно плаќање на данок на стан за петте минати години+оваа..кој бил на кредит..и е исплатен и преведен на име на носителот на кредитот ...на почетокот на оваа година ???.
ппс
Молам за појаснение и коментари...на евентуално доброупатени во проблематикава..но исто така и загрозени млади брачни парови.
:vozbud:

Му се крои крајот на Трифун,повлече погрешни потези:kafe:
 
Ај обајни ми го ова поубаво. Ако е така имаш ГАЈБА ДАБ.:helou::helou::helou:

Нема што да се објаснува поубаво,јасно е како ден.Законот е дециден и јасен,ама предлагачите се дилетанти.Мороните кој се ставени за министри и нивните помошници се толку неуки и неупатени што навистина представува злосторство воопшто и да работат во администрација.Народот се соочува со евидентни проблеми при секое и најмало законско толкување па одтука произлегуваат проблеми слични како на оној за кој предупредува лавот а и поголеми како што ги посочувам јас.Законот за одкуп на државното земјиште кој предвидува дека секој што купил земјиште до Февруар 1968 може да биде сопственик на истото додека сите кој го купиле по овој датум не се газди само ја поттикнува нееднаквоста на сите граѓани во државава,посебно на оние помладите кој и не можеле да купат земја до Февруар 1968,затоа што практично тогаш биле малолетни или воопшто не биле родени.Или пак ситуација кога си купил градежна парцела со план и платени комуналии,ја градиш сопствената куќа и живееш во неа,се до моментот кога ти излегува Миле и ти вели дека всушност куќата не е ти е доплатена целосно односно земјиштето на која си ја изградил треба да го платиш на државава за да имаш целосно право на владеење.За 300 квадрати земјиште Миле ти одредил дека треба да платиш минимум 1500 евра во зависност од регионот во кој живееш.Поапсурдно здравје,а се разбира дека и полоповски и не може да биде.:toe:
 
Pred edna nedela napisav:

Пред некој ден во собранието на Р. Македонија беше донесен закон, односно измени во законот за
“ ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ “
Измената е во членот 6 кој гласеше :

Член 6
Градежното земјште може да биде во сопственост на Република Македонија и во сопственост на домашни физички и правни лица, под услови утврдени со овој закон.
http://www.sobranie.mk/uploads/dokum...H-Sobranie.doc

Со измените со право на сопственост ќе може да се стекнат и странски државјани.
Aj ako ne mozeme nie neka kupuvaat stranci.
 
Е па стар мој собеседнику,порано беше малку понепристрасен и немаше завземено страна,едноставно некако се разбиравме и без толку многу пишување и дискутирање.Сега откако како што гледам си фатил страна,некои работи ги расчистуваме со премногу напори.Јас се согласувам за се она што си напишал досега со различниот даночен третман кон граѓаните и со тоа создавање на неправедна категоризација.Но би ми било драго доколку се фокусираме заеднички на вистинските проблеми кој генерираат поголема цена при неправедната категоризација на граѓаните.Знаеш ли дека оние граѓани што имаат тапија на својот имот до февруар 1968 не мораат да го платат земјиштето за да извршат трансформација а оние кој таа тапија ја стекнале после Февруар`68 ќе мораат да си го купат земјиштето уште еднаш од државата?Не мислиш ли дека тоа е поголема неправда и поголеми апетити на владава од Трипковите особено за тоа што се работи на ниво од цела држава?Си се запрашал ли што повеќе ја поттикнува белата чума од овие простори,данокот од 500 денари или плаќањето на сопствената земја од 15 000 евра?

Човече..во случајов зборувам за принципи...врз кои почива секоја модерна правна држава ...а не и исноси на пари кои се по-јавуваат од нивно погрешно или неправедно толкување..од неписмени или пак од комунизмот наследени „чиновници„ во администрацијата наша која секој ден се е „помалубројна„ и многу пари се трошат за нејзино дообучување..за да ги знае сите „букви„ при првото нивно тестирање..при преполна агенција за млади и невработени интелекуалци..спремни за секоја работа да се зафатат..и државата во Европа да ја воведат..
И не зафаќам ничија страна..освен ако она за залагање за правичност на законот кон сите и за сите подеднакво..ако тоа го сметаш за неккаво „фаќање„ страна..
:salut:
 
Да,да,помалубројна администрација или сакаш да речеш само 135 000 иако можеше да биде 150 000 административци?Европа вели дека треба 50-70 000 а ние им маваме контра со дупло,скоро тродупло.Ако збориме за принципи тогаш принципите барај ги точно таму каде што очигледно тие и најмногу се кршат,а не во некое толкување на закон каде требало да се утврди кој мора да плати данок,дали оној што живее во станот или оној кој има право на сопственост се до моментот кога оној кој живее ќе си го купи.Мислам дека сопствениците на станови треба да го платат данокот одкако ќе им го додадат на оние кој го отплаќаат станот во ратите,и решението е тука.:toe:
 
Станот и данокот околу него беше само повод но не и цел за дискусијата која се разви околу секаквото „толкување„ на законите кај нас...особено омилен „спорт„ од нашите да не речам „експерти„ за се.
пс
Инаку секој закон е онолку добар..доколку е секому јасен ..односно нема потреба од толкување и толкувачи...што тоа законодавецот сакал да каже..односно направи со тоа парче на текст..односно напишани слова..!!!?

Секој закон е добар доколку не се прави категоризација на луѓето како на пример според тоа дали важел до 1968 или после`68,тука е суштината на проблемот а не во тоа кој ќе го плател она што мора секој да го плати.Законот за откуп на земјиште кој предвидува оној што ќе го откупи до 2009 да може да стане газда а оној што ќе задоцни да неможе е исто така неправедно замислен но власта го усвои и веќе се спроведува на дело.
 
Овој закон не е од вчера, важи веќе неколку години, ама на никој не му текнува да си трансформира земјиштето, а после 1.1. 2009 замисленото е како казна за оној кој не постапил по него.
И пак ќе кажам...ниеден ДОДЕЛЕН плац не е со право на сопственост, туку сите имаат право на користење...
Сега имаш можност да откупиш земјиштето на кое си изградил (или сеуште градиш) куќа.
 
A зошто оние кој го купиле до Февруар 1968 не мораат пак да го откупуваат од државава,додека сите други кој подоцна го купиле мораат?Или тие до `68 биле паметни а овие другиве се глупи?ДОДЕЛЕН плац има само после`68,пред тоа не се ДОДЕЛУВАЛЕ.Абе ај не се заебавај.Впрочем зошто некому би се ДОДЕЛУВАЛ плац,и кога му се ДОДЕЛУВАЛ не му кажувале дека еден ден ќе мора да го плати со некоја така повисока сума,за да знае колку човекот да инвестира во тој ДОДЕЛЕН плац.Многумина воопшто не би инвестирале и не би граделе доколку знаеле колку ќе мора еден ден да го платат ДОДЕЛЕНИОТ плац.Ова е чиста кражба од народот и не ми попувај овде,ДЕЛЕН ама НЕДОДЕЛЕН,оправдувајќи ја кражбата од народот.
Јас разбирам некој кој на државно земјиште изградил бесправно куќа сега тоа да може да го легализира и да си го плати местото,но доколку некој платил комуналии,изработил план и имал одобрение за градба,за по 40 години да мора на државата да и го плати местото,тоа е апсурдна замисла која се коси со нормално однесување и сите законски одредби вршеќи неправедна категоризација кон граѓаните.:toe:
 
Овој закон не е од вчера, важи веќе неколку години, ама на никој не му текнува да си трансформира земјиштето, а после 1.1. 2009 замисленото е како казна за оној кој не постапил по него.
И пак ќе кажам...ниеден ДОДЕЛЕН плац не е со право на сопственост, туку сите имаат право на користење...
Сега имаш можност да откупиш земјиштето на кое си изградил (или сеуште градиш) куќа.

Ова ептен ми беше важно да знам, кога ќе почнат да ги санкционираат. Бидејќи ние пред некоја година се изнаплативме и не беше малку, неколку илјади евра, не сум сигурен колку, ама сакам да видам да биде истото за сите останати како задолжение, не јас да сум се зезнал. Да не биде исто ко плаќа човек струја, вода, се, секој месец редовно, некој се шлепа на мене.
Ако веќе правиме општество, во кое заедно живееме, секој нека си понесе дел од обврската за негова изградба и одржување.
 
Ke pocnes da se "smees" onoj moment koga ke svatis deka toa IZNAPLATUVANJETO....ti bilo piksla za "pravoto na koristenje" , sega koga ke treba da doplatuvas kako i site posle 1968....javi se :)

...normalno ako toa "pred nekoja godina" ne e pred 1968 :)
 
Ќути среќа во Охрид куќата ми е 1963-та. И земјата.
Ама ова за Скопје, немаше смисла, кај платија моите. Сигурно ретко кој ќе плати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom