Маици: Македонец до коска - на штандовите на МЦИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
702
Возраст
39
Во кратки црти, станува збор за реализација на идејата за пошироко распространување на маиците кои некои од вас сигурно веќе ги знаат, откако досега во помали количини беа достапни за оние кои имаа к'смет да ги најдат и да си ги купат.

Маиците се црвени, однапред кај срцето стои Лавот (земскиот грб на Македонија) а на спротивната страна е Сонцето од Кутлеш. Веднаш под нив стои натписот: МАКЕДОНЕЦ ДО КОСКА, со големи жолти букви. На задната страна, на црна основа во правоаголник пишува МАКЕДОНИЈА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ИДНИНА. Има секакви величини, а цената на една маичка е 250 денари.

s7301198qb0.jpg


Отприлика, тоа е тоа, како на сликата со моделите на МЦИ, кои беа одбрани после спроведенит кастинг на Зевсус :) Шала, тоа се некои од луѓето кои меѓу првите си набавија патриотски маици.

Маиците за сега може да се набават на лице место (т.е. во рок од 15 минути по нарачката, максимум) во Скопје, Прилеп, Струга, Велес, Куманово, Паланка и Кратово на штандовите на кои МЦИ ја одвива акцијата за собирање потписи за наименување на град Александрија во Македонија. Засега, за останатите градови ќе важи следното: група од најмалку 5 нарачатели ќе се пријават тука или по ПП кај Зевсус или мене, после што ќе се договориме кога и како ќе бидат доставени маичките со, според мене - супер патриотска порака.

Да не го тупам со "биди во тренд" или "сакај ја земјата" фрази, едноставно доколку ви се допаѓаат, а мислам дека ќе наидат на одобрување судејќи по досегашните реакции, купете си уште денес.

За поточните локации за штандовите на МЦИ по другите градови освен Скопје (наспроти Дал Мет Фу, плоштад Македонија), ќе ве информира Зевсус во најбрз можен рок.

Македонци до коска,
да се униформираме.
 
Море од Прилеп сте сликале:wink:
Си купив јас маица, убави се.Штета што не можев да се потпишам.
 
Мора да им се прај конкуренција,убави пари направија.Новото мото ќе биде МАКЕДОНЕЦ ДО СРЖ!Сепак жално е кога некој профитира на патриотизмот.
 
Мора да им се прај конкуренција,убави пари направија.Новото мото ќе биде МАКЕДОНЕЦ ДО СРЖ!Сепак жално е кога некој профитира на патриотизмот.
А ако ти кажеме дека парите од маичките ќе бидат вложени за изградба на нуклеарната централа во Мариово?
 
Ги имам сите блузи со македонија што ги имам најдено. Е сега, оваа ја немам. А, да не‘ наоружавте и со знамиња..оти тука по 1300 денари се продаваат :/
 
А ако ти кажеме дека парите од маичките ќе бидат вложени за изградба на нуклеарната централа во Мариово?

Мислиш за да му ја киднете Австралија преку фирмата што ќе истражува Ураниум во Мариово?:pos2:
 
250 ден е супер цена,не заебавај АБЦ...плус ако парите од продажбата се пренасочат пак на нешто патриотско уште подобро...:wink:
 
Не е квалитетен памукот. Едно перење и ојде јабана маичката. Требало на сито да ги направите.
 
250 ден е супер цена,не заебавај АБЦ...плус ако парите од продажбата се пренасочат пак на нешто патриотско уште подобро...:wink:

Пример во “чајанки“ со ДУИ.:toe:
 
Не е квалитетен памукот. Едно перење и ојде јабана маичката. Требало на сито да ги направите.
-Маичката може да ја переш на сите машински перења освен на вриење (100 степени),како и на рака ако така повеќе ти одговара.
-НЕ СМЕЕ да се поминува со пегла по амблемите.

Доколку ги земеш предвид овие две напомени,маичката трае гарантирани 5год.
И да,маичките се 100% памук.
 
Зошто воопшто му одговарате на тој со првите три букви од азбука која не е наша?
Баталете го, не гледате зошто е дојден, рамнодушност е лекот.

БРАВО ЗА ИДЕЈАВА. УШТЕ ДЕНЕС ЈА КУПУВАМ. СЕКОЈА ЧЕСТ.
Македонија на Македонците, Македонец до КОСКА!
 
Сепак жално е кога некој профитира на патриотизмот.
Нема профитирање тука.!!!
Од секогаш сум бил и повеќе од транспарентен и се надевам дека одговорот ќе ги задоволи твоите стандарди:
-Штампана маичка добиваме на цена од 190ден.
1еу од продажбата на секоја маичка оди за подршка на наредни активности на М.Ц.И.
Следно ќе им одиме со филхармонија на французите во чест на нивниот ден на републиката.
п.с Транспорт,луѓе на штанд... се е тоа на волонтерска база.
И уште нешто.Кога идејата би ни била да профитираме, би направил договор со големи продавници и маркети и цената би била над 400ден.
Само што на нас ни е поважно во моментов да има што повеќе маички што ќе се носат!!!
 
Нема профитирање тука.!!!
Од секогаш сум бил и повеќе од транспарентен и се надевам дека одговорот ќе ги задоволи твоите стандарди:
-Штампана маичка добиваме на цена од 190ден.
1еу од продажбата на секоја маичка оди за подршка на наредни активности на М.Ц.И.
Следно ќе им одиме со филхармонија на французите во чест на нивниот ден на републиката.
п.с Транспорт,луѓе на штанд... се е тоа на волонтерска база.

Само немој кај Французите,можеш и кај Иранците да одиш но немој кај Французите.Па јас не им ја признавам републиката,како и тие нам.
П.С.:Маичките се по 1 евро.
 
Само напред!
Мене ми се допаѓа ова особено дека имам многу маици со знакот дека сум Македонец.
Сакам и ваква:smir:
Баш убаво што ете така парите ке отидат за добро на Мк...а тоа што ете некои не се согласуваат тоа си е нивно мислење нели?
Битно ми е да нема некои политички определби на маицата (се мисли СДСМ или Вмро бла бла) а чим е за Мк дефинитивно сакам.
Освен тоа...сепак мислам дека може да се пегла само од внатрешната страна на маицата...колку да не се упропастат сликите, јас така ги пеглам моиве што ги имам...:toe:
 
Само немој кај Французите,можеш и кај Иранците да одиш но немој кај Французите.Па јас не им ја признавам републиката,како и тие нам.
П.С.:Маичките се по 1 евро.
Последен пат ти реплицирам:
Купувам 1000 комада,не по едно (1) еуро,него по 2,5.
ДОНЕСИ ГИ !!!
(Пази,црвени,произведени во Македонија,100% памук,добра обработка и со три штампи напред,една на рамото и една на грбот.)
Ете бизнис и за тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom