Лига на Шампиони - Мажи 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Pere
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
сепак ќе биде многу тешко Загреб да оствари резултат во Германија....Кил дефинитифно има предност на домашен терен....ама изненадувања се случувале па оти и Загреб да не изненади...
 
Завршија и останатите три меча од првиот круг на четврт-финалните натпревари. Еве ги резултатите:

Zagreb (28 - 28) Kiel
Ciudad Real (29 - 24) Vezprem
Chehovski Medvedi (33 - 31) Löwen

SG Flensburg-Handewitt 25 : 28 HSV Hamburg
(25.03.2009)

За нас наинтересен е дуелот меѓу Загреб - Кил
Тимот на нашито репрезентативец Кире Лазаров ремизираше на домашен терен со германсиот Кил. Но надежите не умираат, ако се знае дека во ланското финале Кил влезе во возвратниот меч со Сиудат Реал со предност од 2 гола стекната на гостински терен. Ланскиот финалист и првак од пред две години, одигра во свој стил, сигурно, со малку технички грешки во нападот и сигурна игра во одбраната...
Искуниот Ловгрен (39) како директен чувар на Лазаров одигра значајна улога во формирањето на конечниот резултат...Кире имаше 1/5 од игра и 1/3 од седмерци, уште неколку промаршени зицери за тимот на загреб и неизнудени грешки, кој машинеријата на Кил не ги опростува...
Сепак останува вториот меч (04.04) да го даде патникот во полуфиналето, да се надеваме на победа на Загреб на гостувањето и влез меѓу четитите најдобри екипи во европа.

Со останати информации, статистика за овој и за останатите натпревари, подоцна
Zagreb (28 - 28) Kiel
Колку толку се држија Загреб и извадија нерешено, мислам дека треба да бидат задоволни, неможеа ништо повеке. Многу ме бендиса голот на Кире прекрасен гол, Омејер не мрдна :). Не сопирливиот Јиха си постигна 8 гола, многу добро изигра, од друга страна што го фалиш Балич 1 гол, запеза, ај нашиов постигна 3 барем а Балич ништо дупка многу слабо и го исклучија 2 мин. Незнам што да кажам уште за мечов се очекува победа дома на Кил. Имам предчуство дека нема да победат многу разлика од 4 разлика нема да е понагоре тесно ке е.

Ciudad Real (29 - 24) Vezprem
Сосема очекувано, но сепак крајот се гледе не е нај нај разликата бидејки тимот на Везперм се опасни не дека ке го изненадат ама може да направат некоја збрка. Во тимот на Суидад се изнаиграа сите горе доле постигаа гол, а од друга страна најдобар им беше Иванчик со 6 гола. Јас според мене Суидат ке им биде тешко во реваншот ке имаат притисок така да тесно ке е.

Chehovski Medvedi (33 - 31) Löwen
Овој меч колку сакам да си одат Медведите, абе запеза бишки дебели. Ама одлично изигра Ловен 2 разлика ништо нее за германски клуб како што е Ловен, само да му тргне на Сигурдсон и се ке биде добро. :) Игропуло со 10 гола наефикасен кај Русите (нема кој друг), а од друга страна Сигурдсон и Јурашик со по 7 гола беа наефикасни. Во реваншот очекувам победа на Ловен и понатамошен пласман!
 
Hamburg-Flensburg 29-31 za eden gol otide Hamburg.Mnogu me iznenadi flensburg ocekuvav tezok poraz.No sepak pokvaliteten sostav ima HSV.
 
Chehovski Medvedi (33 - 31) Löwen
Овој меч колку сакам да си одат Медведите, абе запеза бишки дебели. Ама одлично изигра Ловен 2 разлика ништо нее за германски клуб како што е Ловен, само да му тргне на Сигурдсон и се ке биде добро. :) Игропуло со 10 гола наефикасен кај Русите (нема кој друг), а од друга страна Сигурдсон и Јурашик со по 7 гола беа наефикасни. Во реваншот очекувам победа на Ловен и понатамошен пласман!

Пази, многу вреден чоек е Фритз. Онака е многу брз во техника и може да ги спровали ударите но не сум сигурен дека ке ги фати ама 50% ке фати сум сигурен. Овие Медведи се цела ракометна репрезентација на Русија нема што да ги одвојуваш ама баш до 1.:jaj:

Многу брзо смени мислење кога кажував дека Игропуло највеќе им ја држи играта викаше дека нема што да го издвојувам ама гледам си сменил мислење сега инаку очекувани резултатите освен Флензбург што пружи голем отпор но сепак недоволно за да го помине Хамбург.
 
Во мечот Загреб - Кил забележав дека Кире Лазаров имаше многу промашувања. Не знам дали е до него или едноставно е многу добро чуван?

Без разлика, и покрај тоа, тој умееше да навлече неколку ракометари на себе, со што им оставаше простор на своите соиграчи да шутираат, главно на Дувњак, кој профитираше од тоа. Секоја чест на Вори, што мислам даде накај 10 гола - за кружен играч тоа е навистина импресивен број. Но мора да се каже дека целиот тим одеше преку него и го хранеше со квалитетни топки, не најмалку нашиот Кире Лазаров.

Во однос на возвратниот натпревар, очекувам да биде *многу* тесно. Се надевам дека ќе успеам да го гледам. Знае ли некој кога се игра?

И нормално, ќе навивам за Загреб да излезе како победник, за нашиот Кире Лазаров да продолжи понатаму во најелитното европско клупско натпреварување! :oeoeoe:
 
Sabota 17.30 min
 
Ова коментаторов како навива за Загреб непријатно е веќе да се слуша .Македонија да играше немаше вака да навива.
 
Многу голема разлика направи Кил во првиот дел, 6 гола, 17:11 беше.
На крај 31:27, тоа е, мораше Загреб да направи некоја предност на домашен терен, не успеа, испадна.
 
Многу брзо смени мислење кога кажував дека Игропуло највеќе им ја држи играта викаше дека нема што да го издвојувам ама гледам си сменил мислење сега инаку очекувани резултатите освен Флензбург што пружи голем отпор но сепак недоволно за да го помине Хамбург.
Што зборуваш? Не ми е јасно. :jaj:

Инаку, запазете на Омејер го реши натпреварот. Фати контра која одлучуваше на резултатот и одма одлепување направи Кил, тоа е. Ајде кога ке завршат сите ке направам пак една анализа на натпреварите.
 
Stvarno mnogu golema steta za Zagreb.Od Kiel gubat golemi ekipi so po 7-8 razlika.Ne moze da se kaza odlicno no izigraa dobro dvata natprevara.Golmanite topka ne fatija a vo momentite koga se odlucuvase natprevarot nemaa sreka.Zdrepkata im go dodeli najteskiot protivnik pa za toa neka ne im e krivo.
 
Немаше шанси Загреб да мине кај Кил..Кил има искуство,одличен голман,добар предводник и се..одма се трансформираат од одбрана во напад..секоја контра е фатална а не како Загреб контра сам испаѓа промашува..тоа можеби беше и клучниот момент.Денеска има одлични натпревари Лоуен мислам дека ќе тепа 5-6 разлика со Медведи..
 
THW Kiel - Zagreb 31 : 27
MKB Veszprém KC - BM Ciudad Real 31 : 29
HSV Hamburg - SG Flensburg-Handewitt 29:31
Rhein-Neckar Löwen - Chehovskie Medvedi 36 : 28

Еве ги резултатите од 1/4 финалето. Болдираниве екипи одат понатаму, доста е интересно а утре ке ги направам анализа на натпреварите и стрелците. Сега за сега толку
 
Чекаме анализа и статистика:wink:тебе ти ја препуштам бидејки си ја ветил, па da дадеме после свое видување...инаку ждребката е во вторник...

и ова би можело да ве интересира
Се здружија најголемите ракометни сили
 
THW Kiel - Zagreb 31 : 27
Сосема очекувано. Иаку не играше Кил на ниво на задачата Омејер се погрижи малку повеке со неговите 13 интервенции кои вредеа како злато во тој дуел, али нашиов Лазаров немилосреден. Натпреварот беше динамичен многу брзина во играта. Ете АцеМаус што го фалиш Балич, го гледа на тој меч, паднат никаде го немаше. Најефикасени кај германците беа Јиха и Клеин со по 6 гола, Алм постига 5 а Карабатич 4 гола. Слабо издание имаше и Андерсон само 2 гола. Од Кил можам да го пофалам и Кавтичник убаво изигра. Од друга страна најефикасен кај Загреб беше нашиов Кире Лазаорв со 7 гола, и со тоа го завршува борењето за првото место на стрелците. Лазаров има 93 гола во моментов и е прв стрелец во ЛШ, додека втор е Вуин од Весперм со 89 гола и тој го завршу натпреварувањето во ЛШ, а додека трет е Јиха со 76 гола, а Кил отиде понатака, значи предноста е таа во однос на стрелците. Кај Загреб Валчич постигна 6 гола, а слабо издание имаше и Вори кој имаше само 2 гола и 2 исклучувања.

MKB Veszprém KC - BM Ciudad Real 31 : 29
Победа на Весперм ама не доволна за да одат во полуфиналето, Суидат тоа и го чекаше не голем пораз од Весперм за да одат без проблеми. Блескаше Вујин со 11 гола од Весперм ама не беше доволно да го совладат Суидат за да одат понатаму. Кај Весперм и Перез беше разигран кој постигна 8 гола. Со 2 играчи ништо не се прави во ракометот и тука се гледе колку се играле. Од друга страна кај Суидат најефикасни беа Фернандез и Рутенка постигнаа по 6 гола а 5 гола постигна Абало.

HSV Hamburg - SG Flensburg-Handewitt 29:31
Германски дуел, сосема интересен. И Хамбургер и Фленсбург победија на гостински терен а загубија на домашен. Разликата беше за само 1 гол разлика во полза на Хамбург, немаше да беше лошо и Фленсубрг да одите понатака. Во тимот на Хамбургер скоро сите беа разиграни од кој најдобар беше Бертнанд Жил кој постигна 7 гола и имаше 1 исклучување. Јансен, Лацкович и Лијевски постигнаа по 5 гола а по 3 постигнаа Жил и Линдберг. Од друга страна во тимот на Фленсубр кој славеше недоволно на гостински терен беше Карлен со 10 гола кој и имаше 2 исклучувања, а 6 гола постигна Хансен. Најдоброто крило во светот Кристијансен постигна само 3 гола.

Rhein-Neckar Löwen - Chehovskie Medvedi 36 : 28
Натпреварот кој го посакував, кој навивав страшно за Ловен, БРАВО ЗА НИХ. Едноставно ги прегазија на Русите. Да почнам со добрата игра на Ловен и најдобриот стрелец на мечот за них беше Јурашик со 9 гола. Фантастичен меч за Јурашик убаво изигра и сосема го реши натпреварот. Покрај него беа и Сигурдсон и Геншеимер со по 7 гола. Од друга страна кој ако не Игропуло постигна 8 гола, му правеа друштво Чипурин и Ковалев со по 5 гола. Слабо издание на Дибиров, само 1 гол, кој имаше и едно исклучување.

Еве ја листата на стрелците до првите 10:

1. Кирил Лазаров 93 гола.
2. Марко Вујин 89 гола.
3. Филип Јиха 76 гола.
4. Ларс Кристијансен 73 гола.
5. Фредрик Петерсен 70 гола.
6. Филип Џан 69 гола.
7. Константин Игропуло 68 гола.
8. Андерс Кристијанесн 65 гола.
9. Гудјон Сигурдсон 63 гола.
10. Тимур Дибиров 62 гола.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom