Лига на шампиони 2008-2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Vlatko_100
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај барем нерешено утре:cuc::cuc::cuc::se_ molam:se_ molam:se_ molam
 
Ако го победи Челзи на Стемфорд Бриџ,никој не може да ја запре во финалето на Барса.
 
Мислам дека во финалето ќе играат Манчестер и Барса. Барса по победата над Реал е недопирлива во дуелот против Челзи, додека на Емирати очекувам многу интересен натпревар.
 
Барса по победата над Реал е недопирлива во дуелот против Челзи.

Страшна логика, must say. :)
Реално, Барса е подобра сезонава и заслужува да помине, ама ништо не се знајт.
 
Незнам за ова финале кој ќе играт, ама знам дека во наредното финале ќе играт Милан.
:bip:
 
Страшна логика, must say. :)
Реално, Барса е подобра сезонава и заслужува да помине, ама ништо не се знајт.

Па јас мислам дека Челзи двапати не може да се спасува. Тоа на првиот натпревар не беше фудбал, тоа беше тренинг како да се игра бункер против технички супериорен противник.
Бтв. Не сум навивач на Барса, баш напротив ама реалноста е таква:helou:
 
Абе што ќе се спасува Челзи.Барселона ќе неможе да се спаси од нападот на Челзи.Барселона дали ќе се спаси гледајте.За резултат 0-0 да биде и овој натпревар е многу лесно.Сличен натпревар како претходниот и одма 0-0 ќе заврши.Ама тоа не е поентата на овој натпревар.Поентата е победа на Челзи.
 
Незнам зашто сте сигурни дека Барса ќе игра во финале Челзи е по стабилен тим од Реал тоа го покажа и на Ноу Камп а подобро игаат и на Стенфорд Бриџ така да до последена минута ќе биде неизвесно како со Ливерпул а исто и на Манчестер-Арсенал ќе биде неизвесно.
 
Можно финале: Барса - Арсенал
 
Можно финале: Барса - Арсенал
Aма МОЖНО:smir:

Составот на Фергусон со минимална предност од првиот меч на „Олд трафорд“ кога победи со 1:0
Голема традиција, многу статистика, меѓусебен респект, тензија, неизвесност, драма. Така е досега, а така се очекува да биде и вечерва на тревникот на „Емирати“ во реванш мечот меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед во шампионската лига на УЕФА.

Составот на Сер Алекс Фергусон пристигна во северен Лондон со минимална предност од првиот меч (на „Олд трафорд“ победи со 1:0), но и тој и неговите фудбалери се свесни за тежината на вечерашниот предизвик. Признаваат дека треба добро да одработат на теренот доколку сакаат да играат второ финале во Лигата на шампионите (ЛШ) во последните четири сезони. Во возвратниот дуел со „топчиите“ влегуваат со страшно голема самодоверба, откако во саботата триумфираа над Мидлсборо и направија уште еден исчекор кон 18 премиерлигашка титула, во ЛШ, пак, немаат пораз 24 меча што е рекорд во најквалитетното европско клупско натпреварување. На вчерашниот тренинг се појави и Рио Фердинанд. Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед заработи повреда во првиот меч со Арсенал и затоа го пропушти гостувањето на европскиот шампион кај Мидлсборо, но затоа вчера поштеда добија Патрис Евра и Вес Браун.

Манчестер Јунајтед полага надежи во статистиката. Во последните седум гостувања во Лигата на шампионите прими само еден гол. Па, затоа во тимот од „Олд трафорд“ веруваат дека нивната мрежа ќе остане мирна вечерва. Гостите се повикуваат на уште статистичка категорија што е на нивна страна. Тие не пропуштиле да постигнат гол против англиски тим во европските купови повеќе од 45 години или поточно од поразот од Тотенхем во Лондон со 2:0 во сезоната 1963/64 во КПК.

Арсен Венгер, сепак, верува дека неговиот тим може да го елиминира Манчестер јунајтед доколку „топчиите“ успеат да ги запрат противничките напаѓачи. Арсенал мора да ја анулира негативата од еден гол и не смее да им допушти на Роналдо, Руни, Бербатов и останатите „ѓаволи“ да поентираат. И тој полага надежи во статистиката која вели дека Арсенал нема примено гол на „Емирати“ од 21 декември, а против Портсмут викендот одмораше дури осум првотимци.

„Овој меч е многу важен за нас. Подготвени сме. Вечерва ќе видите силен Арсенал. На домашен терен не примаме многу голови, а Манчестер јунајтед во премиерлигата тешко минуваше на гостувањата“, најавува францускиот стручњак на клупата на„топчиите“, Арсен Венгер и додава:

„Можеме да напаѓаме на нашиот тревник, а притоа да не примиме гол. Така ќе играме и вечерва. Верувам во силниот карактер на тимот и желбата на фудбалерите да се пласираат во големото финале. Тоа е доволен мотив“.

Добра вест за Венгер е враќањето на Холанѓанецот Робин ван Перси. Поради повреда на ципите, тој паузираше три недели меѓутоа последните наоди, како и реакциите на холандскиот интернационалец на тренинзите, укажуваат дека најверојатно ќе биде една од главните закани за неговиот сонародник на противничкиот гол, Едвин ван дер Сар. И Ван Перси е подготвен за кам-бек во тимот надвор од него ќе бидат хрватскиот репрезентативец, Едуардо и француските интернационалци, Гаел Клиши и Микел Силвестре.

Арсенал нема победа над ниту еден англиски клуб во Европа досега. Лани загуби од Ливерпул со 5:2 во четвртфиналето, во истата фаза пред четири години доживеа пораз и од Челзи со 3:2, откако првите мечевите во обата случаја завршија без победник - 1:1. Но, „топчиите“ се пласираа во финалето во сите шест досегашни полуфинални учества во европските купови. Во последните шест меча на домашен терен во оваа сезона во ЛШ не примија ниту еден гол, нивната одбрана капитулира двапати во последните 12 натпревари, а нивниот напаѓач Емануел Адебајор постигна осум погодоци во деветте средби на Арсенал во Лигата на шампионите.
 
manchester kje tepa utre povtorno ama ne se znae jas sum za

Незнам зашто сте сигурни дека Барса ќе игра во финале Челзи е по стабилен тим од Реал тоа го покажа и на Ноу Камп а подобро игаат и на Стенфорд Бриџ така да до последена минута ќе биде неизвесно како со Ливерпул а исто и на Манчестер-Арсенал ќе биде неизвесно.
do nekade si vopravo brate pozz
 
Чии патишта ќе водат во Рим, ќе се знае вечер по втората епизода од сеанглиската полуфинална пресметка во фудбалската Лига на шампиони.
На „Емирати“ Арсенал го пречекува бранителот Манчестер Јунајтед, кој со себе носи гол позитива од минатата недела. Сепак, она што го очекува Фергусон не е ни малку пријатно.
„Ѓаволите“ имаат само една победа во последните десет визити на Лондон, дополнително застрашувачка звучи серијата на домашните на своја трева. Во низата од 24 средби без пораз во конкуренцијата се вклучени и соочувања од „Хајбери“. Венгер се надева на Робин ван Перси, кога веќе не може да се потпре на Едуардо и Аршавин.
„Мислам дека можеме да победиме со 2:0. Од финалето не делат само 90 минути. Ако поведеме тие ќе бидат под притисок. Полуфиналните дуели се најтешки, а јас очекувам дополнително да им ја усложниме работата“, вели францускиот стратег.
Неговиот шкотски колега, кој за 23 години на „Олд трафорд“ донесе 24 титули, викендов ги одмораше првотимците, за што поодморени да влезат во двобојот.
„Фудбалерите од средината на теренот беа одлични на првиот натпревар и одлучив да ги одморам. Сега се подготвени, во случај да затреба сите да ги ставам во составот“, открива Фергусон.
Ќе успее ли да стане првиот кој одбранил титула во најпрестижното натпреварување, или пак Арсенал ќе ја продолжи традицијата на детронизирање е прашањето за кое живо заинтересирани се и Барселона и Челзи, кои утревечер ќе ќе ја бараат својата среќа во англиската престолнина.
 
Мислам дека ќе се повтори ланското финале. Но сега победникот ќе биде ЧЕЛЗИ.
 
Според мене вечерашната утакмица би требало премногу неизвесна!!!
Но сепак мислам дека Арсенал ке победи со минимална гол разлика доволна да се помине во наредната фаза натпревари од лигата на шампиони.
Мислам дека Манечестер се страшно надвор од форма и секој поволен резултат ке биде рамно на ЧИСТА СРЕКА.

Така да мое претчуство за вечерва е :

Арсенал - Манчестер = 3-1 (или евентуално 4-2 доколку се погоди Насри расположен!)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom